Маја: Го задоволував на секој начин цели 3 часа, а на крај ми даде само 500 денари!

Студирањето покрај умствен товар носи и многу други проблеми. Како и за повеќето реализации во животот истото е и со студирањето. Кога дојдов во главниот град на Македонија за да студирам на Природно математичкиот факултет мислев дека е доволно само да учам и резултатите ќе дојдат.

Но откако помина првиот семестар иако имав постигнато солиден успех со просек над осум, моите финансиски трошоци беа се поголеми, а јас немав пари ни за основните потреби како ќирија, сметки, храна и книги.

 

Подолго време размислував како и што, не сакав да ги прекинам студиите само поради моменталната финансиска криза која владееше во моето семејство. Еден ладен ден додека пиев топол чај покрај прозорското стакло погледот ми го привлече весник кој стуткан стоеше на полицата. Почнав полека да го прелистувам и наидов на оглас во кој се бара девојка за во хотел. Се јавив на телефонскиот број и ми ја потврдија информацијата. Следниот ден веќе бев повикана на интервју за работа и по неколку дена се најдов на работната позиција. Паралелно студирв и работев. Навистина ми беше тешко и напорно, но не ни помислував да се откажам. Една ноќ во хотелот дојде млад брачен пар. Ги услужив како и сите останати гости и според тој пакет услуги што го платија и го имаа резервирано. Гостите, особено господинот, најмалку од десет пати побара одново и одново да му варам кафе. Едното било ладно, другото ретко, третото без шеќер, четвртото многу благо и така натаму. Откако некако му го погодив кафето почна да наоѓа маани на постелнината. Три пати ја менував и цела соба ја пребришав и исчистив одново. И таман мислев дека тука ќе заврши целат агонија, господинот посака да го измасирам. Иако не сакав да прифатам, се нафатив и на тоа. По три часа правење се за да им угодам, да не се пожалат и да останам на улица, ми рече катастрофа ви е услугата. Од паричникот извади 500 денари и ми ги фрли во лице. Горко ги задржав солзите во очите, подголтнав и си реков во себе, ќе издржам и нема да потклекнам пред вакви „господа“. 

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.

Никогаш нема побрзо да ослабете: Моќна диета со кисело млеко

Основна состојка на оваа диета е киселото млеко, намирница којашто исклучително позитивно влијае на метаболизмот.

Со помош на оваа диета може да ослабете 5 до 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи предвид дека се работи за исклучително рестриктивна диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена. 

Киселото млеко е исклучително корисна намирница којашто ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага за собирање и исфрлање на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. 

Додека држите диета со кисело млеко се препорачуваат следниве намирници: природно кисело млеко – 500 грама дневно, овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големите количества на шеќер коишто ги содржат), месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино – со отстранета кожичка и маснотии), зеленчук – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола...).

Количеството на кисело млеко коешто ќе го употребите во поединечни рецепти зависи од вашите желби и вкус. Важно е да се внесе 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите тоа е веќе ваш избор.


Пример мени:

Појадок
Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.

Ручек
Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на ситни тркала, 100 грама варено месо, салата од краставица, домат и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимоната (без шеќер).

Попладневна ужинка
Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко испасирајте.

Вечера
Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).

Го нарекуваат „Мал мајмун“: Момче, родено со опашка од 15 см (фото)

Локалните медиуми ова момче го нарекуваат Јанг Јанг, а неговото семејство му дало прекар „мал мајмун“.  Иако неговите родители инсистирале тој да не оди на операција, сепак овој месец момчето направило операција.

Овој израсток кај Јанг Јанг се развил уште кога бил ембрион, како резултат на деформација на нервите, пренесуваат кинеските медиумите.

Во првиот месец по раѓањето, ембрионот создава структура која се вика нервна туба, и за многу кратко време на грбот се формира тој израсток. Кај овој дечко се случило некое пореметување, кое не е многу сериозно. Мајката на момчето имала нормална бременост. Лекарите ништо не констатирале кај плодот, за време на бременоста. Кога се породила мајката на Јанг Јанг сите доктори во болницата биле во шок.

Неговата баба мислела дека момчето со тој деформитет ќе заработува многу пари, но Јанг сепак одлучи да направи хирушки зафат и да биде како сите останати луѓе.

Најчитани

Твитови