Лекции кои ги учите од неуспешните врски

Минатите врски се тие кои ги сметаме за виновници за емотивниот багаж кој го носиме со себе, стекнатиот страв од раскинување, како и изгубеното време, енергија и чувства. 

Многу често на неуспехот гледаме како на негативна работа, било да се работи за неуспех во личниот или деловниот живот. Но ако погледнеме од друга перспектива, соочувањето со овие неуспеси е клучно за достигнувањето на нови успеси во понатамошниот живот. Тие можат да не научат на многу нешта за самите нас, како и за тоа како се справуваме со ситуациите во животот.

Учите повеќе за себе и за својот живот

Кога ќе успеете да создадете блиска и сериозна врска со некого, тогаш доаѓа до израз вашиот вистински карактер. Карактерните особини кои можете да ги согледате во една врска може да не се истакнуваат толку многу кога сте со пријателите, бидејќи дури и кога поминувате многу време со нив немате така длабоки емотивни очекувања како кон партнерот со кој се забавувате посериозно.

Кога се поврзувате со некого на подлабоко емотивно ниво можете да ве научите многу за тоа како се справувате со блиските луѓето, какви манири имате, кој е вашиот личен печат, кои се вашите вистински вредности и каков став имате кон светот воопшто.

Кога имате партнер кој е сличен на вас, она што го осознавате за него е како рефлексија на сите оние нешто кои не сте ги забалежувале кај самите себе. Доколку пак вашиот партнер е многу различен од вас, тогаш судирите и фрустрации ќе ви помогнат да ги осознаете сопствените силни и слаби страни, што сакате, а што не, како и колку сте подготвени да направите компромиси.

Учите подобро да комуницирате и да се изразувате

Врските обично ве учат како подобро да се изразувате, особено ако предходно не сте го правеле тоа.  Една врска ја прават двајца луѓе, а не двајца кои читаат мисли. Освен ако немате таква среќа да бидете во врска со некој кој знае што ви е на ум и што чувстввате со еден поглед, тогаш мора да комуницирате и да објасните толку добро што другата личност ќе знае што точно мислите.

Пропаднатите врски не учат дека комуникацијата е клучна за взаемно разбирање. А разбирањето е клучно за секој аспект од животот. Без јасна и коректна комуникација, и разбирање од двете страни, големи се шансите да дојде до расправии и препирања. Кога тоа се случува постојано, неизбежниот резултат е двете страни да не се чувствуваат цените и сакани, иако ова понекогаш е сосема немамерно.

Ја откривате вашата чувствителна страна

Да се биде сериозна врска и да му се дозволи на некој да биде дел од вашиот живот бара многу храброст и сила. Кога се разоткривате самите себеси пред некој друг и кога дозволувате да бидете ранливи може да се случи да се почувствувате толку слаби, но всушност тоа ве прави силни.

Воопшто не е лесно да се запознаете самите себеси, со сите страсти, силни и слаби страни, а најтешко е да стапиме во контакт со нашите вистински емоции. Кога сме во врска стануваме толку емотивно ранливи што успеваме да дознаеме што е она што не прави да се чувствуваме исполнето, што не задоволува емоционално и што ни дава самодоверба и верба во животот.

Секој има различна дефиниција и различен начин на искажување на љубов. Доколку двајца луѓе имаат сосема различна дефиниција и начини на искажување на љубов, двајцата можат да се чувствуваат неисполнети, бидејќи „ќе се изгубат во преводот“. За некои луѓе искажувањето на љубов се основа на давање и примање на материјални нешта, за други пак љубовта подразбира сигурност, а трети пак бараат наклонетост. Што и да преставува љубовта за нас, единствениот начин да откриете што навистина прави да се чувствувате добро е преку врска со одреден близок партнер. Ако сте многу среќни можеби „вистинскиот“ партнер ќе биде првиот, но повеќето од нас мораат да искусат неколку скршени срца пред да ја најдат совршеноста.

Ги учите вредностите на давање и земање

Компромисите можат да бараат многу работа, особено за луѓе кои низ својот раст и развој минувале поиндивидуално. За други пак ова може да биде сосема нормално, доколку растеле во големо семејство и заедница.

