Македонските ракометари повторно на Светско првенство

Македонските ракометари иако поразени од Романија сепак се пласираа на завршницата на СП 2019 во Германија и Данска 

Македонија загуби од Романија со 25-26 полувреме 11-12, во реванш дуелот од баражот за пласман на Мундијалот, но благодарение на победата со 8 гола разлика (32-24) на првата средба во Скопје, Македонија е селекцијата која ќе игра на Светското првенство.

Нашите ракометари добро го отворија мечот и во 10.минута во два наврати имаа три гола предност (4-1 и  5-2). 

Предноста ја одржуваа се 16-минута кога водеа со 7-6, по што следуваше серија на домаќинот од 5-1 за водство на Романците од највисоки три гола 11-8 во 22.минута. 

До крајот на полувремето ние постигнавме три, а противникот еден гол, па на одмор Македонија замина со гол негатива 11-12.

И во вториот дел, исклучок два наврати кога беше нерешено, Романците постојано имаа предност, па на крајот сосема заслужено забележаа победа. 

Дејан Манасков со 7 и Кирил Лазаров со 6 постигнати гола беа најефикасните ракометари во нашиот национален тим, кој без разлика на поразот, сепак на крајот можеше да се радува на пласманот на СП.

За Македонија ова ќе биде седмо учество на Мундијалите, а шесто во низа.  

За оваа генерација на ракометари предводена од капитенот Кирил Лазаров, шампионатот во Германија и Данска ќе биде и последната шанса да се оствари сонот, односно настап на Олимписките игри. 

Имале секс секој ден во месецот - крајниот ефект сите ќе ве „заскокотка“ (видео)

Три пара, од кои два хетеросексуални и еден хомосексуален, го прифатиле предизвикот - одлучиле да водат љубов секојдневно во текот на 30 дена.

- Сексот ја одржува хемијата, физичкото зближување со саканата личност помага емотивно, дури и духовно да се поврзете, тврди сексуалниот терапевт Ава Кадел.

Сепак, паровите приметиле дека секојдневниот секс воопшто не е толку забавен како што очекувале.

Еден од паровите „паднал’“ веќе на осмиот ден, а другите признале дека им било страшно тоа што најубавата работа на светот им се претворила во обврска.

- Испадна многу, многу потешко отколку што очекувавме, заклучија сите парови.

На крајот од предизвикот признаа дека повеќе никогаш нема да го форсираат „распоредот“ на сексот, но дека ова искуство им ги отворило очите.

Секс совети за мажи од искусни БИСЕКСУАЛНИ жени

Многу мажи сметаат дека знаат сè за женското тело и задоволство, а празнините ги пополнуваат со порно и машки разговори.

Но, вистината е дека најголем експерт за женската анатомија и оргазам се бисексуалните жени. Тие самите испорачуваат задоволство на другите претставнички од својот пол, како и истражуваат и на кој начин им делуваат машките милувања.

Затоа неколку дами смело одлучија да ги посоветуваат претставниците на посилниот пол за тоа како да се справат најдобро во кревет:

Нема правило за женскиот оргазам

Може да сте прочитале десетици материјали за она што ги возбудува, но секоја жена е единствена и не може да биде потчинета на неколку научни или уметнички описи. Подобро експериментирајте, зборувајте отворено и нека таа да ви поткаже како да ја задоволите.

Гледајте порно колку сакате, но не учете движења од него

Сексот треба да се базира на заемно задоволство. Сите знаеме дека во порно женските оргазми се симулација и сè се врти околу тоа мажот да заврши. Односно – фокусот е на неговото задоволство. Често предиграта и оралните бакнежи, насочени кон жените, се незадоволителни, а грубото влечење и тресењето не се манири за повеќето жени и наместо радост, им носи болка.

Посветете внимание на врската со градите

Иако мажите знаат дека градите се ерогена зона, тие продолжуваат да им испуштаат помалку внимание. Или, поаѓајќи од горната точка, да ги третираат како балони со вода, кои можат да ги стискаат со која сила сакаат. Женските гради треба да се третираат со нежност. За да ги возбудите, користете не само прсти, туку и јазик и менувајте го интензитетот на притисокот врз нив.

Половиот орган е најсилното оружје, но тој не учествува во сите “битки”

Сексот не е само пенетрација. А, и да бидеме искрени, овој дел од него не трае доволно долго (кај дел од мажите), за да задоволи една жена и да ѝ донесе оргазам. Загревањето, предиграта и оралните бакнежи се многу важни компоненти, за да може таа да се наслади на вистинскиот дел на актот и да посака повторување. Допирајте ја нежно, дразнете ја, зборувајте ѝ немирно, обожувајте ја со уста и прсти, и само тогаш покажете ѝ ги тајните движења.

Не престанувајте да ѝ кажувате со зборови колку ви се допаѓа нејзиното тело 

Жените сакаат со ушите, сте слушнале стотици пати, нели? За да ја натерате да се опушти и да биде поактивна во креветот, таа има потреба да слуша колку ја сакате и колку секси ја сметате. Комплиментите делуваат како афродизијак на дамите и ништо чудно таа да ослободи лавица во себе.

Марија Шерифовиќ и покрај дождот собра над 10 000 луѓе во Нови Сад - Еве дел од спектаклот (фото)

Поп ѕвездата Марија Шерифовиќ вчера вечер во рамки на фестивалот Тамбурица фест во Нови Сад одржа спектакуларен концерт.

И покрај лошите временски услови таа собра публика над 10 000 фанови.

Најчитани

Твитови