Што е љубовта, а што сексот?

Љубовта, слично како и прашањето што се случува откако ќе умреме, останува вечна мистерија.

Песни, романи, филмови и поеми посветени на најсилната човечка емоција, и сè уште не можеме да пронајдеме конкретен и точен одговор.

Некои велат дека се виновни феромоните и љубовта не е ништо повеќе од обичен хемиски процес. Други убедуваат дека е навика, трети дека е непостојана и минлива, четврти дека е непотребна и преценета…

Па што е љубов? Има ли некој да го гукне точниот одговор? Кој пријател да го повикаме на помош?

Вистината е дека секој од нас поинаку ја поимува љубовта. За некого тоа се славните пеперутки во стомакот, проследени со силно пулсирање на срцето и недостаток на здив и плунка.

За некого љубовта е постојано, стабилно, сигурно чувство лишено од адреналин и неизвесност. За мене можеби врвен љубовен чин е песна која ти ја посветил саканиот, за друг многу веројатно е дека тоа е смешно или патетично.

Тоа што јас го сметам и доживувам како љубов, не мора да важи за тебе и обратно. За одредени парови љубовта е гледање филмови и сериички и бескрајни дискусии за истите, за некои искачувањето на планина е љубов.

Љубовта е спонтана, но може да се пронајде и на договорен состанок. Љубовта е дом и семејство, но таа може да биде и номадско крстосување низ светот.

Љубовта е гламурозна свадба, но некогаш е и живот со партнерот без озаконување на врската. Љубовта е секс, но и галење и апстиненција. Љубовта е торнадо и мирно пловење.

Некои ја слават љубовта бурно, други пак посмирено. Некои се експресивни и не можат да ги сопрат емоциите, а дел грижливо си ги чуваат, подалеку од сечии очи и уши.

Но, тоа не значи дека некои се сакаат помалку или повеќе. Едноставно – се сакаат различно. Си нашле што им одговара и тоа е веројатно најфината работа на светот.

На крајот од денот не се важни дефинициите и теориите за љубовта. Важно е дека сте ја пронашле онаква каква што вам ви одговара и ве прави среќни.

Немате потреба да се докажувате дали е правилно или погрешно, бидејќи не сме сите од истиот калап. Мојата и твојата перцепција се различни, важно е да сакаме и да бидеме сакани.

Кој плаче повеќе, мажите или жените?

Истражувањето направено во врска со емоционалното празнење, односно плачење покажа - верувањето дека жените плачат почесто е точно. Сепак резулатите се изненадувачки во однос на тоа колку редовно плачат мажите, ако се земе во обзир дека ниеден маж нема да признае дека некогаш плачел.

Припадничките на понежниот пол плачат просечно секој шести ден, а мажите еднаш во 3 недели...

Последното истражување на германски научници покажа дека жените ронат солзи 30-64 пати годишно, а мажите многу помалку, само 17 пати. Додека се деца до 13 години, девојчињата и момчињата плачат речиси подеднакво, но понатаму работите се менуваат.

Истражувањето покажало дека возрасните жени обично плачат долги временски периоди и тоа го прават подраматично за разлика од мажите. Времетраењето на просечно плачење кај жените е околу 6 минути, а кај мажите околу 2-3 минути.

Жените плачат почесто отколку мажите, затоа што на тој начин си ги олеснуваат своите емоции или го отфрлаат чувството на тага. Истото истражување покажало дека 65% од дамите плачат со липање, додека таква ситуација се случува само кај 6% од мажите.

Причините за плачење се разликуваат. Жените плачат кога ќе се соочат со ситуација или проблем за кој е тешко да се најде решение, но и со потсетувањето на тажни и тешки искуства од минатото. Од друга страна, мажите плачат кога сочувствуваат со некоја личност, а многу често поради прекин на љубовна врска.

Како најлесно да ги преболите бившите?!

Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Тоа е процес низ кој сите поминуваме различно. 

За да се поштедите од поголема болка и постапки за кои подоцна може да зажалите, бидете разумни и послушајте што вика науката за преболувањето на бившите.

Повеќе во видеото:

Ја идеализирате вашата врска – ова се четири јасни знаци дека ништо не е идеално!

Колку и љубовта од нас да бара компромиси и попустливост кон некои навики на нашиот партнер, постојат работи кои едноставно не треба да се толерираат во текот на врската. Се разбира, вие не сте единствената личност која толерира, исто така и вие сте склони кон грешки, спрема кои вашиот партнер е толерантен, но сепак, ако некои ситуации постојано се повторуваат, не треба да живеете во заблуда дека вашата врска е совршена.

Вашите потреби се подеднакво важни

Здравата врска подразбира дека и на двајцата ви е убаво и заедно  уживате во вашиот однос, затоа немојте да ги ставате потребите на вашиот партнер пред своите, поточно не го правите тоа постојано. Врската е терен на кој двете страни подеднакво уживаат во познатото. Значи, ако тој е вашиот приоритет, мора и вие да бидете негов, а ако не, не би требало да бидете пар, бидејќи кога сте сами, секој на себеси му е приоритет број еден.

Тој не стои на своите зборови

Се разбира, дека сите несогласувања ги решавате со мирен разговор, а кога ќе укажете на грешките на својот партнер, тој ветува дека тој нема повторно да ги повтори, но сепак, сè е сведено на празни ветувања. Ова е ситуација во која можете да видите дека вашиот партнер не човек од збор и дека со него не можете да планирате сигурна иднина, и тоа не е она што ви треба.

Секогаш имате оправдување за неговите постапки

Наместо да продолжите постојано да наоѓате оправдувања, за неговото, се почесто, неприфатливо однесување, време е да кажете доста и да обрнете внимание на работите во кои тој греши. Ако не е подготвен да се обиде да ги промени своите лоши навики, за да го подобрите вашиот однос, значи дека не му е доволно грижа и дека си е најважен сам на себе.

Немате повеќе самодоверба

Кога сте во здрава и среќна врска, вие блескате и сте полни со самодоверба, додека лошата врска на вас влијае спротивно. Ако сте во врска која што не ви одговара, потребно е поради својата и среќата на вашиот партнер, да ставите точка на оваа приказна.

Нема потреба да се залажувате дека сте во среќна врска, доколку  не сте. Важно е да се почитувате и да се сакате себеси и не дозволувајте да замижите пред некои транспарентни знаци. Колку порано свртите нова страница, толку побргу ќе ви бидат дадени нови шанси за среќа!

извор:попара.мк

Најчитани

Твитови