Макарони со пилешко и лук

Макарони со пилешко и лук

Состојки:

– 1 лажица масло

– 2 парчиња пилешки гради, исечени во ленти

– 2 лажици лук, исецкан

– ½ лажица сол

– ½ лажица бибер

– 150 грама хопла

– ½ чаша пармезан

– ¼ чаша песто

– 600 грама тестенини, варени и исцедени

– 150 грама чери домати, преполовени

– Пармезан за декорација

– Сецкан босилек за декорација

Подготовка:

1. Загрејте го маслото во тава на висока температура. Додадете пилешко месо, лук, сол и бибер и гответе додека не забележите дека месото добива румена боја.

2. Додадете ја хоплата, пармезанот и песто сосот, мешајќи додека не се добие еднолична смеса.

3. Откако ќе зоврие, на минимална температура гответе уште околу 5 минути, постојано мешајќи.

4. Додадете ги тестенините и доматите, и мешајте додека не стане смесата рамномерна. Тргнете ги од оган.

5. При послужувањето посипете пармезан и босилек на врвот!

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови