Зошто е поразличен од сите: LG го претстави новиот паметен телефон Q Stylus

Компанијата LG ја освежи својата Q серија на паметни телефони со средни спецификации уште минатиот месец, со промоција на уредите Q7, а сега го претставила неговиот “поголем брат” со моделот Q7 кој доаѓа со пенкало.

Станува збор за паметниот телефон Q7 Stylus кој добил 6,2-инчен екран со формат 18:9 и пенкало. Тука е и понапредниот модел Q Stylus Plus, како и подостапниот Q Stylus Alpha кој доаѓа со 1,8 GHz и 1,5 GHz осумјадрен процесор. 

Q Stylus Plus поседува 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија, додека стандардниот Q Stylus и Q Stylus Alpha добиле 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија.

Стандардниот Q Stylus и Q Stylus Plus имаат задна камера од 16 и предна селфи камера од 8 мегапиксели. Q Stylus Alpha добил нешто послаби камери – напред се наоѓа камера од 5, а на задната страна камера од 13 мегапиксели.

Сите три модели ги напојува батерија од 3300 mAh, а користат оперативен систем Android 8.1 Oreo. Тие се отпорни на вода и прашина по IP68 стандарди и имаат USB-C влезови за полнење на батеријата.

Од LG наведуваат дека Q Stylus ќе биде достапен во ограничена количина на североамериканскиот и азискиот пазар. Точниот датум на почетокот на продажбата и цената сè уште не се познати.

Најсексапилните парови според хороскопот

Што хороскопскиот знак открива за нашите сексуални афинитети?

Припадниците на хороскопскиот знак Лав се палат на жесток секс, Шкорпиите се ненаситни, Близнаците и Овновите се мајстори за секс набрзина, Водолиите и Јарците сакаат секс играчки.

Овен
Сака да покаже доминација и во креветот. Сексуална енергија има на претек и многу е страствен. Ги сака сите пози каде може да го диктира темпото и да го потчини партнерот. Добро се сложува со сите огнени и воздушни знаци.

Бик
Бикот е исклучително сексуален, има способност да почувствува што е тоа што најмногу го возбудува партнерот. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Шкорпија, како и останатите водени знаци.

Близнаци
Близнакот не спаѓа во групата на сексуални знаци, но умее да изненади. Неговото најсилно оружје е уметноста на заведување. Сака да зборува во текот на сексот. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклупува со Стрелецот и Водолијата.

Рак
Ракот е исклучително чувствителен знак кому му е потребно да сака за да може во сексот да ја покаже својата нежност и уметност. Во спротивно, нема да биде баш инспириран. Позите кои ги сака се оние во кои може да има близок контакт со партнерот. Му одговараат земјените знаци.

Лав
Желбата да биде најдобар не го напушта ни во сексот – секогаш е подготвен на сѐ. Сака жесток и активен секс и пози во кои може да надгледува. Му одговараат знаците Овен и Вага.

Девица
Овој знак има потешкотии да се опушти за време на сексот, така што му одговараат класичните пози. Добро се сложува со Јарците и Рибите.

Вага
Ужива во заведувањето и во сексот има многу побарувања. Смета дека го заслужува најдоброто, а партнерот исто така ќе добие потполно уживање. Ги сака позите кои ги откриваат сите способности. Добро се сложува со знаците Овен и Водолија.

Шкорпија
Во врската сексот е најважен за овој знак, па во креветот одлично се покажува. Сака необични пози. Си одговара со Бик, Риби и Рак.

Стрелец
По природа е ладен така што ги сака конзервативните пози и позите во кои партнерот е доминантен. Се сложува со Шкорпиите, Биковите и Раковите.

Јарец
Во креветот е многу слободен и оргинален, но исто така е склон кон чести авантури. Го возбудува сѐ, а особено провокативен изглед. Најмногу ги сака позите во стоечка положба. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.

Водолија
Овој знак во сексот сака сѐ и секогаш е отворен за иновации. Од сето она од што другите можеби се срамат, тој не. Го возбудува шепотењето. Се вклопува со Близнаците и Огнените знаци.

Риби
Во креветот умеат да направат вистинска магија. Особено ги возбудува мазење на стопалата и страстен бакнеж. Најмногу им одговараат Раковите, Шкорпиите и Девиците.

Љубовна игра: Како заведуваат хороскопските знаци?

Кога се работи за љубов, секој хороскопски знак има и сопствен стил. Некои се повеќе срамежливи и никогаш не го прават првиот чекор, за други пак тоа е сосема нормално.

Откриваме што му е најважно на секој хороскопски знак при заведувањето.

