Пола милион евра месечно! Карлеуша се повлекува од музиката?

Семејството на Јелена Карлеша е погодено од нешто за кое многумина сонуваат. Сопругот на поп дивата Душко Тошиќ отпатува за Кина да го потпише договорот на неговиот живот. Тој, всушност, во фудбалскиот клуб каде што тренер е Драган Стојковиќ, Пикси ќе има неверојатна плата од ПОЛА МИЛИОН ЕВРА МЕСЕЧНО, т.е. шест милиони евра годишно. Во оваа неверојатна понуда, премии, награди и договори за спонзорство не се вклучени, што исто така може да бидат милиони.

Веднаш се поставува прашањето дали Јелена ќе треба да продолжи да работи и да се справува со нејзината работа на начинот на кој го  правеше тоа досега, бидејќи нејзиниот сопруг ќе биде мултимилионер.

„Јелена не планира да престане да пее. Ниту пак ќе ги откаже своите концерти. Таа планира нов албум, како и голема концертна турнеја. Значи, сè останува како што беше“, вели изворот близу до музичката ѕвезда.

Позитива на денот: Куче стана хит на социјалните мрежи поради преслаткиот начин на кој го пречекува сопственикот!

Златен ретривер стана хит на социјалните мрежи, откако е снимен како се радува на доаѓањето на својот сопственик.

Иако видеото трае неколку секунди, тоа беше доволно да освои бројни срца на љубителите на животни на Интернет.

Ким Кардашјан на мета на критичарите поради изгледот на 5 годишната Норт: Нашминкана како триесетгодишна девојка!

Семејството Вест уживаше во концертот по мисата во неделата. Иако Канје направи добра атмосфера на сцената, ѕвезда на денот беше неговата петгодишна ќерка Норт Вест. Норт Вест носеше црн фустан со бретели кој од страна имаше моден додаток во форма на пердуви, а во комбинација со црни чизми Д-р Мартинс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Get it, Northie 🖤🙌🏽 Song: “Power” - Kanye West #SundayService

A post shared by Kardashian Jenner Kids FanPage (@dashkids) on

Многумина забележаа дека петгодишното девојче има професионална шминка, што го осудија преку социјалните мрежи бидејќи Ким Кардашјан неодамна изјави дека на галеницата ѝ дозволуваат шминка само кога игра додека е дома.

 

извор: Makfax

Најчитани

Твитови