Следи продолжен викенд: Еве што ви препорачува астрологијата!

Овен - Не верувајте им премногу на луѓето. Тие единствено го сакаат вашиот неуспех. Затоа, овој продолжен викенд потрудете се да останете глуви на нивните коментари и поминете ги деновите во друштво на оние кои навистина ви се блиски.

Бик - Кој рече дека среќата и парите не одат заедно? Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаат пријателите.

Близнаци - Ова нека ви биде продолжен викенд за мали задоволства. Отидете во некој ресторан и изедете ја пицата за која долго време не можевте да соберете храброст. Една пица помалку или повеќе нема да ве здебели.

Рак - Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите на сѐ негативно. Прошетка со пријателите до друг град звучи интересно, нели?

Лав - Не двоумете се, соберете храброст и јавете ѝ се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на кафе и видете што ќе ви каже. Ако оди сѐ според планот, тогаш збогувајте се со сингл периодот.

Девица - Овој продолжен викенд потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Помогнете му на некој пријател кој е во неволја и дајте му некој корисен совет. Можеби комуникативноста не е вашата јака страна, но, викендов ви е потребна забава и социјализирање.

Вага - Со вашата интелигенција и трпение овој продолжен викенд ќе ги победите сите лоши чувства и проблеми кои ќе ви дојдат на патот. Еден ден од викендот посветете го на вежбање. Изненадете ги мускулите. 

Шкорпија - Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошетка во природа добро ќе ви дојде

Стрелец - Нема ништо поубаво од читање книга во кревет. Почнете го така продолжениот викендот и ќе ги видите разликите во расположението. Доколку не сте во врска, поставете си нов предизвик – запознавање на личноста која ќе го промени тоа!

Јарец - Не бидете тврдоглави и почнете да му верувате на партнерот. Ако не ви се јави еден ден, не значи дека ве изневерува. Oчекувајте емоционална средба со некој пријател што долго не сте го виделе. Внимавајте на вашето здравје.

Водолија - Вашата емоционална криза ќе биде на највисокото ниво. Можеби средбата со бившиот партнер ќе биде кривецот за тоа, но треба да се потрудите да бидете со исправена глава и секогаш насмеани. Очекувајте покана за кафе од стар пријател.

Риби - Ова се вашите денови на љубовта. Ѕвездите велат дека Венера има подготвено неколку изненадувања за вас. Вие само средете се, облечете високи потпетици и освојте го светот! Другото препуштете ѝ го на планетата на љубовта која решила да ви ги зачини работите во љубовниот живот.

Жените родени во овие знаци имаат најголема среќа во љубовта

Овие жени имаат најголема среќа во љубовта, бидејќи за нив не постои посесивност и љубомора.

Тие знаат како да се изборат со тоа и да уживаат во љубовта.

Овен

Тие се многу сигурни во љубовта и секогаш чекорат со главата горе. Тие се зафатени со себе и затоа се одлични и во врска бидејќи се многу зрели и силни.

Стрелец

Жените родени во овој знак се големи авантуристки кои уживаат во љубовта. За нив не постои љубомора, туку само љубов, страст и разбирање. Тие живеат во моментот и секогаш се посветени на тоа што го избрале.

Водолија

Тие се слободни души кои ја почитуваат и туѓата слобода. Во љубовта се многу посветени, но и индивидуалисти кои точно знаат што сакаат.

Флертувајте на ниво, жените ги открија правилата

Сигурно до сега ви се случило да сте излезени со друштво во некое кафиле и таму да здогледате девојка која ви се допаѓа.

За сигурен и успешен пристап ви ги даваме следниве совети:

Контактот со очите е најважен

Достигнете возбудување само со одржување на контакт со очи. Благо погледнување пропратено со блага насмевка.

Платете и го пијалокот, но на вистински начин

Немојте да и праќате светло пиво. Прашајте го келнерот, девојката што ви се допаѓа што пие и тоа пратете го. Доколку не можете да дознаете што пие, чаша шампањско е полн погодок.

Понудете го со пијалок и нејзиното друштво

Бидете фини кон нејзините другарки. Доколку се веднаш до неа, во тој случај и нив почастете ги со пијалок! Ќе изгледа многу безврска доколку не го направите тоа.

Не очекувајте ништо во замена за пијалокот

Почекајте на одговор. Мажите најчесто мислат дека ако им платат пијалок на девојките, дека тие треба со нив да разговараат. Не сте помислиле дека можеби ја вознемирувате. Секогаш гледајте на частењето како на несебичен гест. Тој освен фала и не заслужува ништо друго.

Замолете го келнерот да ве запознае

Не можете да знаете дали таа имала лош ден, дали сака да биде сама или можеби има супер ден и расположена е за нови познанстава. Келнерите во 99 отсто сигурно го знае тоа. Додека вие сте на непознат терен, келнерот веќе има поразговарано со таа личност, ако ништо друго додека нарачувала пијалок.

Бидете внимателни со комлиментите

Искрено, површни комплименти се одличен начин да го уништите расположението и да и направите да се чувствува непријатно. Во тој случај таа нема да ви верува на ништо што ќе и речете.

Само бидете опуштени

Кажете и “здраво” и започнете нормална комуникација. Не можете ни да замислите колку таквото нормално однесување може далеку да ве однесе.

Не значи не

Прифатете не како одговор

Списокот на нови министри ќе биде објавен во петок, но кого се ќе опфати?

Официјално не е соопштено, но ново име во неговиот кабинет ќе биде Горан Милевски, претседателот на Либерлано Демократската партија.

Тој не сака да коментира, но во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека ЛДП очекува да добие министерство со ресор, што досега не беше случај.

-Не би сакал да коментирам. Одлуките за нови функционери е коректно да ги соопшти мандаторот, Зоран Заев. ЛДП очекува да добие министерство со ресор, Горан Милевски –пратеник и претседател на ЛДП.

Неофицијално, премиерот Заев предложил ЛДП да избере помеѓу култура и локална самоуправа. Но, сепак во партијата понаклонети биле кон ресорот локална самоуправа каде што се уште раководи Сухејл Фазлиу од партијата на Весел Мемеди.Зоран Шапуриќ од ЛДП кој раководи со министерството без ресор пак, се поизвесно е дека ќе ја отстапи функцијата на кадар на партијата на Мемеди. Со назначување на Милевски за нов министер, неговото пратеничко место во Собрание ќе го пополни пратеничка од СДСМ.

Она што е сигурно е дека култура, земјоделство и политички систем се тритересори кои сигурно ќе добијат нови министри. Според информации од ДУИ актуелниот министер за животна средина Садула Дураку ќе биде на чело на новоформираното министерство за политички систем, а неговото место во животна средина и просторно планирање ќе го пополни Насер Нуредини, син на бизнисменот Аки Нуредини.

На почетокот на идната недела најверојатно ќе се одржи и собраниската седница каде што пратениците ќе гласаат за новиот владин состав.

Од СДСМ не откриваат многу детали, освен дека до петок премиерот ќе ги соопшти промените кај високите функционери, а паралелно и на новите директори на државните институции.

Во меѓувреме од СДСМ најавуваат и внатрепартиски измени. Ветуваат дека во идниот период ќе се надгледува сработеното на функционерите на СДСМ. Доколку не ги исполнат очекуваните резултати од партиската програма,  тврдат дека од нив ќе бараат одговорност. 

За опозициската ВМРО ДПМНЕ целиот процес на реконструкција е само манипулација со која се прави ротација на актуелните функционери. И од албанскиот опозициски блок не веруваат на големи промени испоред нив се потребни предвремени парламентарни избори.

Најчитани

Твитови