Овен 
Овенот заведува со многу самодоверба, и веднаш приоѓа кога некој му се допаѓа. Понекогаш ќе биде интересно доколку другата личност се однесува сосема спротивно. Затоа, кога ќе ви пријде Овен останете женствени и пуштете го да се помачи и да се прашува дали ќе излезете со него или не.

Бик 
Кај Бикот треба да знаете дека е потребно да ги привлечете сите негови сетила одеднаш. Кога веќе еднаш ќе успеете во тоа, тој ќе сака да ве допира и мириса, ќе му делувате магично и ќе се чувствувате посебно.

Близнаци 
Треба да ве интересираат многу теми и да знаете од сѐ по нешто, за да вашиот разговор премине во флерт. Духовито и неформално флертување брзо ќе довде до посакуваните резултати.

Рак 
Ракот заведува лежерно, а потребно е својата љубов (или потенцијална љубов) да ја изразувате во опуштено издание. Кога ќе бидете излезени во друштво потебно е да направите сите што се излезени со вас да се чувствуваат пријатно – тоа е она што му се допаѓа на Ракот.

Лав 
Доколку сакате да шокирате некого и ако се чувствувате хиперактивно, насочете ја вашата енергија кон личноста која ви се допаѓа, бидејќи покрај Лав сѐ ќе биде поинтересно отколку што сте очекувале.

Девица 
Ако сѐ ви оди како што треба, ако вашиот живот е среден и ако сте сестрана личност, културна и фина, сѐ што треба да направите е да се потрудите Девицата да го види тоа, бидејќи ќе знае да го цени тоа и да ве гледа со други очи.

Вага 
До љубовта дојдете индиректно – усните нека ви зборуваат едно нешто, а очите друго. Влезете во светот на личноста со која сакате да бидете и ставете го во недоумица дали ви се допаѓа или не.

Скорпија 
Покажете ја својата духовитост преку разговор, а потоа избегнувајте здодевни прашања кои сите ги поставуваат. Наместо тоа поставете некои „валкани“ прашања. Дури и ако сте со години заедно, вашите разговори секогаш треба да бидат „подбуцнувачки“ и шеговити.

Стрелец 
Ако сакате да го импресионирате Стрелецот треба целосно да средите сѐ кај себе, па дури и начинот на одење и говорење. Кога ќе успеете во тоа, слободно можете да ги покажете и вашите карактерни особини.

Јарец 
Овој знак ги сака игрите топло – ладно. Прво опсипете го со комплименти и внимание, а потоа игнорирајте го некое време. Тој нема да знае што следно може да очекува, а вам ќе ви се допадне неговото восхитено очекување.

Водолија 
На Водолиите им е важно вашето размислување за глобалните нешта. Сака места и настани каде што има многу луѓе. Ако знаете каде ќе има многу луѓе, таму и ќе успеете да му се приближите на некој со овој хороскопски знак.

Риби 
Одморете малку од возбудливо тактизирање и пробајте едноставно да бидете нежни. Тоа е баш она што му треба на оној што го посакувате, а е во хороскоп Риби.

Најсекси нешта кои се задолжителни после сексот и дополнително ќе ве возбудат

Мажите обожаваат да слушаат пофалби за нивните љубовни вештини. Секоја ситуација која вклучува топлина, влага, голи тела и физичка блискост, е добитна комбинација.

Колку и да е важен сексот во врската, подеднакво е важно и она што се случува после него.

Пофалби 
Мажите сакаат да слушаат пофалби за нивните љубовни вештини. Но, да не се лажеме, сите сакаме да добиваме такви комплименти. Затоа не се срамете, затоа што ако го пофалите, ќе го имате неговото целосно внимание.

Намокрете се 
Отидете заедно под туш или уживајте во долга, мирисна пенлива куппка. Секоја ситуација која вклучува топлина, влага, голи тела, е добитна комбинација. Помагајте си еден со друг при туширањето, и не заборавајте да се галите и бакнувате под доплата вода.

Масажа 
Нежната масажа е секогаш добра идеја, особено во моментите после сексот. Со масажа можете да одржите физичка блискост и да продолжите да му угодувате на неговите чувства. Само затоа што сексот завршил, не значи дека треба да ги држите рацете далеку еден од друг. Баш напротив!

Допирајте се 
Ако после сексот вие сакате уште, а тој не е баш најподготвен веднаш да тргне во нова акција, тогаш приредете му нешто што целосно ќе го излуди. Легнете покрај него, пригушете ги светлата и не му дозволувајте да ве допира. Гледајте го во очи и допирајте се самата себе, милувајте си ги градите, стомакот, клиторисот, и оставете го да ужива.

Најчитани

Твитови