Денеска славиме повеќе светци, еве кои се тие

Преподобен Зосим

Мoнах на Јoрданската oбитeл вo врeмeтo на царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт. Тoј ја прoнашoл, ја причeстил и ја пoгрeбал св. Марија Eгипeтска. Вo свoјата стoта гoдина сe упoкoил вo Гoспoда вo VI вeк.

Светата маченичка Фервута и нејзината сестра вдовица и нивната робинка

Во времето на персискиот цар Савориј беше погубен Светиот епископ Симеон. Неговата сестра Фервута по желба на царицата ја зедоа во дворецот. Но таа беше необично убава и затоа навалија многубројни кандидати за женидба, меѓу кои имаше и незнабожечки гатачи и жреци. Фервута ги одби сите и со ова предизвика против себеси голем гнев. Бидејќи во тоа време се разболе царицата, гатачите му објаснија на царот дека е отруена од Фервута, а на болната царица како лек ѝ го препорачаа ова: Фервута, нејзината сестра и нивната робинка како христијанки да се престругаат со бичкии, трите половини на нивните тела да се состават на една страна, а другите три половини на друга, а царицата да се протне меѓу нив. Царот се согласи со овој крволочен предлог на гатарите. Фервута, нејзината сестра и нивната робинка пострадаа за Христа во 343 година, со ваква смрт влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.

Преподобен Јосиф Песнописец

Роден е во Сицилија од благочестиви и добродетелни родители, Плотин и Агатија. По смртта на родителите премина во Солун, каде што се замонаши. Како монах на сите им беше пример во постот, во крајната воздржливост, непрестајната молитва и псалмопеење, бдеењето и трудољубивоста. Солунскиот епископ го ракоположи за јеромонах. Кога прочуениот Григориј Декаполит го посети Солун, од дното на срцето го засака Јосиф заради неговиот редок карактер, па го зеде со себе во својот манастир во Цариград. Кога повторно изби пламенот на иконоборната ерес под Лав Ерменин, овој Јосиф беше испратен во Рим да ги повика папата и римската Црква во борба за вистинската вера. Но патем го фатија гусари и го одведоа на Крит, каде што еретиците шест години го држеа во затвор. Светиот Јосиф се радуваше зашто се удостои да пострада за Христа и непрестајно за ова Му благодареше на Бога сметајќи ги како златни украси железните окови на своето тело. Шестата година на Божиќното утро злочестивиот цар Лав беше убиен во црквата за време на утрената. Во истиот тој час на Јосиф му се јави Св. Николај и му рече: „Стани и следи ме!“ Тој се почувствува како подигнат во воздухот и одеднаш се најде во Цариград. На неговото доаѓање му се израдуваа сите правоверни. Им испеа канони и стихири на многумина светители. Имаше дар на проѕорливост, заради што патријархот Фотиј го постави за духовник и исповедник на свештенството, а го препорача како: „Човек Божји, ангел во тело, отец на отците“. Во длабока старост Му го предаде својот дух на Бога, Кому тој верно Му послужи. Се упокои мирно во Господ на Велики Четврток 883 година.

Преподобниот маченик Никита

Слoвeн oд Албанија. Какo свeтoгoрски мoнах oтишoл вo Сeрeз кадe штo сe прeпирал сo муслиманитe за вeрата. Нe мoжeјќи да гo пoбијат сo аргумeнти, Турцитe гo ставилe на маки, вo кoи свeтиoт Никита завршил и Му ја прeдал свoјата душа на Бoга вo 1808 гoдина.

Стилизирајте ја косата, со четка за заби!

Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак за коса на четка за заби и нежно измазнете ги непослушните влакна, советува британскиот фризер Patrick Wilson

Познатиот британски фризер Patrick Wilson, кој работи со многу ѕвезди како Cindy Crawford и Kendall Jenner, откри зошто тој секогаш во фризерскиот прибор има четка за заби.

Тој вели дека четката за заби е одлично помагало за измазнување на непослушната коса и врвови.

– Таа е совршена алатка за усовршување на убавината на вашиот изглед, за беспрекорна завршна обработка. Понекогаш наједноставните трикови се најдобри кога станува збор за постигнување на изглед како на црвениот тепих – рече тој.

– Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак на четката за заби и нежно измазнете ги неправилностите на косата – ја објасни постапката и препорачува инвестирање во четка со подобар квалитет, а не класична со која што повеќето луѓе ги мијат забите.

Тој ја демонстрирал оваа техника за време на фестивалот за убавина, Гламур во Лондон во 2019 година, на негова блиска пријателка и постојан клиент, пејачката Моли Кинг, која му беше модел во таа пригода.

„Кога Моли се појавува на телевизија или на црвениот тепих, мора да се осигураме дека нејзината коса ќе издржи добро“- рече тој.

Тикови за сите жени: Како да ги проширите чевлите кои ви се тесни?

Табелата со величини можеби била погрешна или стапалата ви се отечени; како и да е набиени палци и пликови по стапалата се загарантирани.

Растегнувањето обично се случува во ширина, а не во должина, бидејќи најдолниот дел од чевлите што е во директен контакт со земјата не може да се растегне многу. Затоа, колку и да ви се допаѓа одреден пар брендирани потпетици, не фрлајте си ги парите на број 38, ако всушност носите 39.

Употребете фен

Доколку се работи за кожени чевли, облечете два пара чорапи – колку подебели, толку подобро. Облечете ги чевлите и дувајте со фенот во нив на средна температура околу 30 секунди. Избегнувајте да дувате на едно место бидејќи може да ја оштетите кожата.

Повторете го процесот додека не почувствувате дека стапалото влегува полесно.

Ставете ги чевлите во замрзнувач

Наполнете една третина вода во мала ќеса за замрзнување. Заврзете ја убаво и осигурајте се дека нема дупка за да истече водата во чевелот. Ставете ја ќесата во чевелот во пределот на прстите, а потоа чевелот ставете го во замрзнувач додека водата не смрзне.

Кога мразот ќе се формира, може да го извадите чевелот дваесетина минути да се отпушти и потоа да ја повторите постапката сè додека не го растегнете доволно.

Купете растегнувач за чевли

Ова е едноставен алат и најмалку ризичен метод за растегнување на чевлите, односно нема да мора да се грижите дека ќе го уништите сјајот на новите чевли, ниту дека ќе ги оштетите со вода. Консултирајте се со чевлар за тоа каде може да се набави ваква алатка, инаку е достапна на amazon.com.

За да ги избегнете ваквите непријатни ситуации, најдобро е да се осигурате дека има барем 1 сантиметар простор од врвот на вашиот највисок прст на ногата до врвот на чевелот. Исто така, се препорачува да купувате чевли на крајот од денот, кога стапалата ви се малку отечени.

Лепа Брена не дозволи на Кија да биде дел од музички настан: „Или таа или јас - изберете!“

Кристина Коцкар беше предвидено да учествува на музички фестивал кој се одржа неодамна на Копаоник, каде што требало да настапи рамо до рамо со најголемите ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Милица Павловиќ и „Парни ваљак“. И покрај желбата на луѓето од организацијата на фестивалот да ја донесат да пее, Кија беше исфрлена од листата на изведувачи, токму поради фолк кралицата Лепа Брена.

Таа буквално ги условила организаторите: “Или таа или јас”, бидејќи Брена смета дека не треба да споделува сцената со девојка од релно шоу, која има едвај двее-три песни и пее само од пред неколку месеци“ –  потврдил добро информиран извор, додавајќи дека по интервенцијата на фолк ѕвездата, организаторите и го откажале ангажманот на Кија.

 

извор: вистина.мк  

Најчитани

Твитови