Работнички го елиминира Куманово и се пласира во финалето

Работнички го запечати полуфиналето против Куманово со максимални 3-0, откако вечерва славеше во „Градски парк“ со 81-65. Најтрофејниот македонски тим најави како ќе се одвива натпреварот уште по првите пет минути, кога поведе со 14-4, а на крајот од првиот период веќе имаше 24-9.

Предноста достигна и 20 разлика, а кумановци се обидуваа да се вратат, па на крајот од третата четвртина ја спуштија негативата под 10. Сепак, тоа беше само изолиран блесок, а Работнички повторно поведе убедливо носејќи го мечот до крај во ист стил.

Американците Шон Еванс и Маркус Гинјард имаа по 17 поени за победникот, а кај Куманово најефикасни беа Адем Мекиќ со 15 и Бобан Стајиќ со 12 поени.

Ова ќе биде прво финале за Работнички по пауза од четири години, а дали повторно ќе игра со вечниот ривал, како и во 2014, ќе покаже втората полуфинална серија. Таму МЗТ Скопје води со 2-1 против Блокотехна и гостува во четвртиот натпревар, закажан за утре во 18 и 30.

Најнова вест: Пожар на 2 кат од зграда на ул „Македонија“ во центарот на Скопје (фото)

Вечерва, околу 21:30 часот избувнал пожар во зградата која е на улица “Македонија“. Огнените јазици тргнале од вториот кат, како што неофицијално дознава Exclusive.mk.

Нема повредени и станарите во моментов се пред зградата. Противпожарните екипи стасале со мало задоцнување, но пожарот е изгаснат сега, велат дел од станарите.

„Брзо се ширеше дим, не извадија со маски за кислород“, вели станарка од четвртиот кат на зградата.

Полицијата е на лице место и противпожарните екипи.

Сведоци велат дека пожарот кога избувнал се забележувал од Рекорд, штто значи голем бил.

(при преземање содржини - информации и фотографии наведете извор)

Изјавите на Раста ја шокираа јавноста: Сакам да ја видам ќерка ми со џоинт во рака! (видео)

Стефан Ѓуриќ Раста отсекогаш консумира марихуана и тоа јавно и отворено, а водителката на телевизија IDJ го праша како на неговата ќерка ќе и објасни зошто го прави тоа.

Неговиот одговор ги изненади сите.

Погледнете го делот од интервјуто каде ја спомнува оваа тема:

Ексклузивно откриваме: Ова е младата пејачка со која Карлеуша планира да снима дует! (ВИДЕО)

Јелена Карлеуша подготвува две нови песни за ова лето и во последните неколку дена интензивно размислува за дует со пејачот Сенида.

Сенида направи вистински бум кај помладата популација со нејзината песна „Слаѓана".

Слушнете го нејзиниот актуелен хит:

Најчитани

Твитови