Животот како на хорор филм: Вака живеат сексуалните работнички во градот - бордел Кандапара! (ГАЛЕРИЈА)

Бангладеш е една од ретките муслимански земји во светот каде проституцијата е легализирана.

Кандапара борделот во областа Тангаил е најстариот и втор по големина бордел во земјата, постои повеќе од 200 години. Беше срушен во 2014 година, но повторно беше вратен во употреба со помош на локалните невладини организации. Многу жени се родени и пораснати во овој град-бордел.

Посетителите и поддржувачите на борделот веруваат дека сексот е работа како и секоја друга работа и дека тие жени не сакаат да работат нешто друго. Денес, овој борделски кварт е опкружен со ѕид и е место со правила и хиерахија на моќта кои многу се разликуваат од остатокот на тамошното општество. Во рамките на борделот, жените се слаби, но и моќни. Најзагрозени се тогаш кога влегуваат во борделот, тогаш се викаат „врзани девојки“ и обично имаат од 12 до 14 години.

26-годишната Јасмин има два сина. Таа како тинејџерка побегнала од дома кога родителите се обиделе да ја омажат. На улиците на Бангладеш ја пронашол макро кој ја продал во борделот Кандапара. Редовно била тепана од претпоставената бидејќи се обидела да побегне и втор пат, овој пат од борделот.

13-годишната Асма Рајамони била родена во борделот бидејќи и нејзината мајка работела таму. Се откажала од училиште бидејќи другите деца ја малтретирале поради работата на нејзината мајка. Асма не сака да работи во бордел, а Кандапара е сега нејзин дом.

Овие девојки обично доаѓаат од сиромашни семејства и често се жртви на трговија со луѓе. Немаат слобода или права. Им припаѓаат на некоја од постарите жени, често имаат долгови. Откако ќе ги исплатат своите долгови стануваат независни сексуални работнички. Тогаш можат да си ги бираат клиентите и да ги одбиваат оние кои не им одговараат, како и да ги задржат заработените пари.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Тест: Колку брзо Ви работи кликерот!?

Една жаба е заглавена на дното од бунар длабок 30 метри. Обидувајќи се да излезе, таа секој ден скока по три метри, но секоја ноќ се лизга надолу по два метри.

Првиот ден таа има 30 метри за поминување, вториот 29 метри, итн. За колку дена жабата ќе излезе од бунарот?

Првичната мисла можеби не е точна…

Најчитани

Твитови