Направи сам: Чергиче за пред врата (Фото)

Потребни материјали:

досадна еднолична чергичка

маркер

скалпел

ножички

супер лепак

четка за фарба

бела фарба

розев спреј

хартија

Упатство:

1. На задната страна од чергичето исцртајте го посакуваниот облик – ви препорачуваме стрип балонче за вистински ефект. Ќе го направите така што ќе исечете правоаголник со заоблени краеви и едно парче искривен триаголник. Исечете ги облиците со помош на скалпел.

2. Целата површина на чергичето обојте ја со бела боја. Откако ќе се исуши со супер лепак залепете го триаголникот со правоаголното парче од чергичето. Од хартија исечете ги буквите кои ќе го испишат посакуваниот натпис, фиксирајте ги за површината на чергичето и обојте го во посакуваната боја.

Оставете да се исуши и вашето чергиче е спремно да ве расположи вас и вашите гости!

36 креативни фотографии од бебиња, ќе ве исполнат со нежност! (Галерија)

Најбараниот и најпопуларниот фотограф кога станува збор за бебешки фотосесии е дефинитивно овој фотограф Ен Гедес, а ако ги погледнете нејзините дела, ќе ви стане јасно зошто.

Талентираната фотографка од Њујорк досега има продадено повеќе од 18 милиони книги во 83 земји од светот, благодарение на фотографиите од бебиња. Ен ги претвора своите мали „клиенти“ во цвеќиња, риби, желади, полжави, пеперутки, лубеници... оставајќи свој отпечаток во сферата во којашто работи.

Погледнете дел од нејзините фотографии и можеби ќе се инспирирате за вашата следна фотосесија со вашето малечко:

Во три ситуации никако НЕ смеете да кажете ТЕ САКАМ!

 

 Пред да ја донесете конечната одлука, прочитајте во кои случаеви зборовите ТЕ САКАМ не смеете да ги употребите иако сте зааљубени до уши и размислувате на таа личност и начинот како да и ги кажете магичните зборови, односно да изјавите љубов.

Ако сте тип начовек кој не може да биде сам, туку скока од една врска во друга за да се чувствува исполнето, големи се шансите дека прерано ќе изјавите љубов. Пред да ги изговорите магичните зборови, размислувајте дали воопшто ште стигнале толку далеку во врската и што очекувате. Пред или подоцна ќе мора да застанете на топката и заклучите дека дојде моментот да бидете малку сами и причекајте некој за кого срцето навистина лудува.

Тишина

Непријатен е моментот кога ќе кажете на партнерот или на партнерката Те Сакам, а од другата страна е само тишина. Таквиот потег може само да ја уназади врската. Едната страна ќе биде лута, а другата збунета. Можеби понекогаш е попаметно малку да размислите и да оставите некое време пред конечната одлука. Но, ако сте навистина сигурни дека се работи за мажот или жената на вашиот живот, вреди да разикувате.

Рана фаза

Во незгодните ситуации лесно може да дојдете до конфузија. Ако имате интензивни чувства во рана фаза од врската и одлучивте да и кажете на личноста дека ја сакате, таа би можела да помисли дека тоа го кажувате само за да ја задоволите.

Запрашајте се колку добро се познавате. На почетокот на врската паровите често се заслепени и не ги гледаат сите особини на партнерот. Знаете ли доволно за врските од минатото и каков впечаток оставиле на личноста и што таа всушност сака од животот? Пред да кажете ТЕ САКАМ, размислете дали навистина ја познавате таа личност или имате само одредена слика за неа. Несигурноста, исто така, може да го натера човекот на грешка. Понекогаш лугето мислат дека со љубовната изјава ќе ја врзат личноста за себе и ќе ја одбијат сета можна конкуренција.

ТЕ САКАМ може да навреди

Ако ги изговорите магичните зборови премногу рано, партнерот може да се налути, бидејќи сеуште е во фаза да се испита дали воопшто сака сериозна врска со вас.

Кога еднаш ќе кажете толку важен и сериозен аргумент не можете да се вратите назад и останува непријатна тишина помеѓу луѓето, ако другата личност не возврати. Можеби и размислувањето дека врската има потенцијал и дека би можеле да дојдете до таа точка, но сеуште не е подготвена на тој чекор, па чувствува притисок дека што побргу мора да реагира.

Во ваквите ситуации најчесто доаѓа до прекин, бидејќи другата страна не сака да се носи со притисокот и очекувањата на кои не е подготвена.

Ако сте вие подготвени на овој ризик и навистина верувате дека треба да му кажете на партнерот дека го сакате, прво покажете го тоа со дела. Наместо да ги покажувате со зборови своите чувства, подгответе неколку романтични изненадувања. Потоа гледајте ги реакциите, бидејќи од нив може да заклучите дали и другата страна размислува на истиот начин за вас.

Посетете го: Скадарско езеро, најголемо природно езеро на Балканот

Скадарското Езеро е најголемо езеро во Црна Гора и на Балканскиот полуостров. Површината на езерото изнесува 369,7 км²(од тоа на Црна Гора и припаѓаат 221,8 км², а на Албанија 147,9 км²). Должината од Врањина до Скадар изнесува 40 километри, а ширината на некои места изнесува 14 километри. Длабочината изнесува од 4 до 6 метри, а што повеќе се оди кон западниот брег се вдлабочува повеќе. Езерото спрема годишните времиња ја менува ја менува својата величина, а вода прима од многу реки. Од езерото истекува реката Бојана во Јадранското Море.

Езерото е полно со острови и полуострови на кои се наоѓаат трагови од историјата и културното богатство: Жабљак (15 век) - престолнина на некогашната држава Зета, Лесендро - тврдина која што се наоѓа на стените до езерото, тврдината Грможур. Бистрата вода и зачуваниот амбиент го овозможуваат доста богатиот еко-систем. Ова е единствено живеалиште на пеликанина југот на Европа.

На бреговите на езерото се наоѓа малиот град Рјека Црнојевича. Во близина се остатоците од градот Обод каде што биле сместена печатницата во која во 1494 година била испечатена првата книга во овој дел на Европа - Октоихот.

Најчитани

Твитови