Како да ја намалите температурата во жежок автомобил?! Еве трик кој ќе ви помогне!

Со доаѓањето на летните температури на секој возач му паѓа тешко кога ќе помисли дека треба да седне во автомобил кој неколку часа бил паркиран на сонце. И покрај клима уредот кој го има во скоро секоја кола, првично мораме температурата да ја намалиме природно за побрзо да делува. 

Но, што да правите до тогаш, ако немате време за чекање? Погледнете го видеото и решете го овој проблем многу брзо...

Потресна исповед на 29 годишна девојка која започнала љубовна врска со џихадист!

29 годишната Кимберли Мајнерс од Лондон тврди дека по пат на интернет започнала врска со регрутатор од Исламската држава во Велика Британија, Навид Хусеин и дека за малку ќе завршела во Сирија како негова жена. Кимберли, инаку гламурозен модел, открила дека регрутаторот на терористичките групи се обидел да ѝ го испере мозокот и да ја наговори да дојде во Сирија и да стане нова „бела вдовица“, како Сали Џоунс, џихадистка од Велика Британија која загинала во Сирија заедно со синот по воздушен напад.

Таа вели дека поради осаменост, на друштвените мрежи се спријателила со луѓе од Сирија, па за разлика од гламурозните фотографии кои порани ги објавувала, почнала да објавува фотографии на кои лицето ѝ е целосно покриено. Тогаш била, како што вели, опседната со Хусеин.

Таа била уапсена минатата година откако биле откриени пораки со него во кои ѝ испратил упатства за правење бомби.

„Сега се срамам од тоа, но ми годеше вниманието. Бев толку осамена, а со него се чувствував како негде да припаѓам.“ раскажала и додала дека била многу потиштена по спонтаниот абортус и прекинот со вереникот.

8 години по ред беше вистинска ѕвезда на секое Светско првенство. Погледнете како изгледа денес Лариса Рикелме!

Пред 8 години на Светското првенство кое се одржа во Јужна Африка сите очи покрај во фудбалерите, беа вперени во навивачката на Парагвај која се прослави со своите бујните облини и провокативни изданија на трибините. И овој Мундијал не може да помине а да не се присетиме на Лариса Рикелме.

И ако мислевте дека ќе ве изненадиме со некоја нова фотографија на која таа изгледа проклето секси, овој пат не. За жал на многумина, „навивачката“ кариера на оваа згодна бринета е завршена, а таа денес е целосно посветена мајка и сопруга. Во моментов се бави со мода и глума па себеси се претставува како блогерка и актерка. А како изгледа денес? Погледнете...

Жари и пали: Кејт Аптон најсекси жена за 2018 година! (ФОТО)

Американскиот топ модел Кејт Аптон повторно ја краси насловната страна на списанието „Максим“, и овој пат со минимално облека на себе успеа да го привлече вниманието на сите. Без конкуренција и оваа година Кејт ја понесе титулата најсексапилна жена!

Фотосесијата за списанието е снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон! 

Најчитани

Твитови