Ако го правите ова во текот на ноќта, ви претстои РИЗИК од Алцхајмерова БОЛЕСТ!

Ако го направите ова во текот на ноќта, сте на повисок ризик од заболување на Алцхајмеровата болест!

Ви треба уште една причина за спиење? Новите истражувања покажуваат дека недостатокот на сон може да ве стави под поголем ризик од Алцхајмерова болест.

Според една мала нова студија спроведена од страна на Националниот институт за здравство, губењето на само една ноќ на спиење забележало моментално зголемување на бета-амилоидот во протеинот во мозокот кој е поврзан со Алцхајмеровата болест.

Групите на бета-амилоидни протеини формираат амилоидни плочи, знак на болеста. Амилоидните плаки ја нарушуваат комуникацијата помеѓу невроните.

"Ова истражување обезбедува нов увид за потенцијално штетните ефекти од недостатокот на сон во мозокот и има импликации за подобро карактеризирање на патологијата на Алцхајмеровата болест", вели д-р Џорџ Ф. Кооб, директор на Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам ( НИААА).

Собирање на група од 20 здрави учесници на возраст меѓу 22 и 72 години, научниците ја проучувале нивната активност на мозокот по ноќта на спиење, а потоа и ноќта на лишување од сон (будност околу 31 час). Истражувачите забележаа зголемување на бета-амилоидните протеини од пет проценти во областите на мозокот каде што Алцхајмеровата болест е силно поврзана.

Учесниците кои доживеале поголеми зголемувања на бета-амилоидот по лишување од сон, исто така, покажаа знаци на промени во расположението.

И покрај наодите, научниците не испитуваа дали зголемувањето на бета-амилоидот ќе се повлече по една ноќ на одмор.

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови