Броевите на хороскопските знаци: Еве кој е ваш:

Ѕвездите нека ви откријат кој е вашиот среќен број или број кој ве опишва вас, вашиот карактер и секојдневние.

Овен

Бројот 1 им припаѓа на Овните. Секогаш прв, активен, води и брза.

Бик

На Бикот му припаѓа бројот 2. Тој гледа секогаш нешто да има и да постави одредени вредности.

Близнаци

На близнаците им припаѓа бројот 3. Изразена способност за комуникација и двојна природа. Среќен му е и бројот 2.

Рак

На Раковите им одговара бројот 4. Овој број на означува нивната природа, склоност кон театралноста, спортот, децата и младите.

Лав

На Лавот му припаѓа бројот 5. Овој број ја означува склоноста кон секојдневната работа, навиките, грижата за здравјето и медицината.

Девица

На девиците им припаѓа бројот 6. Склоност кон секојдневните навики, грижата за здравјето и медицината.

Вага

На Вагата и припаѓа бројот 7. Овој број означува партнерство, брак и функционирање во пар.

Скорпија

На Скорпиите им припаѓа бројот 8. Ги опишува борбата, страста, дигнување од дното, трансформација и сексуалност.

Стрелец

На Стрелците им одговара бројот 9. Ги карактеризира религијата, филозофијата, слободата и далечината.

Јарец

На Јарците им одговара бројот 10. Поврзан е со напредување, статус и кариера.

Водолија

На Водолиите им одговара бројот 11. Ги карактеризира пријателство, хуманост, социјална служба.

Риби

На Рибите им одговара бројот 12. Овој број претставува соништа, потсвест, мечтаење, лудница, затвор.

Стилизирајте ја косата, со четка за заби!

Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак за коса на четка за заби и нежно измазнете ги непослушните влакна, советува британскиот фризер Patrick Wilson

Познатиот британски фризер Patrick Wilson, кој работи со многу ѕвезди како Cindy Crawford и Kendall Jenner, откри зошто тој секогаш во фризерскиот прибор има четка за заби.

Тој вели дека четката за заби е одлично помагало за измазнување на непослушната коса и врвови.

– Таа е совршена алатка за усовршување на убавината на вашиот изглед, за беспрекорна завршна обработка. Понекогаш наједноставните трикови се најдобри кога станува збор за постигнување на изглед како на црвениот тепих – рече тој.

– Откако ќе ја стилизирате косата, едноставно испрскајте мала количина на лак на четката за заби и нежно измазнете ги неправилностите на косата – ја објасни постапката и препорачува инвестирање во четка со подобар квалитет, а не класична со која што повеќето луѓе ги мијат забите.

Тој ја демонстрирал оваа техника за време на фестивалот за убавина, Гламур во Лондон во 2019 година, на негова блиска пријателка и постојан клиент, пејачката Моли Кинг, која му беше модел во таа пригода.

„Кога Моли се појавува на телевизија или на црвениот тепих, мора да се осигураме дека нејзината коса ќе издржи добро“- рече тој.

Тикови за сите жени: Како да ги проширите чевлите кои ви се тесни?

Табелата со величини можеби била погрешна или стапалата ви се отечени; како и да е набиени палци и пликови по стапалата се загарантирани.

Растегнувањето обично се случува во ширина, а не во должина, бидејќи најдолниот дел од чевлите што е во директен контакт со земјата не може да се растегне многу. Затоа, колку и да ви се допаѓа одреден пар брендирани потпетици, не фрлајте си ги парите на број 38, ако всушност носите 39.

Употребете фен

Доколку се работи за кожени чевли, облечете два пара чорапи – колку подебели, толку подобро. Облечете ги чевлите и дувајте со фенот во нив на средна температура околу 30 секунди. Избегнувајте да дувате на едно место бидејќи може да ја оштетите кожата.

Повторете го процесот додека не почувствувате дека стапалото влегува полесно.

Ставете ги чевлите во замрзнувач

Наполнете една третина вода во мала ќеса за замрзнување. Заврзете ја убаво и осигурајте се дека нема дупка за да истече водата во чевелот. Ставете ја ќесата во чевелот во пределот на прстите, а потоа чевелот ставете го во замрзнувач додека водата не смрзне.

Кога мразот ќе се формира, може да го извадите чевелот дваесетина минути да се отпушти и потоа да ја повторите постапката сè додека не го растегнете доволно.

Купете растегнувач за чевли

Ова е едноставен алат и најмалку ризичен метод за растегнување на чевлите, односно нема да мора да се грижите дека ќе го уништите сјајот на новите чевли, ниту дека ќе ги оштетите со вода. Консултирајте се со чевлар за тоа каде може да се набави ваква алатка, инаку е достапна на amazon.com.

За да ги избегнете ваквите непријатни ситуации, најдобро е да се осигурате дека има барем 1 сантиметар простор од врвот на вашиот највисок прст на ногата до врвот на чевелот. Исто така, се препорачува да купувате чевли на крајот од денот, кога стапалата ви се малку отечени.

Лепа Брена не дозволи на Кија да биде дел од музички настан: „Или таа или јас - изберете!“

Кристина Коцкар беше предвидено да учествува на музички фестивал кој се одржа неодамна на Копаоник, каде што требало да настапи рамо до рамо со најголемите ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Милица Павловиќ и „Парни ваљак“. И покрај желбата на луѓето од организацијата на фестивалот да ја донесат да пее, Кија беше исфрлена од листата на изведувачи, токму поради фолк кралицата Лепа Брена.

Таа буквално ги условила организаторите: “Или таа или јас”, бидејќи Брена смета дека не треба да споделува сцената со девојка од релно шоу, која има едвај двее-три песни и пее само од пред неколку месеци“ –  потврдил добро информиран извор, додавајќи дека по интервенцијата на фолк ѕвездата, организаторите и го откажале ангажманот на Кија.

 

извор: вистина.мк  

Најчитани

Твитови