Интересни опции за паметни телефони кои 90% од луѓето не ги знаат

Ако пред 10 години моравме да направиме 10 работи, ни требаа 10 уреди. Денес, кога има паметни телефони, можеме да остваруваме телефонски повици, да испраќаме пораки, да гледаме телевизиски емисии, да читаме весници и да плаќаме сметки. И не само тоа, паметните телефони можат да направат многу повеќе, но веројатно не сте свесни за тоа. Затоа откриваме нови 5 тајни и корисни функции на паметни телефони кои ќе ви го олеснат животот.

1. Зачувајте ја меморијата

Порано или подоцна, меморијата на вашиот телефон ќе биде полна. Потоа можете да префрлувате податоци на мемориска картичка, да користите услуги како Dropbox или да префрлувате податоци на вашиот компјутер. Сепак, постои друга опција - пренесете ги сите ваши податоци на Telegram Messenger, што ви овозможува да испраќате пораки и податоци за себе.

2. Телефон како камера за надзор

Користете ги старите телефони за да направите систем за набљудување или бебе аларм. Постојат апликации како Motion Detector Pro кои одговараат на движењата и можат да ви испраќаат фотографии веднаш штом некој ќе се појави во видното поле. Сепак, запомнете дека најдобро е да користите специјални уреди за оваа намена.

3. Телефон како автомобилска камера

Можете исто така да го користите телефонот како автокомплет со наоѓање на позиција со најдобар патен преглед и инсталирање на DVR апликации како AutoGuard Dash Cam и слично. Иако вистинските камери за автомобили се многу подобар избор, и ова може да биде од голема корист.

Никогаш нема побрзо да ослабете: Моќна диета со кисело млеко

Основна состојка на оваа диета е киселото млеко, намирница којашто исклучително позитивно влијае на метаболизмот.

Со помош на оваа диета може да ослабете 5 до 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи предвид дека се работи за исклучително рестриктивна диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена. 

Киселото млеко е исклучително корисна намирница којашто ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага за собирање и исфрлање на токсините од организмот и го поттикнува метаболизмот. 

Додека држите диета со кисело млеко се препорачуваат следниве намирници: природно кисело млеко – 500 грама дневно, овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големите количества на шеќер коишто ги содржат), месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино – со отстранета кожичка и маснотии), зеленчук – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола...).

Количеството на кисело млеко коешто ќе го употребите во поединечни рецепти зависи од вашите желби и вкус. Важно е да се внесе 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите тоа е веќе ваш избор.


Пример мени:

Појадок
Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.

Ручек
Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на ситни тркала, 100 грама варено месо, салата од краставица, домат и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимоната (без шеќер).

Попладневна ужинка
Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко испасирајте.

Вечера
Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).

Го нарекуваат „Мал мајмун“: Момче, родено со опашка од 15 см (фото)

Локалните медиуми ова момче го нарекуваат Јанг Јанг, а неговото семејство му дало прекар „мал мајмун“.  Иако неговите родители инсистирале тој да не оди на операција, сепак овој месец момчето направило операција.

Овој израсток кај Јанг Јанг се развил уште кога бил ембрион, како резултат на деформација на нервите, пренесуваат кинеските медиумите.

Во првиот месец по раѓањето, ембрионот создава структура која се вика нервна туба, и за многу кратко време на грбот се формира тој израсток. Кај овој дечко се случило некое пореметување, кое не е многу сериозно. Мајката на момчето имала нормална бременост. Лекарите ништо не констатирале кај плодот, за време на бременоста. Кога се породила мајката на Јанг Јанг сите доктори во болницата биле во шок.

Неговата баба мислела дека момчето со тој деформитет ќе заработува многу пари, но Јанг сепак одлучи да направи хирушки зафат и да биде како сите останати луѓе.

Најчитани

Твитови