Без лекови и операции - Помогнете си сами, и кажете им збогум на проширените вени!

Поголемиот дел од луѓето развиваат проширени вени и отекување на нозете благодарение на брзиот начин на живот. Значаен фактор за појава на проширени вени е генетска слабост на ѕидовите на венските садови, кои постепено ја изменуваат структурата и ја губат својата еластичност. Статистичките податоци покажуваат дека во почетните фази, постојат начини за намалување на сериозноста на симптомите и спречување на прогресија на проширените вени. Повеќето од овие методи можат да се користат и дома.

Најлесен начин за да го одбегнете проблемот со проширените вени е одењето или лежењето наместо седењето и стоењето. Вежбањето и гимнастиката ќе им помогнат на нозете за подобра циркулација.

Препорачливо е интензивно вежбање, како што е возењето велосипед, пливањето или трчањето двапати неделно по половина час.

Подигнувањето на нозете може драматично да ги ублажи симптомите на проширени вени и отекување на нозете ако страдате од раните фази. За третманот да биде ефикасен, треба да ги кренете нозете над нивото на срцето. Обидете се да ги задржите во оваа позиција најмалку 20 минути 3-4 пати на ден.

Носење компресивни чорапи наместо обичните чорапи им помагаат на вените и на мускулите да ја движат крвта полесно. Истражувањата покажаа дека компресивните чорапи може да го намалат или спречат отекувањето. Луѓето кои патуваат многу и се цел ден на нозе или седат на маса обично купуваат компресивна облека за да го намалат отокот или непријатноста.

Масажата исто така помага за добра циркулација на крвта во вашето тело, особено во нозете. Главната техника за масирање на проширени вени е да бидете нежни, да се избегнува притисокот врз проширените вени. Ако почувствувате болка или каква било непријатност, прекинете со масажа и подигнете ги нозете.

Тамара Тодевска го покажа трудничкото стомаче! (ФОТО)

Тамара Тодевска е активна трудница, изгледа одлично, па речиси и не налкикува дека скоро е влезена во седмиот месец од бременоста. Неодамна објави фотографија каде што го покажува своето трудничко стомаче, па слободно можеме да кажеме дека бременоста ѝ прилега доста.

Тајни кои ги кријат личностите родени во знакот Вага!

Вагите се познати по тоа што имаат високо развиени логички способности, па умеат правилно да расудуваат. Меѓутоа, во продолжение откријте некои работи кои се помалку познати за овие личности.

Вагите тежнеат кон долги и значајни врски

Ретко која личност родена во знакот Вага ќе се пронајде во кратките врски без смисла. Тие се спремни да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност.

Тие се особено внимателни

Вагите знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Тие постојано го набљудуваат светот околу себе и си „прават белешки“ во својата глава за сето она што го гледаат.

Вагите умеат да бидат непредвидливи

Кога е во прашање Вагата, не постои секогаш баланс. Како воздушен знак, тие може да бидат непредвидливи. Во еден момент може да помислите дека целосно сте ги сфатиле овие личности, но веќе наредниот Вагата ќе направи нешто што не сте ни помислувале.

Најчитани

Твитови