Митови за избегнувањето на несакана бременост

Постојат многу медицински одобрени методи кои претставуваат ефективен начин на контрацепција. Но, постојат и други методи кои некои луѓе сметаат дека се ефективни, а всушност се само мит. Еве ги најраспространетите митови поврзани со избегнувањето на несакана бременост:

Не може да останам бремена при првиот сексуален однос.

Грешно! Оплодувањето може да се случи без разлика дали тоа е првиот, вториот или стотиот пат кога сте имале сексуални односи.

 Оплодувањето може да се случи и за време на првиот сексуален однос

Нема шанси да останам бремена додека дојам.

Доењето не е сигурен метод за избегнувањето на бременост. Иако е точно дека ја одложува овулацијата, сепак доењето не е гаранција дека таа нема да настапи. Доилките кои не планираат да имаат уште едно дете треба да користат контрацепција.

Нема да останам бремена ако имаме секс стоечки или ако јас сум одгоре.

Некои луѓе кои веруваат дека ако жената стои исправена, тоа ќе ги спречи сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката и ќе го оневозможи оплодувањето. Тоа не е точно. Откако мажот ќе ејакулира, сперматозоидите веднаш ќе започнат да се движат кон јајце-клетката. Стоечката положба (или било која друга) воопшто не е ефикасен метод за избегнување на бременост.

Нема да забременам ако мојот партнер „излезе“ пред ејакулација.

Многу парови го практикуваат повлекувањето пред ејакулација како метод за избегнување на несакана бременост. Иако со повлекувањето на партнерот пред ејакулација шансите за забременување се намалуваат, сепак тие се реални. Пред да настапи ејакулацијата, од машкиот полов орган се лачи течност која може да содржи и сперма. Освен тоа, на парнерот ќе му биде тешко да се контролира пред настапувањето на оргазмот поради големата возбуда, па може да се случи да не се повлече навреме ако нема силна волја. Затоа, ако сакате да избегнете бременост, подобро е да користите други методи за контрацепција.

Два кондома се поефективни од еден.

Напротив, во текот на сексуалниот однос може да дојде до триење помеѓу кондомите, па се зголемува веројатноста од нивно кинење или пукање. Затоа, воопшто не се препорачува користењето на два кондома еден над друг.

Нема да забременам ако се истуширам или ако уринирам по односот.

Постојат многу девојки кои сметаат дека туширањето или уринирањето по завршувањето на сексуалниот однос ќе им помогне да ја избегнат бременоста. Вистината е дека ако партнерот ејакулира во вас и не користите друг метод за заштита, ниту туширањето, ниту уринирањето нема да ја спречи спермата да продолжи да се движи во женските репродуктивни органи.

Таблетите „ден потоа“ предизвикуваат абортус.

Многу луѓе погрешно сметаат дека таблетите за ургентна контрацепција ја прекинуваат бременоста. Таблетите „ден потоа“ го спречуваат оплодувањето, но ако веќе сте бремена, тие нема да предизвикаат прекратување на бременоста.

Прегрнавте некого? Денес е светскиот ден на прегратката!

Денес се празнува светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а брзо бил прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегратката е начин да усреќите или утешите некого. Таа има инстантна моќ и позитивниот ефект се појавува веднаш и кај прегрнувачот и кај прегрнатиот. Со тој топол физички допир вие изразувате љубов, грижа, внимание, пријателство.

Не заборавајте дека никој не може да остане рамнодушен на искрена прегратка, па денес не ги штедете вашите раце и прегрнете што повеќе луѓе.

Сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење преку споделување на прегратки и љубов.

Карлеуша во Кина: Близок извор на семејството, открива што навистина се случило на роденденот на Тошиќ!

Јелена Карлеуша пред неколку дена, отпатува кај сопругот Душко Тошиќ за да се обиде да ги испегла односите по аферата.

Без оглед на фотографиите кои Јелена ги постираше од роденденската прослава на Душко, на кои сите се дотерани како за на црвениот тепих и се’ изгледа како среќна семејна веселба, останува отворено прашањето дали тоа навистина е така?

„Јелена не е сигурна дали Душко всушност преминал преку се’ и и’ простил? Додека е во Кина, се чини се’ е нормално, но сепак се чувствува напнатост. Така беше до последниот ден од нејзиниот престој со нејзините ќерки, без разлика за што со сопругот за се’ разговараа. Кога отиде кај Душко, јелена беше убедена дека брзо ќе се надмине оваа ситуација, но по неколку часа поминати таму, таа сфати дека ништо веќе нема да биде исто како порано. Иако сите се убедени дека е поблиску до одлуката за надминување на ситуацијата најмногу поради ќерките Атина и Ника, кои се неговиот центар на светот.“ - изјавил за српските медиуми, извор близок до двојката.

Мама Тамара го престави синчето Дарен на јавноста!

Пред еден месец, Тамара Тодевска стана мајка по втор пат.

Викендов нејзините фанови а и медиумите го запознаа Дарен. Имено Тодевска на својот Инстаграм профил објави две фотографии од синчето.

Па што мислите на кого личи повеќе на мама или на тато?

Најчитани

Твитови