Луѓето кои секогаш доцнат се поуспешни и живеат подолго, еве запто!

Науката вели дека луѓето кои каснат се поуспешни и живеат подолго. Зошто е тоа така? Затоа што се оптимисти и не дожувиваат голем стрес.

Сигурно одма ти текна на некој? Најдобриот пријател кој едноставно не може да дојде на време, или пак можеби ти си се пронајде. Сепак, ова е супер вест за луѓето со лош тајминг. Можеш да задоцниш некогаш или секогаш, но позитивните особини се многу симпатични.  Луѓето кои доцнат не се под стрес, со што имаат подобро здравје, поголем успех на работа, а со тоа и подолг живот. 

Доцнењето е во сојуз со оптимизмот

Во книгата на ДеЛонзор таа вели „Немој да доцниш повторно. Луѓето кои доцнат се оптимисти и нереални, а тоа влијае врз нивната перцепција на времето. Тие навистина веруваат дека се може да се направи со трчање, за еден час да ја соберат облеката од хемиско, да пазарат и да ги остават децата во училиште. Тие се сеќаваат на денови  пред 10 години, кога сите тие работи се постигнуваа за 60 минути, ама сега е потребно многу, многу повеќе време”.

Овој позитивен став придонесува за поголем успех 

Во една студија, продавачи кои се оптимисти продаваат 88% повеќе од оние што се песимисти. Нивните резултати се подобри затоа што нивниот поглед на животот е подобар.

Тие имаат повисоки нивоа на ентузијазам

Оние кои често  доцнат или се неорганизирани спаѓаат во категоријата „ентузијасти”. Негативните страни се неорганизираност, расфрланост и недисциплина, но позитивните квалитети се екстровертен, спонтан, возбуден и разигран тип на човек.

Минувањето на времето за нив тече различно

Ваква студија била спроведена од страна на Џеф Конте, професор по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего. Истражувачите спроведоа експеримент од тип А (конкурентни, нетрпеливи личности) и тип Б (опуштени, креативни) – и оние кои доцнат спаѓаат во група Б. Тие побараа од луѓето од двете групи да погодат, после една минута, колку време поминало. Оние од тип A одговорија во просек 58 секунди, додека типот Б одговорија дека поминале 77 секунди. Тие буквално подолго го сметаат времето.

Мултитаскинг луѓето имаат иста перцепција за времето

Доцнат почесто од другите луѓе.

Одговорно и целосно се „предаваат“ што и да прават, па така губат осет за време

Помислете на вашиот омилен пријател кој секогаш доцни. Тие всушност имаат премногу пријатели и многу хобија. Кога други луѓе доцнат, оние „доцначите“ не гледаат негативно на тоа, тие ја гледаат покрупната слика на ситуацијата. Луѓето кои спаѓаат во група Б не се вознемируваат и сметаат дека е во ред да доцнат 5 мин.  (најверојатно не е).

Тие се спонтани нивната релаксирачка природа придонесува за тоа тие да не се замараат кога има автобус, или да се резервира хотел или лет. Тие “само ќе фрлат некои работи во куферот и ќе излезат, по пат ќе најдат каде да спијат и да јадат. Е тоа е авантура!

Лошо менаџираат со пари

Луѓето кои доцнат, а не сакаат да доцнат, живеат во моментот и тешко им е да зачуваат нешто за црни денови. Заштеда? Шопинг? Не јадење брза храна.

Тие обожаваат таргети и цели

Не следејќи ги упатствата, овие луѓе размислуваат поопширно и секогаш ги решаваат проблемите на неконвенционален начин-што досега се покажа дека е подобар. Исполнување рокови… тоа е тоа! Можеш да бидеш како некој што е навлечен на адреналин и финишот на трката му е предизвик, или би можел да бидеш продуцент – некој кој добива поттик да направи нешто за колку што е можно помалку време.

Според кардиолозите, луѓето кои доцнат немаат ризик од срцеви заболувања

Во една студија од страна на Меѓународниот весник на клиничка и здравствена психологија, личностите од тип А имаат поголем ризик за срцеви заболувања бидејќи тие имаат повисоко ниво на стрес, а оние кои се помалку загрижени за времето, најверојатно, ќе ги избегнат болестите поврзани со стресот.

Магнезиум е минерал кој му треба на секој орган во човечкото тело. Има одличен ефект врз релаксација на нервните клетки, го подобрува сонот и го намалува. Магнезиумот го лечи појавувањето на болни грчеви, а витамин Б6 помага подобро да се апсорбира во мускулите, ја намалува и ослободува болката и тензијата во зглобовите.

Поранешната пејачка на група „Луна“, денес работи на брод и изгледа посекси од било кога! (ФОТО)

Чеда Чворак и неговата група Луна променија многу постави. Но се чини дека онаа, кога беа дуо, а во „Луна“ покрај него вокалите ги пееше тогаш младата и непозната девојка од Лозница, Маја Марковиќ, беше најдобрата постава која му ги донесе најголемите хитови и популарност на дуото.

Маја Марковиќ откако си замина од „Луна“ се обиде да направи соло кариера која не траеше долго,  зашто слично како и нашата Ноне, замина да работи на прекуокеански брод.

Оттогаш не се занимава со музика, не барем студиски, иако знае да запее со бендот на големите прекуокеански лендкрузери на кои работи!

Додека беше на естрадата, речиси секогаш беше пристојна и закопчана до грло. За чудо, сега кога работатат тоа не го бара од неа, маја го покажа сиот свој телесен раскош, убавина и сексапил.

Инстаграм гори од нејзините секси фотографии на кои таа позира во костими за капење, покажувајќи го своето извајано тело, затегнатото газе и останатите облини.

Токму со такви фотографии Mаја ги почести сите оние што ја познаваат за својот роденден.

Знаци дека претерувате со кафе!

Ако се прашувате дали пиете премногу шолји кафе на ден, на добар пат сте да добиете позитивен одговор. Кафето нуди многу придобивки, но како и се друго, доколку се консумира во големи количини има негативни последици, за жал по нашето здравје.

Многумина не можат ни да го замислат животот без кафе, особено наутро. Сепак, прекумерното пиење кафе, посебно ако често пиете и газирани или енергетски пијалаци кои содржат кофеин, може да предизвика предозирање и зависнот.

Срцето ви е во петта брзина

Ако ви лупа срцето и прескокнува откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност за тоа да е крив токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на помала количина кофеин.

Се чувствувате немирно и анксиозно

Можеби тоа го предизвикало утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин и почнуваат да чувствуваат немир, раздразнетост и анксиозност и по една шолја кафе со кофеин. На некои им смета дури и бескофеинското кафе.

Не можете да заспиете

Ова е причина зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го подига нивото на адреналин, па можете да се чувствувате поенергични и да не ви се спие. Тоа особено може да помогне во понеделник наутро кога ви треба екстра енергија.

Чувствувате глад

Некои луѓе се трудат со помош на кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето кафе всушност може да има спротвен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормонот кој пак, го зголемува чувството на глад.

Мислите дека не можете без кафе

Доколку помислата да се откажете од своето утринско кафе кај вас предизвикува благ напад на паника, тоа не е знак дека сте зависни? Сепак, не се трудете да пресечете нагло, обидете се да го намалувате внесувањето на кафе постепено, малку по малку, инаку може да ве изненади силен умор и главоболка.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Најчитани

Твитови