Законски ДОЗВОЛЕНА перверзност: Овие градови се вистинска оаза, на секс за ЕДНА НОЌ!

Потрага по секс без обврскиили секс за една ноќ како сите што викаат е тоа на кое што сите се спремни да отидете до крајот на светот, а вистинската забава не можете да ја замислите без алкохол, коцкање или други ситници кои дома би можеле да ве чинат затвор? Не заборавајте дека постојат места каде не само што можете да се препуштите на гревот, туку тоа може да го правите слободно, без воопшто страв или параноја.

Лас Вегас, САД

Во овој град можете да се коцкате цел ден и цела ноќ (дури и по аеродромите), додека проституцијата, иако официјално е илегална, се нуди како посебна ескорт-услуга. Платените девојки или момчиња кои ќе ве придружуваат се рекламирани по целиот град, а во понудата има и мноштво на стриптиз клубови, во кои можете да се опуштате од лутањето од едно до друго казино. Но, пороците не завршуваат тука. Во Лас Вегас на своето ќе си дојдат и обожавателите на оружје, достапно во бројните локални продавници, но нема да останат незадоволни и љубителите на добра храна и пијалаци.

Амстердам, Холандија

Како една од најпознатите оази на грешниците, Амстердам се прослави со либералните ставови према потрошувачите на канабис и љубителите на проституцијата. Ова е едно од ретките места во светот каде во некој локал најпрво може да нарачате хашиш, па дури потоа доручек, а денот понатаму да го зачините со сексуален перформанс во некој од локалните клубови. Најдобриот дел од приказната е дека ова е потполно легално - барем, сеуште.

Патаја, Тајланд

На овој крајбрежен туристички град сексот е активност број еден, без оглед дали вас ве интересираат борделите, go-go баровите или дури кабареата со трансексуалци. Во најслободниот јужен дел на градот, проститутките ќе ви дофрлаат додека чекорите по улиците, а не ретко ќе се обидат и на сила да ве вовлечат во една од своите простории. Доколку ви здосади можноста за секс на секој чекор, забавата може да ја побарате во некој од возбудливите таи-бокс барови или да отспиете на плажата да соберете сила за нова вечерна забава.

Тихуана, Мексико

Доколку пристигнете во Тихуана преку една од најпрометните граници на светот, онаа со САД, многу веројатно ќе помислите дека сте дошле некаде на дивиот запад. Границата за точење алкохол се спушта од 21 на 18 години, проституцијата станува легална, а во најразузданите квартови дрогата се купува и продава низ улиците среде бел ден. Неретко некој од домаќините ќе ве фати под рака и ќе ве одведе до некој стрип-клуб каде текилата е безобразно ефтина. Сепак, не заборавајте дека локалната полиција не е најпријателски расположена према пијаните странци кои упаѓаат во проблеми, па ќе треба да се потрудите да не завршите во затвор поради вашето лошо однесување.

Рио де Женеиро, Бразил

Бразилките имаат мистична убавина, за што најдобро зборува бројот на бразилските супермодели, а притоа, Рио е најголемиот центар на забавата во Бразил. Само одберете си некоја плажа, од Копакабана до Ипанема, на кои по цели денови можете да уживате во прекрасните топлес-бразилки. Сепак, вистинската забава започнува кога ќе падне ноќта и градските клубови ќе заиграат во ритамот на боса-новата. Статусот "оаза на гревот" Рио го заслужи поради своите легални бордели, но и карневалот за време на кој градската разузданост доаѓа до полн израз.

Москва, Русија

Што се случува со еден град кој ќе се "отвори" откако со децении бил затворен за секаква послободна забава? Лудило. Поради тоа во Москва денес може да се пронајдат секакви типови на клубови, од хардкор-техно, до оние со транс или рок музика, со посетители од сите делови на светот. Партнери за љубовни авантури може да се пронајдат на секој чекор, а иако проституцијата е официјално забранета, девојките и момчињата за платена забава се собираат на речиси сите места каде "врие" ноќниот живот. Освен најдобрата вотка на свет, московската посебност ја нагласуваат и специјализираните стрипиз клубови за дами во кои за мажите пристапот е ограничен - доколку не планираат да се качат на сцена.

Њу Орлеанс, САД

Разголемите задници и гради, како и потоците од пиво се она што овој град го прават најпривлечниот американски Sin City. Целата негова "расипаност" најдобро се гледа за време на разузданиот карневал Марди Грас, чија традиција датира од 19-от век, кога во Њу Орлеанс се споиле музиката, проституцијата, француската храна и хедонизмот. Се од ова и ден денес може да се пронајде во Францускиот кварт, каде стриптиз-клубовите, порно шоповите и баровите ќе ги задоволат сите ваши ниски страсти. Иако е илегална, проституцијата овде е длабоко скоренета и има традиција. Добро е и тоа што градот полека се опоравува од катастрофалните последици на ураганот Катрина.

Берлин, Германија

Изобилството на латекс, синџири, камшици и останатите садо-мазо иконографии го направија Берлин светска престолнина на фетишистите. Доколку сакате да "бидете казнети", влезете во еден од темните подруми на мала рехабилитација. Ако ви е по ќеиф да лудувате во некои диско-клубови каде истовремено е дозволен и сексот, и тоа може да се среди. Не треба да се заборави дека Берлин уште меѓу двете светски војни имал институт за сексуална наука познат по завидната порнографска колекција. Отвореноста према сексуалноста во градскиот живот се вовлекла и преку кабареата, па не чуди и тоа што денес проституцијата во Берлин е законски дозволена.

Поранешната пејачка на група „Луна“, денес работи на брод и изгледа посекси од било кога! (ФОТО)

Чеда Чворак и неговата група Луна променија многу постави. Но се чини дека онаа, кога беа дуо, а во „Луна“ покрај него вокалите ги пееше тогаш младата и непозната девојка од Лозница, Маја Марковиќ, беше најдобрата постава која му ги донесе најголемите хитови и популарност на дуото.

Маја Марковиќ откако си замина од „Луна“ се обиде да направи соло кариера која не траеше долго,  зашто слично како и нашата Ноне, замина да работи на прекуокеански брод.

Оттогаш не се занимава со музика, не барем студиски, иако знае да запее со бендот на големите прекуокеански лендкрузери на кои работи!

Додека беше на естрадата, речиси секогаш беше пристојна и закопчана до грло. За чудо, сега кога работатат тоа не го бара од неа, маја го покажа сиот свој телесен раскош, убавина и сексапил.

Инстаграм гори од нејзините секси фотографии на кои таа позира во костими за капење, покажувајќи го своето извајано тело, затегнатото газе и останатите облини.

Токму со такви фотографии Mаја ги почести сите оние што ја познаваат за својот роденден.

Знаци дека претерувате со кафе!

Ако се прашувате дали пиете премногу шолји кафе на ден, на добар пат сте да добиете позитивен одговор. Кафето нуди многу придобивки, но како и се друго, доколку се консумира во големи количини има негативни последици, за жал по нашето здравје.

Многумина не можат ни да го замислат животот без кафе, особено наутро. Сепак, прекумерното пиење кафе, посебно ако често пиете и газирани или енергетски пијалаци кои содржат кофеин, може да предизвика предозирање и зависнот.

Срцето ви е во петта брзина

Ако ви лупа срцето и прескокнува откако сте се напиле кафе, постои голема веројатност за тоа да е крив токму кофеинот. Некои луѓе се чувствителни и на помала количина кофеин.

Се чувствувате немирно и анксиозно

Можеби тоа го предизвикало утринското кафе. Некои луѓе се многу чувствителни на кофеин и почнуваат да чувствуваат немир, раздразнетост и анксиозност и по една шолја кафе со кофеин. На некои им смета дури и бескофеинското кафе.

Не можете да заспиете

Ова е причина зошто луѓето пијат кафе додека се уморни. Кофеинот го подига нивото на адреналин, па можете да се чувствувате поенергични и да не ви се спие. Тоа особено може да помогне во понеделник наутро кога ви треба екстра енергија.

Чувствувате глад

Некои луѓе се трудат со помош на кофеинот да го намалат апетитот, но пиењето кафе всушност може да има спротвен ефект. Кофеинот ја зголемува работата на хормонот кој пак, го зголемува чувството на глад.

Мислите дека не можете без кафе

Доколку помислата да се откажете од своето утринско кафе кај вас предизвикува благ напад на паника, тоа не е знак дека сте зависни? Сепак, не се трудете да пресечете нагло, обидете се да го намалувате внесувањето на кафе постепено, малку по малку, инаку може да ве изненади силен умор и главоболка.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Најчитани

Твитови