Кога има хемија, има и согласност. Но не мора да значи дека ќе има подеднакво и од двете. Ако хемијата е посилна од согласнота, тогаш веројатно ќе бидат потребни многу компромиси за се, од тоа како секој од партнерите гледа на светот и ги разбира нештата и во што верува, до каков вкус има за мизика, храна и животен стил. Доколку согласноста е поголема од хемијата, тогаш може да има и недостаток на страст и да дојде до досада.

Во една врска, една од најважните работи кои се учи е уметноста на давање и земање. Ние луѓето сме себични по природа, и потребна ни е многу волја да за можеме да даваме и земаме на исто ниво, без да се јават разлики и недоразбирања. Кога врската станува премногу тешка за одржување, тогаш сфаќате дека сето давање и земање полека доаѓа до својот крај. Во одреден момент мора да сфатите дека не постои компромис кој можете да го направите и нештата да тргнат по нагорна линија.

Станувате поемпатични

Кога сакате некого важна ви е нивната среќа, односно сакате таа личност да биде среќна. Без да бидете свесни почнувате да се ставате себеси во нивна позиција, станувате помалку себични, се обидувате да направите се за нештата да бидат добри и развивате повеќе емпатија кон таа личност.

Доколку никогаш не сте биле во сериозна врска, не можете да знаете како изгледа кога се грижиш за некој толку многу (освен за семејството) што се обидуваш со сите сили да го разбереш, наместо да си ги задоволиш себичните потреби.

Врските пропаѓаат во оној момент во кој емпатијата се губи, тогаш станувате посебични и повеќе не се обидувате да ја разберете другата личност, туку сакате да ги задоволите сопствените потреби за среќа. Емоционалните и ментални компромиси кои треба да ги правите за среќата на другиот почнуваат да ве истоштуваат. Но, без разлика на се ова ве учи на важна емоционална лекција. Она што го учите е како и колку вашата среќа може да се поврзе со среќата на другиот.

Учите да бидете трпеливи, смирени и издржливи

Врските не учат да ги контролираме нашите емоции. Ако вашиот партнер има бурен темперамент учите да бидете смирени, трпеливи и издржливи со цел да се справите со „пламенот“. Ако пак вие сте тие со бурниот темперамент учите да ги контролирате емоциите, и да броите до десет пред да почнете да викате и да покажете агресивност.

Колку и врската да била исполнета со недоразбирања, времето поминато во пропадната врска не е залудно. Во врска учите да ги контролирате вашите емоции, темперамент и расположение, што секако е многу важна вештина која ќе ви служи во животот.

Учите да ослободите минатото

Во животот, можете да имате се, но никако се одеднаш. Ако дозволите една личност или работа да си замине од вашиот живот, дозволувате да дојде нешто ново и подобро. Доколку се држите за нештата од минатото, нема да можете да продолжите да живеете во сегашноста. Кога не се чувствувате добро во ситуацијата во која сте, дозволете и да биде минато. Направете место за подобри нешта.

Да научите да ослободите некого или нешто не е воопшто лесно, треба да научите да ги контролирате мислите, умот, емоциите и реакциите. Но, кога еднаш ќе го направите тоа ќе се чувствувате многу подобро. Затоа не жалете за своите минати љубови и заблагодарете им што влијаеле да се запознаете себеси како личност.

36 креативни фотографии од бебиња, ќе ве исполнат со нежност! (Галерија)

Најбараниот и најпопуларниот фотограф кога станува збор за бебешки фотосесии е дефинитивно овој фотограф Ен Гедес, а ако ги погледнете нејзините дела, ќе ви стане јасно зошто.

Талентираната фотографка од Њујорк досега има продадено повеќе од 18 милиони книги во 83 земји од светот, благодарение на фотографиите од бебиња. Ен ги претвора своите мали „клиенти“ во цвеќиња, риби, желади, полжави, пеперутки, лубеници... оставајќи свој отпечаток во сферата во којашто работи.

Погледнете дел од нејзините фотографии и можеби ќе се инспирирате за вашата следна фотосесија со вашето малечко:

Во три ситуации никако НЕ смеете да кажете ТЕ САКАМ!

 

 Пред да ја донесете конечната одлука, прочитајте во кои случаеви зборовите ТЕ САКАМ не смеете да ги употребите иако сте зааљубени до уши и размислувате на таа личност и начинот како да и ги кажете магичните зборови, односно да изјавите љубов.

Ако сте тип начовек кој не може да биде сам, туку скока од една врска во друга за да се чувствува исполнето, големи се шансите дека прерано ќе изјавите љубов. Пред да ги изговорите магичните зборови, размислувајте дали воопшто ште стигнале толку далеку во врската и што очекувате. Пред или подоцна ќе мора да застанете на топката и заклучите дека дојде моментот да бидете малку сами и причекајте некој за кого срцето навистина лудува.

Тишина

Непријатен е моментот кога ќе кажете на партнерот или на партнерката Те Сакам, а од другата страна е само тишина. Таквиот потег може само да ја уназади врската. Едната страна ќе биде лута, а другата збунета. Можеби понекогаш е попаметно малку да размислите и да оставите некое време пред конечната одлука. Но, ако сте навистина сигурни дека се работи за мажот или жената на вашиот живот, вреди да разикувате.

Рана фаза

Во незгодните ситуации лесно може да дојдете до конфузија. Ако имате интензивни чувства во рана фаза од врската и одлучивте да и кажете на личноста дека ја сакате, таа би можела да помисли дека тоа го кажувате само за да ја задоволите.

Запрашајте се колку добро се познавате. На почетокот на врската паровите често се заслепени и не ги гледаат сите особини на партнерот. Знаете ли доволно за врските од минатото и каков впечаток оставиле на личноста и што таа всушност сака од животот? Пред да кажете ТЕ САКАМ, размислете дали навистина ја познавате таа личност или имате само одредена слика за неа. Несигурноста, исто така, може да го натера човекот на грешка. Понекогаш лугето мислат дека со љубовната изјава ќе ја врзат личноста за себе и ќе ја одбијат сета можна конкуренција.

ТЕ САКАМ може да навреди

Ако ги изговорите магичните зборови премногу рано, партнерот може да се налути, бидејќи сеуште е во фаза да се испита дали воопшто сака сериозна врска со вас.

Кога еднаш ќе кажете толку важен и сериозен аргумент не можете да се вратите назад и останува непријатна тишина помеѓу луѓето, ако другата личност не возврати. Можеби и размислувањето дека врската има потенцијал и дека би можеле да дојдете до таа точка, но сеуште не е подготвена на тој чекор, па чувствува притисок дека што побргу мора да реагира.

Во ваквите ситуации најчесто доаѓа до прекин, бидејќи другата страна не сака да се носи со притисокот и очекувањата на кои не е подготвена.

Ако сте вие подготвени на овој ризик и навистина верувате дека треба да му кажете на партнерот дека го сакате, прво покажете го тоа со дела. Наместо да ги покажувате со зборови своите чувства, подгответе неколку романтични изненадувања. Потоа гледајте ги реакциите, бидејќи од нив може да заклучите дали и другата страна размислува на истиот начин за вас.

Посетете го: Скадарско езеро, најголемо природно езеро на Балканот

Скадарското Езеро е најголемо езеро во Црна Гора и на Балканскиот полуостров. Површината на езерото изнесува 369,7 км²(од тоа на Црна Гора и припаѓаат 221,8 км², а на Албанија 147,9 км²). Должината од Врањина до Скадар изнесува 40 километри, а ширината на некои места изнесува 14 километри. Длабочината изнесува од 4 до 6 метри, а што повеќе се оди кон западниот брег се вдлабочува повеќе. Езерото спрема годишните времиња ја менува ја менува својата величина, а вода прима од многу реки. Од езерото истекува реката Бојана во Јадранското Море.

Езерото е полно со острови и полуострови на кои се наоѓаат трагови од историјата и културното богатство: Жабљак (15 век) - престолнина на некогашната држава Зета, Лесендро - тврдина која што се наоѓа на стените до езерото, тврдината Грможур. Бистрата вода и зачуваниот амбиент го овозможуваат доста богатиот еко-систем. Ова е единствено живеалиште на пеликанина југот на Европа.

На бреговите на езерото се наоѓа малиот град Рјека Црнојевича. Во близина се остатоците од градот Обод каде што биле сместена печатницата во која во 1494 година била испечатена првата книга во овој дел на Европа - Октоихот.

Најчитани

Твитови