На дождот со чадор во автобус на ЈСП (видео)

Откако вчера Скопје го зафати големо невреме, на социјалните мрежи се појавија фотографии и видео кои ги насмеаја сите.

Покрај тоа што влегувањето во градски беше невозможна мисија,  во автобусите на ЈСП врнеше дожд, па така патниците со отврени чадори се возеа до одредената дестинација. 

 

 

Кафето е лек за луѓето со срцеви заболувања!

Новото истражување вели дека секојдневното пиење кафе и чај може да биде од корист за луѓето кои имаат проблеми со срцето и ја поврзало консумацијата на кофеин, како состојка на овие два популарни пијалаци, со намалувањето на стапката на аритмии и абнормален срцев ритам.

Аритмија е состојба во која срцето бие премногу брзо, побавно или има нееднаков ритам. Многу лекари ги советуваат пациентите со атријална или вентрикуларна аритмија да избегнуваат пијалаци кои содржат кофеин. Но овие научници го покажале спротивното.

Тие анализирале 11 значајни научни студии, во кои вкупно биле вклучени 360.000 луѓе и откриле дека кофеинот нема никакво влијание на вентрикуларната аритмија, пишува Гардијан.

Анализата укажува дека внесот на кофеин од 300 милиграми на ден може да се смета за безбеден кај пациенти кои страдаат од аритмија. Тоа е, приближно, количина која е содржана во три шолји кафе.

Сепак, постојат бројни индивидуални разлики кога е во прашање чувствителност на ефектите на кофеинот, земајќи ги во предвид факторите кои водат до аритмии кај некои одделни случаи.

“Во студиите, во кои бил вклучен голем број луѓе, пациентите кои умерено конзумирале кафе и чај имале помал ризик за појава на проблеми со срцевиот ритам. Можно е тоа да влијаело позитивно на должината на нивниот животот”, заклучува тој.

Студијата беше објавена во научното списание на Американскиот колеџ за кардиологија.

Дерматолозите откриваат: Кокосовото масло е одлично но не делува лековито на сите типови кожа!

Веќе подолго време се зборува дека кокосот е лековит, и за бјути предностите од кокосовото масло, за неговите својства кои одлично делуваат на кожата и косата, за лекување на лузни и спречување на стареењето на кожата.

Според дерматологот и научник Џошуа Зејкнер, кокосовото масло е сепак “тешко” за лицето.

“Ова масло има многу бенефиции, но ги затвора порите. Во основа, кокосовото масло е многу заштитено и наместо да се апсорбира во кожата, останува на неа. Посебно не се препорачува за лицата кои се склони на акни и митесерии”.

Иако кокосовото масло е богато со витамин Е, линолска киселина која ја смирува иритантната кожа, сепак ова масло не се покажа како добро за бробата против акни.

Само во одредени случаеви се покажа како одлично против воспаление на кожата и акните:

“Овде мора да ги имаме во предвид гените отколку лековитите својства на маслото. На одредени типови на кожа, маслото од кокос им одговара, а на други не. Некои се многу чувствителни на овој производ, други не и во тие случаеви генетиката игра важна улога”.

Емина и Мустафа повторно заедно! (ФОТО)

Турските медиуми на големо пишуваат за смирувањето на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, откако парот неодамна беше уловен заедно на јахта. По тој повод, се огласи и Емина со свое објаснување за ситиацијата. 

„Мислам дека овојпат љубовта се изгасна, но никогаш пријателската љубов и љубовта кон нашите деца. Ние сме сега партнери  кои мораат децата да ги изведат на прав пат“, изјавила Емина.

Голема е веројатноста дека во прашање било семејно собирање заради прославата на 10 роденден на синот Јаман, кој е роден на 8 август 2008 година.

Најчитани

Твитови