Дневен хороскоп 17 05 2018

Дневен хороскоп 17 05 2018

Овен

Ќе направите нешто за кое не сте ни помислувале дека сте способни и ќе покренете лавина на возбудливи збиднувања. Ве очекува неплaнирано службено патување или можеби посета од далеку. Можна е љубов на патување или интимна поврзаност со личност која живее далеку од вас. Корисно ќе ги примените вашите знаења. Ќе се активирате со работа надвор од местото каде живеете.

Бик

Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во соувршувањето е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики. Здравје:солидно.

Близнаци

Бидејќи работите повеќе работи истовремено малку се одмарате, а повеќе се нервирате, па се наоѓате во една стресна состојба. Аеробик, спорт и што повеќе движење се одлично решение за излегување од кризата. Доколку бидете пасивни и од околината очекувате разбирање, а се трошите на непотребни работи навистина можни се големи проблеми и тоа особено со вашето здравје.

Рак

Работните интереси ви се нагласен, може да се случи да завршите некоја голема работа која многу ќе ви помогне за промените кои ги имате на памет. Финансиската ситуација ви се подобрува. Можеби ќе добиете некоја порака која ќе има необично пријатен ефект кај вас. За слободните Ракови ова е доста поволен ден за љубовни средби. Ве советуваме особено да обрнете внимание на вашето здравје.

Лав

Ќе морате што повеќе внимание да насочите кон работата игнорирајќи ги проблемите со колегите како и општите тешкоти кои не ќе можете да ги решите. Немојте да брзате некои тешкотии ќе исчезнат сами по себе. Морате да бидете поладнокрвни и поупорни. Во љубовта можеби нема да се исполнат очекувањата од вашиот партнер, но ќе почуствувате дека сепак нешто добро се случува. Здравје: добро.

Девица

Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се пониски цени. Здравје; солидно.

Вага

Ќе бидете творечи расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех. Можете да размислувате за решавање на вашето стамбено прашање, планирајте вселување, селидба и др. Ќе бидете наклонети кон трошење, но секако ќе имате и покритие. Купете за себе нешто што многу ќе ве радува.

Скорпија

Денеска се можни контакти со личности од верски или културни установи. Исто така можности за врски во странство или личности кои доаѓаат од странство. Што се однесува до љубовта во ова поле ве очекува изненадување од страна на вашиот партнер, а слободните Скорпии ќе бидат фасцинирани од личноста која ќе ја запознаат највероватно во друштвото со кое ќе бидат денеска. Здравје: чуствително.

Стрелец

Ќе имате проблеми во реализирањето на веќе започнатите работи, а можни се и нови работни задачи. Ќе ви биде тешко, бидејќи ќе намате некоја јасна претстава и добра организација. На емотивен план работите ги држите под контрола. Избегнувајте извршување на многу работи во исто време и површни акции. Здравствената состојба е чуствителна повеќе внимание обрнете на вашите нерви.

Јарец

Уживате во уметничките, но и во другите наколнетости. Денов е прекрасен за оние претставници кои се занимаваат со уметност, како и за оние кои работаат во здраство. Останатите припадници на знаков можеби ќе имаат проблеми со претерано конзумирање на шеќер и скроб. Па затоа би било добро овие производи да ги замените со природни витаними и повеќе овошје. Здравје: солидно.

Водолија

Ако некои работи подолго време сте го чувале само за себе и денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса да овој работен ден ви биде многу успешен. Во љубовта ден кога ќе се повлечете во себе и ќе се чуствувате осамени и напуштени. Совет: излезете забавувајте се не мислете на вашите проблеми едноставно уживајте во убавините на животот. Здравје: проблеми со синусите и воспаленија.

Риби

Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однeсување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите. Во љубовта ве очекуваат компромиси со партнерот. Здравје: внимавајте каква храна јадете, бидејќи постои можност од проблеми со варењето.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови