Имавте напоред ден и едвај чекате да си легнете. Ја ставате главата на перница и - фрустрација. Очите ви се ширум отворени и сонот никако да дојде. Постојано зјапање во часовникот за да видите уште колку време имате за спиење?

Правите грешка. Престанете. Немојте да се чудите ако се будите секое утро во 3 часот, затоа што самото зјапање во часовникот Ви го предизвикува тоа будење. Ако сте загрижени дека треба да спиете, размислувате само за тоа и резултатот е - несоница. Психолозите тоа го нарекуваат инсомниа, и најчесто се појавува кај луѓе што се опседнати со работа. Освен работа ова се и најлошите навики кои ни го уништуваат квалитетниот сон:
Aлкохол - Многу луѓе пијат алкохол за да можат лесно да се успијат, иако малкумина знаат дека и алкохолот предизвикува несоница. Луѓето што пијат алкохол се будат многу пати во ноќта, но не се свесни за тоа, затоа што свесноста се појавува после 6-8 минути будност.

Цигари - Со целосна почит кон пушачите, но тие мора да се свесни дека поради никотинот, се будат дополнителни 15-20 пати во текот на ноќта.

Кофеин - Обрнете внимание последната шоља кафе да ви биде 7 до 8 часа пред да заспиете. Кофеинот дава премногу енергија и тоа може да доведе до проблеми како што се несоница или пак немири во сонот.

Неправилната положба на главата исто така може да доведе до лачење на повеќе секрет од носот кој ќе ви попречи во спиењето. Најправилна положба за главата е кога ќе ги ставите рацете под главата и ќе легнете на страна.