Како да оставите впечаток дека сте успешни?

Првиот впечаток е важен и тоа е потврдено од многу истражувања. Впечатокот за успешноста се добива за 5 секунди и тоа само врз основа на изгледот. Во светот на бизнисот се оди толку далеку што во тоа време се проценува за каков соговорник станува збор, какви се неговите шанси за напредок и стапката на успех…

Постојат 3 едноставни начини на кои можете да оставите впечаток дека сте успешни. Но зошто е тоа толку важно? Бидејќи истражувањата покажуваат дека првиот впечаток се состои 55% врз основа на изгледот, 38% врз основа на изведбата и само 7 проценти врз основа на содржината на разговорот. Еве 3 едноставни начини со кои ќе оставите впечаток дека сте успешни, и со кои ќе избегнете погрешни проценки:

Оставете впечаток дека се грижите за вашиот изглед

Ако не се грижите за својот изглед, луѓето ќе проценат дека не се почитувате себеси, а уште помалку вработените и клиентите.

Прилагодете го изгледот на ситуацијата

Ако сте во IT бизнисот постои еден кодекс на облекување, ако сте во војска е друг. Мора да работите на тоа вашиот изглед да припаѓа на групата и потрудете се да изгледате малку подобро од повеќето. Имитирајте некој кој има добар стил.

Избегнувајте провокативна облека

Со провокативното облекување жените губат голем дел од кредибилитетот. Ако здолништето е премногу кратко или имате премногу длабоко деколте можете да им кажете збогум на важните состаноци или унапредувањето.

Спенџарска се разголе на плажа во Шпанија! (ФОТО)

Со доаѓање на топлото време и високите температури, јавните личности се впуштија во авантури. И македонската водителка Јелена Спенџарска одлучи слободното време да го искористи за да ги наполни батериите.

Како дестинација за ова лето ја одбра Шпанија, и една од најпознатите дестинации - Палма де Мајорка, па оттаму се пофали со неколку фотографии.

Спенџарска на социјалните мрежи својот сподели неколку фотографии од своите летни лудории и нормално исти на кои го истакна своето тело и перфектна  линија.

Марјана Станојковска проклето секси: Бујните облини во прв план! (ФОТО)

Марјана Станојковска замина на заслужен одмор а жешкото Скопје го замени со рекалсирачка плажа, море и уживање. Истото е документирано и објавено на социјалните мрежи. 

Водителката на својот Инстаграм профил сподели фотографии од крупен кадар каде во преден план се нејзините бујни атрибути. Под истата следеа бура од коментари и лајкови. Позитивни секако...

Мишел Вилијамс од „Destiny's child“ јавно проговори: „Имам проблем и затоа побарав помош во психијатриска болница“!

Пејачката Мишел Вилијамс, која се прослави со женскиот бенд „Destiny's child“ се пријавила на лекување во приватна психијатриска установа поради депресија, јавуваат американските медиуми.

Пејачката која и претходно не ги криеше своите ментални проблеми, од пред неколку дена се лекува во болница близу Лос Анџелес.

„Со години се залагам за тоа, да се подигне свеста за менталното здравје и за охрабрување на луѓето да препознаат кога да побараат помош, поддршка и поттик од луѓето што ги сакаат и се грижат за нив. Сега горда и среќна можам да кажам дека ќе продолжам да бидам пример и неуморно ќе се борам за помош на оние на кои им е потребна“, напиша Вилијамс на социјалните мрежи.

Поранешната пејачка доби голема поддршка од своите колеги, фанови и семејство за одлуката јавно да проговори за нејзината здравствена состојба и со тоа им помогне на многу луѓе во светот кои го имаат истиот проблем. 

Најчитани

Твитови