СП 2018: Домаќинот Русија и С.Арабија го отвораат фудбалскиот Мундијал (видео)

Во Москва започна најголемиот спортски настан летово, 21.вото Светското фудбалско првенство.  

24 репрезентации поделени во осум групи се дел од фудбалскиот Мундијал во Русија. На Мундијалот ќе настапат 32 земји кои ќе бидат распоредени во осум групи. Натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови. 

Пласман во следната фаза ќе обезбедат, двете првопласирани селекции од секоја од групите, кои преку нокаут дуелите, ќе се обидат да стигнат до можноста да се борат за трофејот во финалето закажано за 15 јуни во Москва. 

Бранител на трофејот од пред четири години е Германија, а дебитанти на завршницата се Исланд и Панама.

Вообичаено на стартот на шампионатот, премиерниот меч го играат домаќинот, во случајов Русија и селекцијата на Саудиска Арабија. 

Ова е дуел од првата А група во која уште се и селекциите на Египет и Уругвај кои утре ќе го одиграат својот меч. За утре закажани се и дуелите од Б групата меѓу Мароко и Иран, како и првото дерби од групната фаза, меѓу актуелниот европски шампион Португалија и поранешниот светски првак Шпанија. 

Понеделник се започнува со вкусно кафе и дневна доза хороскоп, (17 Декември, 2018)

Овен 

Во текот на денешниот ден ќе размислувате за некои планови и одлуки кои ќе сакате да ги реализирате во иднина. Потрудете се да соберете што можете повеќе совети од блиските лица. Ќе добиете повик кој ќе ја поттикне вашата загриженост дека нештата нема да се одвиваат онака како што сакате.

Бик

Со помош на некој Лав или Вага ќе постигнете популарност, а и вие ќе бидете во подобра состојба да решите многу проблеми благодарение на вложениот труд. Многумина од вас можат да бидат вклучени во некој нов проект кој ќе ви овозможи вашиот талент да дојде до израз. Обидете се да се адаптирате на новите работи кои не се така лоши, напротив можен е премин на некое ново повисоко работно место.

Близнаци

Еден Бик, Овен или Вага се обидуваат да ве наговорат на нешто што не ви одговара никако. Во вас ќе владее позитивна енергија која ќе ве натера да размислувате за себеси како за ѕвезда на тронот. Можеби овие мисли сакаат нешто да ви кажат.

Рак

Денес малку забрзајте се, ставете ја вашата креативност на прво место и одете кон брзите и добри одуки. Доколку нешто не ви изгледа баш добро, не размислувајте за тоа и не очајувајте. Опуштете се и препуштете и се на интуицијата. За некои нешта не вреди да си ја трошите енергијата.

Лав

Денот започнете го со релаксација која ќе ви овозможи да ги разбистрите мислите пред да започнете со работата. Искористете ја вашата позитивна енергија за да ги решите проблемите за кои никој не може да најде решение. Внимавајте, вашата добрина некој може да ја искористи.

Девица

Денес направете нешто корисно за вашата заедница. Размислете како дополнително да ја унапредите работата, помогнете им на пријателите, на семејството и на вашите колеги и соработници. Можеби одлична идеја е да волонитирате или да подарите крв. Вашата добрина денес ќе дојде до оние на кои најмногу им е потребна.

Вага

Се трудите да импресионирате некое лице за кое мислите дека ќе ви помогне многу. Имате некаков план за соработка, но најверојатно сите тие желби постојат само од ваша страна. Внимавајте на финансиите, не инвестирајте во ризични нешта. Заштедете некој денар.

Скорпија

Ако сакате да бидете одлични, докажете дека го можете тоа на најдобар можен начин. Ќе чувствувате некаков немир поради нешто што сте сториле во минатото. Извинете се ако можете, а ако не надминете го тоа. Вашето семејство ќе ве потсети дека е потребно да му посветите поголемо внимание.

Стрелец

Се чувствувате подготвени да ја прифатите дополнителната работа која за вас може да биде одлична отскочна даска во иднина. Се трудите да им ги исполните желбите на сите. Денес ќе успеете да му го разубавите денот на некој ваш близок. Продолжете да ширите позитивна енергија.

Јарец

Добрите совети од лицата кои се разбираат во финансии за вас ќе бидат добредојдени, бидејќи во последно време воопшто немате идеја и план како да се справите со трошоците. Ако се занимавате со уметност, денес ќе доживеете голема слава. Можно е да добиете повик од некое лице кое повеќе пати ви нагласило дека сака соработка со вас.

Водолија

Не сакате било кој да ве проценува врз основа на некои површни заклучоци и мислења. Пријателите ја поттикнуваат вашата амбиција која се базира на реалните основи максимално да се ангажирате за нешто што би можело да ви донесе поголеми шанси за напредок. Во деловниот свет ви претстои некое ново познанство.

Риби

Големите амбиции ве прават подготвени да се впуштите во некои нови работи за кои не сте размислувале. Вашата популарност нагло ќе расте, а вие со насмевка ќе ги собирате плодовите од одлично завршената работа. Излезете малку надвор од рамките на комфорот, ризикувајте и постигнете нешто повеќе.

Во сообраќајна несреќа загина поранешна 24 годишна учесничка oд шоуто „Фарма!“

Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина  поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“.

Станува збор за 24 годишната Едита Птичар која учествуваше на „Фарма“, а информацијата ја потврди и телевизијата каде се емитуваше шоуто.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Edita Ptičar (@pticarica_e) on

Во сообраќајната несреќа автомобилот излетал од патот околу пет часот наутро.

Автомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.

24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.

На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.

Нова љубовната романса: Милена Чераниќ во врска со овој познат рапер!

Последните неколку месеци Милена Чераниќ го крие својот приватен живот, а сега одлучи да открие дека се во врска со познат рапер.

Љубовниот живот на Милена Чераниќ често беше тема во медиумите, посебно кога беше во врска со нејзиниот колега Немања Стевановиќ, а потоа започна романса со оженетиот кошаркар Владимир Дашиќ.

По бурата околу Владимир, Милена  одредено време не се појавуваше во јавност и не зборуваше за својот приватен живот.

Меѓутоа, сега ја обелодени романсата со својот нов партнер, односно Вук Моб, а на „Инстаграм“ се појави видео на кое парот се бакнува и разменува нежности.

Најчитани

Твитови