Самохрана мајка открива како ја издржува ќерка и: Не излегувам со мажи за помалку од 100 долари

Џордин Смит е самохрана мајка и не може да ја издржува својата ќерка. Таа тешко ги балансира месечните трошоци бидејќи нема право на помош. Често ги менува работните места, а дополнително работи и како келнерка.

Помош пронашла на еден веб сајт, така што пронаоѓа мажи кои и плаќаат од 150 до 200 долари за излегување и платонска врска.

„Мажите сами ги праќаат понудите, а јас бирам. Не е тоа ништо страшно, но не излегувам за помалку од 100 долари“, вели таа.

Смит вели дека оваа работа нема никаква врска со проституција.

„Немав многу очекувања и со тешко срце се пријавив на веб сајтот. Објаснив дека сум забавна, весела, но и дека не сакам физички контакт и врзување. Бев многу нервозна на почетоктот“, вели таа и признава дека и било посебно тешко да и објасни на ќерка и како одеднаш почнала да заработува поголема сум на пари.

„Станува збор за компанија која стои зад мене, не правам ништо нелегално и тоа е најважно. Немам намера да се занимавам со оваа работа до крај на животот. Планирам да соберам пари како почетен капитал и да отворам свој мал спа центар“, додава таа.

Спенџарска се разголе на плажа во Шпанија! (ФОТО)

Со доаѓање на топлото време и високите температури, јавните личности се впуштија во авантури. И македонската водителка Јелена Спенџарска одлучи слободното време да го искористи за да ги наполни батериите.

Како дестинација за ова лето ја одбра Шпанија, и една од најпознатите дестинации - Палма де Мајорка, па оттаму се пофали со неколку фотографии.

Спенџарска на социјалните мрежи својот сподели неколку фотографии од своите летни лудории и нормално исти на кои го истакна своето тело и перфектна  линија.

Марјана Станојковска проклето секси: Бујните облини во прв план! (ФОТО)

Марјана Станојковска замина на заслужен одмор а жешкото Скопје го замени со рекалсирачка плажа, море и уживање. Истото е документирано и објавено на социјалните мрежи. 

Водителката на својот Инстаграм профил сподели фотографии од крупен кадар каде во преден план се нејзините бујни атрибути. Под истата следеа бура од коментари и лајкови. Позитивни секако...

Мишел Вилијамс од „Destiny's child“ јавно проговори: „Имам проблем и затоа побарав помош во психијатриска болница“!

Пејачката Мишел Вилијамс, која се прослави со женскиот бенд „Destiny's child“ се пријавила на лекување во приватна психијатриска установа поради депресија, јавуваат американските медиуми.

Пејачката која и претходно не ги криеше своите ментални проблеми, од пред неколку дена се лекува во болница близу Лос Анџелес.

„Со години се залагам за тоа, да се подигне свеста за менталното здравје и за охрабрување на луѓето да препознаат кога да побараат помош, поддршка и поттик од луѓето што ги сакаат и се грижат за нив. Сега горда и среќна можам да кажам дека ќе продолжам да бидам пример и неуморно ќе се борам за помош на оние на кои им е потребна“, напиша Вилијамс на социјалните мрежи.

Поранешната пејачка доби голема поддршка од своите колеги, фанови и семејство за одлуката јавно да проговори за нејзината здравствена состојба и со тоа им помогне на многу луѓе во светот кои го имаат истиот проблем. 

Најчитани

Твитови