Совршено: Вештачка кожа која ги прикрива сите ваши недостатоци! (Видео)

Кожата е најголемиот човечки орган и со текот на времето се менува поради стареењето, болест или влијанието од животната средина. Тоа може да доведе до губење на функцијата на кожата и промена на нејзиниот изглед. Процесот на замена кај кожата секогаш бил комплициран во споредба со замената на другите делови од телото, односно вештачката кожа се покажала како многу сложен и неуспешен потфат.

Меѓутоа, истражувачот Роберт Лангер, професор по биоинжинерство на Институтот за технологија во Масачустес, конечно пронашол начин како тоа да го реши. Тој објави дека создал “нова“ кожа, направена од полимер кој е јак и растеглив, токму како вистинската кожа. Тоа всушност е невидлив слој кој се става на кожата.

Новата кожата се става на вистинската кожа, под услов да е сува, и може да се носи повеќе од еден ден. Целосно се вклопува на вистинската кожа а нејзиниот состав дури има својство и да ги “впива“ недостатоците од вашата кожа.

Роберт Лангер при претставувањето на кожата кратко објаснил дека проектот го работел осум години. Самата база на материјалот е од силикон, но со додаток од две различни креми кои се ставаат една врз друга се комплетира кожата. Всушност, тоа е комбинација од атоми на кислород со атоми на силициум, кои формираат полимери. Сепак, тој ги изменил молекуларнитекарактеристики, сè со цел да се добијат само својствата кои ги сака и и одговараат на кожата. Комбинацијата формира невидлив слој кој ја зацврстува кожата додека истовремено обезбедува воздушен слој на површината за да може кожата да дише. Новата кожа ќе се користи за заштита на вистинската кожа, егзема, прикривање на лузни, брчки и псоријаза. Веќе нема да имате грижи за штетното влијание на сонцето врз кожата, потење, ни стареење. 

Извор: pharmanews.mk

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови