Во Белград најмалку 10.000 дами немаат партнер!

Иако во просек се раѓаат 1,5 отсто машки отколку девојчиња, главниот град на Србија има недостиг од мажи. Ако низ бројки се гледа во Белград, има дури 96.674 жени повеќе отколку мажи.

Мажите се тие кои најчесто се во потрага по работа и подобар живот, и поради тоа одлучуваат да го променат местото на престој. Во голем број случаи одат во странство, објаснува Никитовиќ за Урбани страници.

Според тој експерт од Институтот за општествени науки, фактор што влијае врз диспропорцијата мажи-жени е и што мажите во голем број умираат или насилно страдаат во помлади години од животот.

Просечна старост на жител на Белград е 41,2 години. Кај понежниот пол - 42,6 години додека мажите се „помлади“ - со 39,7 години во просек. По домаќинство имаме 2,7 членови.

Од јануари до април 2018 година во Белград починале точно 8.429 граѓани. Во исто време се родиле 5.882 бебиња. Сепак, во изминатите 10 години,  со вештачка миграција од внатрешноста бројот на жители на Белград е зголемен за преку 220.000 жители. Дури 35 отсто повеќе жени отколку мажи се доселиле во престолнината од внатрешноста на Србија, БиХ и Црна Гора.

Кризата се чувствува и во семејството. Во 2016 година се склучени 9.030 бракови. Во исто време се развеле 2.401 пар. Немажени и неженети се 27 отсто од популацијата на главниот град.

Жените во Белград живеат 77,5 години и просечно во пензијата може да уживаат барем 15,5 години. Кај мажите е многу лошо. Мораат да работат до 65-та година. Просечно живеат 72,6 години што значи во пензија се само 7,6 години односно двапати помалку време од жените.

Сите тие бројки треба да се гледаат со резерва. Машки деца и девојчиња до 18 години не се во тоа истражување.

Имате проблем со тироидната жлезда: Конзумирајте ги овие намирници!

Штитната жлезда која слабо работи можете да ја активирате со помош на правилна исхрана. Намирниците богати со јод, тирозин, цинк и селен ќе го подобрат работењето на тироидната жлезда која работи поспоро.

Риба

Рибите како лосос, сардина, пастрмка и туна се богати со омега-3 масни киселини и генерално се добри за здравјето, а исто така помагаат при хипотиреоза затоа што се одличен извор на селен.

Јаткасти плодови

Овие плодови исто така содржат голема количина на селен, особено лешниците, макадамијата, индиските и бразилскит ореви. Една рака јаткасти плодови дневно ќе ви послужи ккако брз оброк, а можете да додадете и некое друго јадење како салата или тестенини.

Морски алги

Стручњаците ја воочиле поврзаноста помеѓу недостатокот на витаминот Д и Хашимото болеста. Оваа намирница често се наоѓа во менито на вегетаријанците и веганите, а одлична е за штитната жлезда затоа што содржи голема концентрација на јод. Јодот е есенцијален за правилна функција на штитната жлезда и произведување на нејзиниот хормон. Морските алги се богати со влакна, калциум и витамините А, Б, Ц, Е и К.

Свежо овошје и зеленчук наместо термички обработено

Зголемувањето на телесната тежина е уште еден од симптомите на хипотиреоза. За да ја намалите телесната тежина, но во исто време и да го одржите здравјето на вашето тело и штитната жлезда, важно е во исхраната да воведете свежо овошје и зеленчук наместо термички обработеното.

Еве како изгледаат затворските ќелии ширум светот!

Повеќе од 10,53 милиони луѓе ширум светот живеат зад решетки, во затвори со различен степен на обезбедување, каде ги одлежуваат казните за сторените злодела.

Во споредба со 2000, вкупниот број на жени кои отслужуваат казна се зголемил за околу 50%, а бројот на машки затвореници се зголемил за 18%. Бројот на затвореници по глава на жител се разликува од земја до земја. На пример, во САД има 698 затвореници на 100.000 жители, додека во Данска има 61.

Условите во затворите варираат во зависност од општата економско-социјална состојба на земјата и од степенот на обезбедување на казнено-поправната институција. Вака изгледаат затворските ќелии ширум светот...

Еве како да препознаете природен од вештачки мед!

Важно е да знаете! Пазарот на медот е преплавен со лажни производи изработени од шеќер или сируп од пченка, адитиви и бои, додека во продавниците се индустриски.

Стручните лица од оваа област ни откриваат неколку едноставни начини на откривање вештачки мед.

* Прво што можете да пробате е малку да го протриете медот помеѓу палецот и показалецот. Ако ви се лепат прстите, значи дека содржи шеќер или некои други вештачки засладувачи. Природниот мед не е леплив.

* На хартија или на хартиена марамица ставете неколку капки мед. На природниот мед ќе му биде потребно многу време за да помине низ хартијата, бидејќи не содржи вода.

* Наполнете една чаша со вода и во неа додадете една капка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот мед ќе почне да се раствора во водата.

* Намачкајте го медот на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, а вештачкиот ќе го намокри, бидејќи содржи вода.

* Приодниот мед со текот на времето ќе се кристализира, додека вештачкиот ќе остане течен.

* Врвот од кибритот потопете го во мед и запалете го. Природниот мед нема да ви пречи во процесот на согорување, за разлика од вештачкиот, кој содржи вода во себе.

Липов мед

Бистар е, речиси безбоен и благ. Го олеснува дишењето и се препорачува за настинка и грип. Го стимулира потењето, добар е за варење, ги ублажува грчевите и ја ублажува болката. Корисен е за проблеми со бубрезите.

Цветен мед

Се прави од разни видови цветови, во зависност од времето. Тој е благ и има убав вкус. Поради посебниот состав кој го содржи во себе, се препорачува за подигање на имунитетот и закрепнување после болест, а исто така се препорачува за алергии и алергиска астма.

Багремов мед

Го карактеризираат со многу силна боја и нежен вкус. Овој тип на мед им одговара на поголем дел од луѓето, бидејќи неговиот вкус не се чувствува многу. Исто така се користи доколку имате проблеми со крвните садови. Поради седативниот ефект, помага при несоница, нервоза и напнатост.

Шумски мед

Овој тип на мед е многу ценет. Многу е вкусен и е темен по боја. Многу брзо се кристализира. Тој е анти-микробен и анти-воспалителен агенс. Поради високата концентрација на железо, се препорачува на анемични лица, а исто така се препорачува и за закрепнување после тешка хируршка интервенција. Тој е богат со минерални соли и содржи многу шеќер.

Најчитани

Твитови