Драма на Клинички: Пациенти чекаат низ ходници - На докторите им се нуди трикотажа во подрум (фото)

Македонсото здравство од секогаш било мета на муабети дека е лошо и не чини, зборуваме за она државното здравство. Македонскиот народ кој месечно едвај, заработува 250 евра се лекува во државните болници, или барем така треба да биде. И да сака да се лекува на приватно каде што е сосема поинаку во однос на грижа, внимание и ред не може поради „високите“ плати. 

Осудени со 250 евра да платиме сметки (50 евра), ќирија (200 евра) и да си обезбедиме храна (100 евра) ние треба да стоиме простум низ болничките ходиниц. Доктори нема, а тие кои се тука едноставно тргнале негде и не те перцепираат. 

Барајќи друг доктор на ѕид ти излегуваат постери-известувања и соопштенија дека има „саем“ на трикотажа во подрумот на болницата - МОЖЕ И НА РАТИ СО ЛИЧНА КАРТА - стои како дополнување. 

Ако еден доктор не може да си купи постелнина во кеш... што повеќе...

Допис од читател.

Прегрнавте некого? Денес е светскиот ден на прегратката!

Денес се празнува светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а брзо бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегратката е начин да усреќите или утешите некого. Таа има инстантна моќ и позитивниот ефект се појавува веднаш и кај прегрнувачот и кај прегрнатиот. Со тој топол физички допир вие изразувате љубов, грижа, внимание, пријателство.

Не заборавајте дека никој не може да остане рамнодушен на искрена прегратка, па денес не ги штедете вашите раце и прегрнете што повеќе луѓе.

Сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење преку споделување на прегратки и љубов.

Карлеуша во Кина: Близок извор на семејството, открива што навистина се случило на роденденот на Тошиќ!

Јелена Карлеуша пред неколку дена, отпатува кај сопругот Душко Тошиќ за да се обиде да ги испегла односите по аферата.

Без оглед на фотографиите кои Јелена ги постираше од роденденската прослава на Душко, на кои сите се дотерани како за на црвениот тепих и се’ изгледа како среќна семејна веселба, останува отворено прашањето дали тоа навистина е така?

„Јелена не е сигурна дали Душко всушност преминал преку се’ и и’ простил? Додека е во Кина, се чини се’ е нормално, но сепак се чувствува напнатост. Така беше до последниот ден од нејзиниот престој со нејзините ќерки, без разлика за што со сопругот за се’ разговараа. Кога отиде кај Душко, јелена беше убедена дека брзо ќе се надмине оваа ситуација, но по неколку часа поминати таму, таа сфати дека ништо веќе нема да биде исто како порано. Иако сите се убедени дека е поблиску до одлуката за надминување на ситуацијата најмногу поради ќерките Атина и Ника, кои се неговиот центар на светот.“ - изјавил за српските медиуми, извор близок до двојката.

Мама Тамара го престави синчето Дарен на јавноста!

Пред еден месец, Тамара Тодевска стана мајка по втор пат.

Викендов нејзините фанови а и медиумите го запознаа Дарен. Имено Тодевска на својот Инстаграм профил објави две фотографии од синчето.

Па што мислите на кого личи повеќе на мама или на тато?

Најчитани

Твитови