Корисни совети од експертите како да го намалите потењето и непријатната миризба!

Еден од најнезгодните проблеми поврзани со топлото време е засиленото потење кое предизвикува и непријатна миризба. За среќа, постојат трикови кои ќе ви помогнат помалку да се потите и да ја редуцирате непријатната миризба:

Кажете „НЕ“ на зачинета храна - Дали сте забележале дека после многу лута храна се потите повеќе од вообичаено? Тоа е поради тоа што вашето тело на лутата храна реагира еднакво како и на високата температура, се обидува да ве олади. 

Користете дезодоранс НО правилно - Поголемиот број луѓе погрешно користат дезодоранс. Ако ставате наутро и вие сте меѓу нив. На дезодорансот му е потребно време за да почне да дејствува и потребна му е сува површина на кожата. Наместо после будење, обидете се да го употребувате пред спиење.

Лесна и памучна облека - На високи температури избегнувајте да носите тесни алишта и облека правена од вештачки материјали, бидејќи таа не го пропушта воздухот, па дополнително се потите, а се појавува и непријатна миризба. 

Бидете физички активни - Иако вежбањето обично го поврзуваме со многу потење, сепак ќе го постигнете спротивното. Да, ќе се потите за време на тренинг, но подоцна ќе се потите многу помалку. Со вежбањето се намалува лачењето на хормонот за стрес коритизол и се зголемува отпуштањето на хормонот за среќа ендофрин.

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови