Внимавајте на својата машкост

Постојат бројни неприлики кои вашиот полов орган мора да ги преживее во текот на и по сексот, но дали може да дојде до сериозно последици? Општо е познато дека како последица на триењето од оралниот или нешто погруб секс, може да дојде до иритација, отоците или надразнување на пенисот.

Но, дали е возможно пенисот да има посериозни последици и да дојде до прекршување? И, доколку такво нешто се случи, што може да се превземе?

За жал, одговорот на првото прашање е ДА. Иако пенисот нема ниту една коска, постојат одредени ситуации во кои доаѓа до фрактура.

Машкиот полов орган се состои од две комори од сунѓерасто ткиво кое се нарекува „corpora cavernosa". Овие комори се затворени со еластично влакнесто ткиво кое се нарекува „tunica albunigea", и кое може да се растегнува и да се 

прилагодува на ерекцијата, и на тој начин ја спречува крвта да излезе од коморите.

Ваквиот процес резултира со поголем и поцврст пенис. Но, иако тој изгледа цврст како камен, немојте да заборавите дека сепак се работи само за крв и месо. Во текот на агресивниот полов чин, пенисот може случајно да излезе и да биде силно притиснат од женската пубична коска, задникот, итн.

До вакви незгоди може да дојде многу лесно и при било која сексуална положба, но најчесто се случува кога жената се наоѓа над мажот, бидејќи се потпира на него со целата своја тежина. Во тој случај, доколку пенисот се лизне, а жената пресилно го притисне, многу лесно може да дојде до фрактура или прекршување.

Ќе слушнете силен звук кој ќе биде пропратен со болки и отоци. Ќе се појави и темносина модринкаод крвта која го напушта сунѓерастото ткиво.

Во 10 од 30 случаи, при фрактура на пенисот, ќе се оштети и уретрата. Не си играјте. Веднаш побарајте помош во случај да сте претерале со сексуалните игри.

За среќа, одговорот и на второто прашање е повторно ДА. Повредата може да се санира со операција. Затоа, не чекајте ниту секунда.

Единствено што можете да постигнете со одолговлекувањето, е дополнително да ја искомплицирате работата; доколку навреме не побарате лекарска помош, можете да завршите со деформиран пенис, неможност за постигнување ерекција, Певрониева болест (абнормална искривеност на пенисот), стеснување на мочниот канал...

Срамот, стресот, потешкотиите, нервозата и ним сличните чувства – заборавете ги! Сепак е најважно на време да стигнете до лекарот и да ја повратите функционалноста и естетиката на вашиот пенис. Само на тој начин ќе ги избегнете дополнителните непосакувани компликации.

И за крај, подобро е, а и дефинитивно побезбедно, во текот на сексуалниот чин да употребувате разни финеси, отколку да дивете и да се однесувате неконтролирано за време на ерекцијата.

По колку часа дневно спијат најуспешните луѓе?

Иако денот не може да има повеќе часови од оние што ги има, може да се промени начинот на искористување на тие часа.

Некои од најуспешните луѓе во светот не само што работат надвор од работното време, туку времето предвидено за спиење го користат за завршување на своите дневни обврски.

Директорите како што се Indre Nooyi која работи во Пепси и Jack Dorsey кој работи во Twitter, сонот често го жртвуваат за да ја сработат работата.

Така на пример основачот на Twitter и CEO ма компанијата Square, Jack Dorsey во 2011 поминал 8-10 часа работејќи на Square, 8-10 часа на Twitter, па за сон им останале од 4 до 6 часа. 

Sergio Marchionne, CEO Fiat, спие само 4 часа, а вели дека буден го одржува кофеинот и цигарите.

Marrisa Mayer, Yahoo CEO, работела 130 часа неделно, што не ѝ оставало многу време за спиење. Вели дека и биле доволни само 6 часа дневно за јадење и сон. 

Helena Morrissey, CEO Newton Investmen Managment, тврди дека станува во 5 наутро, а некогаш и порано и почнува да праќа мејлови, додека нејзините деца спијат. Со семејството се дружи во 19:30, а после тоа повторно се фаќа за работа. 

Tom Ford, моден дизајнер вели дека неговиот успех не лежи во талентот туку во работната енергија. Тврди дека спие само 3 часа дневно! 

Tim Amstrong, AOL CEO, се буди во 5 наутро и работи до 7 навечер.

Што значи кога бебето силно клоца во стомакот?

Речиси секоја трудница чие бебе е многу активно во стомакот се запрашала дали ќе биде бебето толку живо и после породувањето.

Што значат тие силни удари, движења и превртувања?

Сите ние би сакале што побргу да дознаеме каков карактер ќе има бебето уште пред да се роди, па ги бараме знаците во секое мало движење кое тоа ќе го направи во матката. Може ли според движењата на бебето во стомакот навистина да се предвиди неговиот карактер?

Стручњаците велат дека не постои никаква врска помеѓу тоа колку е активно бебето во текот на бременоста и нејзиниот карактер после породувањето. Исто така, тие нагласуваат дека недостатокот на активност на бебето во стомакот не мора секогаш да биде причина за грижа.

Немал друг избор: Мајка му го фатила додека гледал порно, а тој...

Слушнал како доаѓа мајка му додека гледал порно на „pornhub“ на својот лап топ, и токму кога сакал да ја исклучи содржината за возрасно започнале проблемите.

Мајкл Дензел објави фотографија на Твитер од неговиот искршен лап топ. Сепак, најинтересна е причината поради која го направил тоа.

Како што напишал во твит под фотографијата, гледал порно на Интернет, кога слушнал дека неговата мајка се качува по скалите и оди кон неговата соба. Проблемот настанал кога страницата му се „замрзнала“ и не можел да ја исклучи.

Според неговите зборови, немал друг избор освен да го скрши екранот.

На прашањето зошто едноставно не го затворил лап топот, Дензел одговорил дека во тој момент тоа не му паднало на памет.

Најчитани

Твитови