Медицината со откритие: Колку секс неделно е доволно за добро здравје?

Сите сексуални стручњаци и психолози ќе ви кажат дека сексот е особено добар за здравјето, но колкава полза ќе имате од него зависи исклучиво од вас.

Колку повеќе имате секс, толку ќе бидете поздрави, а во зависност од бројот на денови во текот на неделата  кои ги поминувате во спалната соба, ќе имате помалку или повеќе здравствени предности.

1. Еднаш неделно

Сексот еднаш неделно позитивно влијае на вашата линија. Водењето љубов го поттикнува лачењето окситоцин, хормон на љубовта кој освен што поттикнува блискост меѓу партнерите, допринесува и за помирен и поквалитетен сон.

Повеќе сон – помалку килограми бидејќи спиењето го регулира лачењето на хормонот грелин и лептин кои се одговорни за чувството на глад.

 

2. Два пати неделно

Оние кои уживаат во сексот најмалку двапати неделно имаат за 30 отсто повисоко ниво на имуноглобин, а на организмот му помага да се одбрани од болеста, покажале некои американски студии. Ако имате редовен секс, имунитетот ќе ви биде посилен, па помали се шансите да добиете некоја инфекција.

 

3. Три пати неделно

Многу е позабавна акцијата во кревет со некој што го сакате отколку да вежбате во теретана. Сексот го зголемува бројот на срцеви отчукувања и ја забрзува циркулацијата на крвта.

Луѓето кои уживаат во сексот најмалку трипати неделно двојно помалку се изложени на ризикот од инфаркт отколку оние кои поретко го практикуваат.

 

4. Четири пати неделно

Ако имате секс четири пати во неделата ќе добиете беспрекорен тен. Ако често сте „зафатени“ во спалната соба, може да изгледате многу помладо.

За време на сексот се произведува поголемо количество на колаген, кој ја спречува појавата на борите и пегите на кожата, велат лекарите од кралската болница во Единбург.

 

5. Пет пати неделно

Редовен сексуален однос го подигнува општото ниво на енергија, нè прави оптимистични и креативни на сите полиња. Освен тоа, вашиот однос со партнерот ќе биде поквалитетен, вели д-р Фишер.

 

6. Шест пати неделно

Сексот нè прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме и „експлозија“ на хормони од кои многу влијаат и на нашата интелектуална моќ на најдобар можен начин.

 

7. Седум пати неделно

Ако успеете ова да го изведете, секоја чест! Не дозволувате ниеден фактор да ви го попречи уживањето во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стресот и го ублажува анксиозното пореметување кое е честа појава во денешно време, покажале истражувањата, а објаснувањата за тоа се кријат во зголеменото лачење ендофрин предизвикан од водењето љубов.

Брачните терапевти тврдат: Разводот не е неуспех, туку доказ дека бракот бил успешен!

Бракот и понатаму може да се смета за успешен дури и ако заврши со развод, велат психотерапевтите. Брачните советници тврдат дека бракот е дизајниран со цел луѓето да можат да "растат" - и понекогаш ја "прераснуваат" таа врска.

Важно е да се прифатат промените во бракот, а не да се стравува од нив.

Хал Рункел, брачен терапевт од Атланта вели дека "бракот има една цел", а тоа е луѓето да постигнат личен раст во него. Во својата пракса тој вели дека никогаш не ги предомислувал партнерите ако тие одлучиле да се разведат, а според него, разводот не претставува неуспех.

"Бракот е совршено дизајниран за да ни помогне да пораснеме. Тој создава предизвици, ја открива нашата себичност и незрелост. А тоа е добра работа. Тој постојано бара од вас психички да растете и да се развивате, а тоа понекогаш значи и разделба од вашиот партнер", вели Рункел.

Њујоршкиот психолог Лаура Маркам се сложува со Рункел и додава:

"Да бидете способни да ги прифатите околностите и искуствата во животот како прилика за развој, а не како нешто што ќе ве направи среќни или несреќни е клучот за задоволство во врската".

Причини зошто Ви доцни менструалниот циклус а не е во прашање бременост!

Доколку менструалниот циклус Ви доцни не мора да значи дека станува збор за хормони, бременост или прерана менопауза. Обрнете внимание дали го запоставувате Вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика нарушен месечен циклус.

Некои од причините можат да бидат стресот, патувањата кои се шок за организмот и премалку сон. 

Стрес

Стресот може да се предизвика од трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, раскинување, преселување или губење на работно место. Сите ситуации кои нагло се случуваат во Вашиот живот значително го зголемуваат нивото на стрес.

Имено, стресот влијае на делот на мозокот под името хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, помеѓу сè и менструалниот циклус, кој може да биде нередовен, а крварењата да се обилни или многу слаби.

Патување

Патувањата посебно оние подолгите можат да бидат голем шок за телото. Несоницата, нервозата и уморот се само некои од симптомите за нередовна менструација поради различните временски зони.

Таквите промени влијаат на циклусот, кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата би требало да се нормализира после два до три циклуси.

Малку сон

Одмор не е седење пред ТВ, туку мора да се наспиете. Малку сон може да предизвика бројни негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, умор и омалаксаност, но и пореметување кај менструалниот циклус.

Докажано е дека на човекот му се потребни 7 до 9 часа сон и поради тоа е потребно да се променат дневните рутини и да му овозможите на телото доволно време да се одмори.

Ангелика Кенова вистинска жива Барбика: Изгледа како кукла и живее под „стаклено ѕвоно“! (ФОТО)

На сите ни е познато дека девојките од Русија се исклучително убави и дека имаат многу додворувачи, но приказната на Ангелика Кенова е нешто што не го гледаме секој ден.

Таа никогаш не излегува сама од дома, бидејќи постојано со неа има телохранители. Имено, медиумите веќе пишуваа за тоа дека Ангелика е многу убава, па родителите ја штитат од момчињата.

Ангелика изгледа како човечка Барбика, а изгледа дека тоа предизвикува големо внимание. Таа истакнува дека нејзините родители постојано ја гледале како вистинска принцеза и дека не ја пуштале да излегува сама.

Не излегувала со момчиња, како другите девојки, не води нормален живот, бидејќи изгледа како кукла.

"Додека бев девојче, родителите ме претвораа во Барбика и ми беше драго што луѓето така ме доживуваа, бидејќи таа е идол на девојките ширум светот", рекла таа.

Напоменува дека немала пластични операции и дека сѐ што е на неа е природно. Меѓутоа, многумина не веруваат во нејзината приказна.

Додава и дека родителите ја тераат редовно да вежба, па признала дека сака да го напушти својот живот кој сега е под "стаклено ѕвоно" и да почне да живее како сите други нормални девојки.

Најчитани

Твитови