Ариана Гранде се омажи по само 4 недели врска!

Со само еден твит, Аријана Гранде ги потврди шпекулациите дека се верила со нејзиното момче, комичарот Пит Дејвидсон по само еден месец врска. 

Откако еден од фановите ѝ напиша „Се надевам дека тој знае дека и со нас се венча“

24-годишната пејачка одговори: „Известен е“

Пит, кој се прослави како најмладиот комичар ангажиран во шоуто Saturday Night Live, неодамна ги покажа двете тетоважи посветени на Аријана, нејзините иницијали и логото со зајачки уши.

Врската ја пфицијализираа во мај оваа година, откако и двајцата ги окончаа претходните врски. Таа со раперот Мек Миле а тој со Кази Дејвид, ќерката на комичарот Лари Дејвид.

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови