Потресна приказна на 7 годишниот Матеј: Тато ме претепа, зашто купив чоколадо од 10 денари

Сончевото време ме канеше да седнам во кафуле на кафе. Кафето го пијам бавно, како што времето минуваше. Ја пијам втората половина од моето кафе со мраз кога ми пријде малечко детенце и ми понуди крем бананчиња. Го погледнав и му кажав дека не сум заинтересиран. Земав уште еден дим од цигарата и се свртев пак накај малото дете. Тоа ги насолзи очите и срамежливо ме гледаше. Го викнав, а тоа набрзина дотрча.

Почнав муабет со него. Не сакаше и не смееше да зборува. Се сведов на негова возраст и глумев дека сум во негова кожа. Му реков дека и јас кога сум бил сум продавал како него зашто сум морал.

Тогаш детенцето ми го кажа името, Матеј. Почна да плаче и полека да ми раскажува дека секој ден продава крем бананчиња и ако не продаде 10 парчиња по 10 денари ќе добие ќотек од татко му. Ми раскажа дека и сега додека разговара со мене татко му е негде во близина. Му дадов 50 денари и петте крем бананчиња му реков да си ги земе за себе, да ги изеде. Матеј ми призна дека еднаш бил тепан со каиш цел ден зашто изел едно од крем бананчињата.

Тео ги избриша солзите, се заблажи и ми рече:

„Благодарам, ме спаси вечерва нема да ме тепаат“...

Вистинска приказна која се случи во центарот на Скопје. Името на момчето е псевдоним, заради заштита и анонимност.

Допис од: Н.Т.

Мало мајмунче кое пее додека се капе: Замислете да го имате овој пресладок миленик (видео)

Можеби на прв поглед ви делува не вообичаено за домашен миленик да се има мало мајмунче, но откако ќе го погледнете видеото веднаш ќе го посаката.

Мајмуните како едни од најинтелигентните животни се почесто земаат место за домашен миленик покрај мачките и кучињата. Ова преслатко животно ќе ви го направи денот поубав:

Откриено што ја намалува машкоста за 1 см! Внимавајте ако го практикувате ова

За интимните односи и половите органи речиси и да нема тема која не е разработена и за која не е зборувано. Покрај методите и исхраната која влијае позитивно на големината на машкиот полов орган постои и нешто кое влијае и негативно.

Според студија објавена од „Journal of Sexual Medicine" потврдено е дека дури 20 отсто од машката популација има помал пенис дури и од просечниот, 12,5 цм во ерекција. На нашите простори просечната должина на машкиот полов орган е 14 цм во ерекција.

Она што негативно влијае и доведува до намалување на пенисот е нередовното мастурбирање и немањето сексуални акти.

За виталност и здрав пенис истражувачите велат потребно е барем два пати недлно да имате секс или да мастурбирате, особено ако сте на возраст од 18 до 30 години.

Психолозите тврдат: Сите ова го прават по сексуалниот чин, а навистина е ОПАСНО!

Британските психолози открија интересна работа поврзана со интимните односи, односно за моментите што следат по сексуалниот чин.

Без разлика дали вашата врска е солидна и долга, или сте на самиот почеток, сигурно се случило откако ќе имате секс, да имате голема желба да ги запознаете внатрешните пориви и чуства на вашиот партнер.

Психолозите тврдат дека овој модел на однесување е сосема нормален, бидејќи повеќето луѓе по сексуалните односи сметаат дека се најблиску до нивниот партнер и се склони кон емоционално отворање и доверување на нивните интимни тајни.

Иако во хармоничен емотивен однос ова е пожелна работа и тоа овозможува да се доближите и подобро да се запознаете со партнерот, експертите предупредуваат дека тоа може да биде многу штетно на почетокот на врската или во случај на површни односи.

Ако сметате дека вашата врска нема капацитет да стане долгорочна, може да жалите за зборовите што ги споделивте, или дека на некој начин вашиот партнер ќе го користи подоцна против вас.

Најчитани

Твитови