Го победи ракот во последна фаза и години подоцна со насмевка ги посети лекарите кои и дале само 3 месеци живот!

Откако пред две години на Џуди Перкинс од Флорида лекарите и дале уште само три месеци живот поради рак на дојка во подмината фаза таа денес со насмевка им се врати на тие истите лекари потполно здрава. 

На 49- годишната американка откако и бил дијагностициран карцином на дојка во напредна форма и метастази низ целото тело не постоело начин да таа се лечи со конвенционална терапија. Во консултација со тим експерти таа се одлучила за нова експерипентална терапија. 

Кога телото се соочува со оваа болест, имунолошкиот систем на пациентот веќе се бори со туморот и ја губи битката, а загуби трпат белите крвни клетки во однос на ракот. Затоа лимфоцитите се отстрануваат од примерокот на крв на пациентот, во лабораторија се изложуваат на дополнителна супстанција која ги претвора во клетки убијци и се враќаат во организмот на пациентите.

Околу 90 милијарди такви станици биле вбризгани во телото на Џуди. Истите мутации кои предизвикуваат рак, всушност се негова Ахилова пета.

„Сè уште е многу експериментално и допрва учиме како се тоа да го работиме, но постои можност да се примени на секој вид на рак. Пред нас е уште многу работа, но терапијата има потенцијал- единствен лек за секој пациент„ - вели д-р Розенберг кој успеал со оваа терпија да ја излекува Џуди.

Околу една недела по почетокот на терапијата, почнав да чувствувам нешто, како да ми се намалува туморот во градите. Неколку недели подоцна туморот целосно исчезна, изјавила 49-годишната американка во интервју за Би-Би-Си, која во моментов ужива патувајќи низ светот.

Инспиративни цитати од Алберт Ајнштајн!

Инспиративни цитати од Алберт Ајнштајн:

Имагинацијата е поважна од едукацијата.

Најтешка работа на светот за сфаќање е данокот на добивка.

Човек почнува да живее кога ќе успее да се надживее себе си.

Господ е многу комплексен, но не е злобен.

Никогаш не размислувам за иднината. И онака доволно брзо доаѓа.

Слабост во ставовите, претставува слаб карактер.

Науката без религија е бесмислена, религијата без наука е слепа.

Секој којшто не згрешил ништо, никогаш не пробал нешто ново.

Големите души често наидувале на агресивност од страна на малите умови.

Постојат два начини да го живеете својот живот: Едниот е да верувате во чуда, другиот, да не верувате во чуда.

Здравиот разум е збир на предрасуди кои ги формираме до осумнаесеттата година.

Единствената работа којашто ми пречи во учењето, е моето образование.

Мирот не може да се постигне преку сила. Единствено преку разбирање.

За решавање на проблемите не можеме да го користиме истиот начин на размислување како кога сме ги создале.

Ако А е успех во животот, тогаш А=X+Y+Z. Во равенката, X е работа, Y е забава, а Z е да ја држите устата затворена.

Две работи се бесконечни. Универзумот и човечката глупавост. Иако, не сум сигурен за универзумот.

Стравот од смртта е најнеоправданиот од сите стравови, бидејќи, не постои ризик од несреќа кога сте мртов.

Единствено живот проживеан за другите е живот вреден за живеење.

Најубавите работи во животот не се оние кои ги добиваме со пари.

Оној кој ги цени вредностите на културата, не може да не биде пацифист.

Национализмот е инфантилна болест. Тоа се сипаници на човештвото.

Немам некои посебни таленти. Јас сум само многу љубопитен.

Секој маж кој вози внимателно додека ја бакнува својата девојка, едноставно не обрнува внимание на бакнежот колку што би требало.

Настојувајте да не нижете успеси, туку да створите вредности.

Секоја будала може да знае по нешто. Поентата е да ги разбереш работите!

Во средиштето на тешкотијата, лежат безброј можности.

Малкумина се оние кои гледаат со своите очи и чувствуваат со своето срце!

Интуитивниот дух е божји дар, а рационалниот дух е верен слуга. Ние создадовме општество кое го слави слугата, а го заборава божјиот дар!

Животна трагедија е она што умира во човекот додека е сè уште жив!

Научете ги правилата и тогаш ќе играте подобро.

Мерата за интелигенција е способноста на човекот да се промени.

Пролетен тренд - Кошули со отворен грб!

Неверојатно женствени, а истовремено и елегантни, кошулите со отворен грб ќе бидат парче облека кое секоја жена ќе мора да го има во гардероберот за пролет 2019.

Внесуваат доза на сексапил без да откривате премногу, а одговараат на буквално секаков тип на панталони и фармерки.

Одлично се трансформираат од дневно во вечерно парче гардероба, па затоа може да ги носите и за дневните обврски, а штом облечете високи потпетици во комбинација со нив – имате добитна модна комбинација за сите свечености.

Знаци и ситуации по кои ќе препознаете човек без манири!

Домашното воспитување, културата и манирите се нешто што не смее да го заборавите во било која ситуација, во било кој дел од денот.

Во модерното време, човекот без манири најлесно ќе го препознаете во следниве ситуации:

1. Не знае за приватност во јавен тоалет.

2. Носот се празни брзо, подалеку од луѓе и уште подалеку од храна и пијалаци. Секој што ќе прекрши некое од овие правила, има недостаток на бон-тон.

3. Имаат храна меѓу забите и не се грижат да ја исчистат.

4. Забораваат да си го закопчат патентот.

5. Не обрнуваат внимание на тоа како им мириса телото.

6. Загризуваат премногу жешка храна, па ја ладат со отворање на устата.

7. Комплиментите им се граничат со манијакалност.

8. Не прашуваат пред да направат или објават фотографија со друг човек.

9. Постојано одат во тоалет кога треба да се плати сметката. Или немаат извадено кеш во нив.

10. Не го нудат своето седиште во јавен превоз на трудници и постари, изморени лица.

11. Носат искинати фармерки секаде, на секакви места и настани.

М. Д. | Црнобело

Најчитани

Твитови