Она што го јадете пред физичката активност од кој било вид може да го подобри секое следно вежбање, без разлика дали сте почетник или искусен спортист. Јадење правилна храна и во вистинско време, помага во активирање на мускулната маса, во зацврстување на коските и ја подобрува кондицијата.
Пред физичката активност на телото му требаат квалитетни, хранливи намирници кои содржат протеини, здрави маснотии и течности. Мускулите се потпираат на храна неопходна за нивно оформување и за создавање брза енергија, каква што се лебот, житарките, тестенините, оризот, овошјето и зеленчукот. Внесувањето на доволни количини протеини, освен за мускулите, е важно и за крвните садови кои ги носат хранливите материи и кислородот до нив. Неопходни се и течностите бидејќи инаку телото би имало тешкотии при правилно спроведување на физичката активност.
„Постојат верувања дека внесување поголема количина протеин е добро да се направи пред вежбање, но има и спротивни тврдења дека протеинот е добар и по вежбањето. За сите оние кои се грижат за своето здравје и формата на мускулната маса, внесувањето големо количество протеини е задолжително, а ниската концентрација на шеќери е нешто кое што, исто така, треба да се земе предвид. Нутри Протеинскиот леб на Жито Лукс е најдобро решение за внесување на протеини, кое дополнително се вклопува во секој оброк и со сите намирници. Јас, како сертифициран и професионален тренер, во својот фитнес центар, топло го препорачувам Протеинскиот леб на сите вежбачи, и како што и јас самиот практикувам, препорачувам да се консумира пред и по вежбање како прилог на оброкот,” истакнува Мирко Петровски, сопственик на ProjectFit во Скопје.
Нутри Протеинскиот леб на Жито Лукс содржи големо количество протеини, црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква кои го дополнуваат нутритивниот состав и вкусот на лебот, правејќи го одличен дел од секој здрав оброк.
