Иванов: Договорот со Грција е штетен и нема да го потпишам (видео)

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оцени дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија, дека е лична одлука и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров и дека нема да го потпише. 

Во ТВ-обраќање до граѓаните, шефот на државата рече дека со договорот што вчера беше постигнат и објавен меѓу Заев и Ципрас се  напуштени државните позиции за неменување на Уставот и неприфаќање име за севкупна употреба.

Смета дека е штетен и како таков единствен во историјата на човештвото, со кој се крши Уставот и законите, недостоинствен и донесен нетранспарентно. 

- Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведиочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија,  рече Иванов, појаснувајќи дека не се менува само уставното име, туку и преамбулата на Уставот и сите негови членови каде се спомнува Република Македонија. 

Праша дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања и ултиматуми, додавајќи дека со овој договор се отвораат повеќе прашааа отколку што се затвораат и смета дека тој ќе предизвика несогледливи последици  за Македонија и македонскиот народ. ЕУ и НАТО, рече Иванов, не смеат да бидат алиби за штетен договор и тој не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира. 

- Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната  независност. Погазено е се што е свето за Република Македонија, истакна Иванов. 

На крајот од обраќањето тој повтори дека нема да поддржи и потпише, како што рече, ваков штетен текст на договор. 

Месечниот циклус го открива животниот век!

Истражување на Универзитетот во Сан Диего чии резултати се објавени во списанието “Менопауза“ проучени се податоци од 16.000 жени во менопауза. Меѓу испитаниците кои ја добиле првата менструација ја добиле на 12 или повеќе години односно во менопауза влегле со 50 или повеќе години биле најмногу од оние кои доживеале 90 години.

“Откривме дека жените кои добиле менструален циклус после 16 година, имаа помали здравствени проблеми, како коронарни болести на срцето и жените кои влегуваат во менопаузата подоцна, често се со одлично здравје што може да биде објаснување на нашето откритие“, изјави авторот на студијата Аладин Шадиаб.

Секој прст на раката е поврзан со одреден орган: Доколку ги масирате 60 секунди болката од дел на телото ќе исчезне!

Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзана со одреден орган во телото, како и дека за подобрување на работата на овој орган и за отстранување на некои вообичаени здравствени проблеми, како што се главоболка и затворот, можеме да влијаеме преку одреден прст.

Всушност, секој прст на нашата рака, според алтернативната медицина, е поврзана со некој орган и со одредена физичка болка.

За да ја отстраните болката, масирајте одреден прст и многу брзо симптомите треба да се ублажат или да исчезнат. Доволно е само 60 секунди триење да ја почуствувате промената на подобро.

Објаснување:

Палецот е поврзан со срцето и белите дробови. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате дека срцето ви чука (пре) силно и кога ќе се задишете и останете без воздух.

Показалецот е поврзан со бубрезите и бешиката. Масирајте го овој прст кога ве мачи затвор или диареа. Масирајте го и во случај да имате проблеми со слезината и желудникот.

Средниот прст е поврзан со жолчната кеса и црниот дроб. Масирајте го овој прст кога ќе ве мачи несоница, мигрена или кога во текот на возењето ќе почувствувате мачнина.

Четвртиот прст е поврзан со дебелото црево. Масирајте го овој прст, ако ве мачи главоболка, мигрена и вкочанетост и болка во вратот, што може да биде последица на слаба циркулација.

Малиот прст е поврзан со тенкото црево. Масирајте го овој прст кога ќе почувствувате тешкотија и нервоза.

Заборавете на антибиотици: Домашен сируп против кашлица! (Pецепт)

Сезоната на вируси започна, затоа навреме веднаш спречите ги бактериите. Главоболка, температура и кашлица се најчести симптоми. Затоа заборавете на антибиотици, бидедејќи ви нудиме природен начин како да превенирате и воедно излечите настинка со овој домашен сируп...

Состојки:

200 гр шеќер

300 мл вода

6 ловорови листови

1 лажичка жалфија 

1 лажичка бел слез

1 лажичка камилица

Подготовка:

Растопете го шеќерот на ниска температура за да добие кафеава боја. Додадете ги и останатите состојки и нека врие три минути. Тргнете од огин и кога ќе се олади сипете во стаклена тегла која претходно која ќе ја чувате во фрижидер.

Поголемите деца и возрасните нека конзумираат по една супена лажица неколку пати дневно, помалите деца по една кафена лажица.

Најчитани

Твитови