Љубовен хороскоп за месец јули!

 

Откријте што ви носи месец јули на поле љубов:

Овен

Ако сте во врска:

Вашиот партнер малку ќе се сомнева во вас и под лупа ќе ги стави и најситните детали, но ќе има нови идеи за кои ќе му треба вашата поддршка. Втората половина на јули ви носи повеќе стабилност во врската, ќе изреализирате некоја заедничка цел и ќе го зголемите буџетот.

Ако сте слободни:

Ќе имате одлични можности за запознаете некој нов и комплетно да го маѓепсате, а со тоа да почнете врска на долги патеки. Само внимавајте претерано да не ја идеализирате. Со тактичност и упорност ќе го освоите вниманието на оваа личност, а искрениот пристап ќе ви биде рецептот за успешен однос.

Бик

Ако сте во врска:

Мора да го прифатите партнерот како дел од себе, да обрнувате внимание на него и да не очекувате премногу од него во секоја пригода. Намалете со притисоците и во втората половина од јули може да уживате во смирена врска, полна со нова страст и коренити промени.

Ако сте слободни:

Ќе имате ново познанство со стабилна и рационална личност. Некои Бикови може да почнат врска со личност со која долго време биле во пријателски односи. Некое патување може да промени сè.

Близнаци

Ако сте во врска:

Бидете зрели и преземете одговорност, ако сакате стабилна врска без сомнежи. Патување со партнерот би било одличен почеток на новата етапа од вашата љубов.

Ако сте слободни:

Уште на почетокот од јули ќе се заљубите, но кратко потоа ќе сфатите дека сте погрешиле, како и многу пати досега. Не жалете се, затоа што досега требаше да ја научите лекцијата да го вклучувате разумот, пред да стапите во врска. Малку ќе патите, но ќе успеете да избегнете понатамошни несакани ситуации ако се обидете да најдете некој сличен на себе.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе имате огромна поддршка и помош од партнерот и тоа ќе ви ја зацврсти врската. Ќе минувате заеднички мигови исполнети со задоволство, забава и одлична комуникација. Партнерот ќе ви приреди пријатно изненадување и ќе ви оствари една голема желба.

Ако сте слободни:

Во вашиот живот може да наидете некој ексцентричен партнер, што значи ви следува убава авантура од која не треба ништо сериозно да очекувате. Иако, ќе трае многу кратко, таа ќе ве исполни со прекрасни чувства и во умот ќе ви врежи незаборавни мигови. 

Лав

Ако сте во врска:

Ќе имате огромна страст и уживање во врската. Партнерот ќе има потреба од многу внимание, но тоа нема да ви биде тешко да му го овозможите во овој период. Заедничките планови со саканата личност уште повеќе ќе ве зближат. По одморот врската ќе ви биде на ново и уште подобро ниво и ќе чувствувате неверојатна среќа.

Ако сте слободни:

Време е да одморите од сè и да отпатувате некаде бидејќи токму на тоа патување можно е ново значајно познанство. Пронајдете повеќе време за релаксација и забава и мамете погледи со својот шарм. Ќе запознаете некоја практична личност со која ќе имате многу заеднички интереси.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе се посветите на откривање на заеднички интереси со партнерот. Потребно ви е нешто со кое ќе ја освежите врската. Ќе имате некое неочекувано патување со забавни искуства и тоа ќе донесе стабилност во вашата врска. 

Ако сте слободни:

Ќе имате шанса да влезете во стабилна врска на долги патеки. Сепак, внимавајте очекувањата да не ви бидат претерани, туку реални, за да не го оптоварите него и себе уште на самиот старт од врската.

Вага

Ако сте во врска:

Мора со партнерот да направите договор за заедничките планови и распоредот на домашните обврски. Ако не постигнете компромис, може да дојде до конфликти. Мора да бидете поотворени за пронаоѓање на заеднички решенија. Покажете искрени емоции и работите ќе одат полесно. Направете план за заедничко патување на кое комплетно ќе се рехабилитирате и ќе се посветите еден на друг.

Ако сте слободни:

Слатко ќе ве изненади повик за патување од некоја пријател. Бидете трпеливи бидејќи страсна љубовна авантура е на видикот. Ќе имате мигови кога ќе се чувствувате малку разочарано бидејќи нема нови случувања, но почекајте.

Скорпија

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе постигнете некоја заедничка цел и тоа неверојатно ќе ве зближи. Концерти, претстави, излегувања ќе бидат на вашиот репертоар. Ќе бидете широкогради и полни со поддршка за партнерот, а тоа никогаш нема да ви го заборави.

Ако сте слободни:

Неопходни ви се промени на љубовно поле. Затворени сте и резервирани. Имате некои неосновани стравови и предрасуди за луѓето кои ве привлекуваат. За среќа, кон крајот на јули една личност комплетно ќе ве маѓепса и ќе му го подарите срцето на долги патеки.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ќе имате сериозни несогласувања со саканата личност. Ако планирате заеднички одмор, ќе имате главоболки околу изборот на дестинација и цената на аранжманот. Потоа ќе успеете да минете квалитетно време заедно и да се забавувате. Смислете нови интересни активности и исполнете ги ветувањата што му ги дадовте на партнерот.

Ако сте слободни:

Во втората половина од месецот некој пријател ќе ве запознае со личност која на прв впечаток ќе ви изгледа духовито и интелигентно. Ќе почнете да имате редовни средби со неа, а најверојатно и врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Тон забавни идеи како да ја размрдате вашата врска ќе ви паднат на ум. Ќе успеете да го заинтересирате партнерот за некоја активност, во која вие уживате. Комуникацијата ќе ви се подобри и сè што одложувавте ќе се случи сега.

Ако сте слободни:

Некое патување може ќе ви донесе авантура, која ќе прерасне во врска на далечина. Вашиот живот ненадејно ќе тргне во нов правец. Во новата врска мора да имате комплетно искрен пристап и да не се опуштите на чекор до успехот.

Водолија

Ако сте во врска:

Некоја егзотична дестинација уште повеќе ќе ја разгори страста во вашата врска. На крајот од месецот можни се семејни несогласувања и нарушување на односот. Престанете со наметнување на вашите ставови по секоја цена.

Ако сте слободни:

Ќе имате динамичен месец, полн со авантури. Ќе се зближите со личност со која ќе ве привлекува, но со која ќе немате други заеднички интереси, освен сексот. Често ќе имате кавги и различни мислења, па тоа ќе ве натера да побарате посоодветна личност за вас. Сепак, периодов ќе наидувате само на авантури. Кон крајот на месецот некој поранешен партнер ќе се обиде повторно да воспостави контакт со вас.

Риби

Ако сте во врска:

Избегнувајте лаги и играјте со отворени карти. Кон крајот на месецот стабилноста во вашиот однос ќе стапи на сцена.

Ако сте слободни:

Може да добиете неочекуван повик за заедничко патување од некој поранешен партнер. Кон крајот на месецот ќе се појави личност што интензивно ќе ви се додворува, па дадете ѝ шанса.

д-р Емил Угриновски-генерален менаџер: СИТЕ ПАЦИЕНТИ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕГЛЕДААТ И СИТЕ ОПЕРАЦИИ НЕПРЕЧЕНО СЕ ОДВИВААТ ВО НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА

Новата Неуромедика болница работи со целиот свој капацитет, сите оддели функционираат со строго почитување на сите мерки на безбедност.

Денес славите 28 годишен јубилеј и бележите три години од постоењето на болницата колку Ви е значајна оваа дата?

д-р Емил Угриновски: Почетоците беа во 1992 година која од денешен аспект е далечна, денес славиме јубилеј 28 години постоење на брендот Неуромедика и три години од постоењето на болницата, голем датум за нас како фирма и како болница. За жал прославата мораме да ја одбележиме скромно во услови на пандемија од Covid-19, за нас ова е јубилеј кој многу ни значи, не прави горди и не мотивира да гледаме во иднината.

Какви беа почетоците?

д-р Емил Угриновски: Дамнешната 1992 година кога е формирана Неуромедика имаше премин од еден стар комунистички систем на управување со нашето здравство и требаше да се помине кон нешто ново за овие простори непознато па затоа почетоците беа многу скромни.

Почетокот на Неуромедика е во еден двособен стан од шеесетина квадрати во центарот на Скопје. Јас секогаш кажувам дека почнавме со една многу скромна опрема од бугарско производство, почнавме со ЕКГ и спирометри па од денешен агол тоа ми изгледа многусмешно. Но кај нас постоеше голема желба и имаше многу ентузијазам да се успее и да се смени принципот на размислување кај луѓето. Нема да заборавам кога секој пациент мораше да плати партиципација од една германска марка, само триесетина денари што од денешен аспект е симболично. Тоа беше потребно да се објасни на здравствениот систем дека приватното здравство чини бидејќи за да се добие квалитетна услуга нешто треба и да чини. Влеговме со многу ентузијазам со многу желба и се боревме за секој пациент бидејќи како што се покажува во стварноста правилото е на секој еден задоволен пациент добивате десет нови а само еден незадоволен одвраќа сто.

Неуромедика опстои како прва приватна здарвствена институција во Македонија изоди трнлив пат и со сите потешкотии и препреки на системот се трансформираше во Болница Неуромедика која е наша гордост.

Од каде визијата за толку голем проект?

д-р Емил Угриновски: Во тоа време требаше да се има поразлична мисла за да се надмине постоечкиот и застарен здравствен систем наречен државно здравство каде пациентите беа навикнати ништо да не плаќаат а нешто што не се плаќа и чини нула пари автоматски луѓето не го почитуваат и не го ценат. Визијата беше да се промени мислењето на луѓето и да се добие квалитетна здравствена услуга и тоа е успешната формула во овие 28 години на нашето постоење. Јас сум горд кога велам дека Неуромедика ние не ја изградивме! Неуромедика ја изградија нашите пациенти. Довербата пред сè е факторот кој најмногу не одржа и доколку ние не нудевме квалитетна услуга, доколку пациентите биле незадоволни, или доколку добивале погрешни дијагнози немаше да успееме и да бидеме тоа што сме.

Зошто новиот болнички капацитет каде функционирате веќе три години е изграден во центарот на градот?

д-р Емил Угриновски: Неуромедика болница точно три години функционира во центарот на градот на ул. Јордан Мијалков, целта е да бидеме што поблиску до пациентите.

Самата симболика да се биде во центарот на големиот град беше поради можноста да бидеме достапни подеднакво за сите пациенти. Не сакавме да одиме ни на една страна од градот во ни една населба за подеднакво да бидеме достапни до сите. Тоа се нашите предности, сега сме со локација во центарот на Скопје и сме достапни за пациенти кои не се само од нашиот град туку и за пациентите кои живеат во внатрешноста на државата. Веќе три години функционира овој објект кој е направен по светски стандарди змислен како small luxury hospital. Нашето искуство во овие три години ни покажа токму таква слика, Македонија е мала земја во која нема потреба да се има голема болница. Изминатите три години од почнувањето па до комплетирањето на опремата и доекипирањето на тимот на лекари ни го докажаа тоа. Денес нашите резултати како хируршка болница се импозантни, секојдневно имаме зголемување на бројот на пациентите па дури и во овие тешки времиња кога сите се бориме со пандемијата. Пациентите можеби не сакаат да се изложуваат на потенцијални опасности во државните здравствени институции каде има COVID центри, тие ни ја дават довербата на нас па секојдневно работиме на се потешки и потешки операции. Бројките рапидно растат, порано имавме три или четири операции во неделата а сега имаме толку во еден ден. Капацитетот на болницата е исполнет повеќе од 50% што е сосема доволно да се оправда инвестицијата и визијата на менаџерскиот тим.

Се работи за една високо современа и софистицирана болница којашто има квалитени и опремени хируршки сали, интензивна нега, пост интензивна нега и болнички апартмани коишто се на ранг на хотел со пет ѕвезди. Се е направено капацитетот да се стави во функција на пациентот и тој да се чувствува многу пријатно. Пациентите се под целосен мониторинг на персоналот и нега, добиваат секоја минута во текот на 24 часа.

Што беше посебно во планот за екипирање на плејада еминентни имиња од медицината токму во Неуромедика?

д-р Емил Угриновски: Ако не испланирате неможете да имате високо современа болница, а таа неможе да функционира без плејада на звучни имиња од областа на медицината. Тоа би наликувало да имате најдобар авион а да немате пилот за него. Во нашите долгорочни планови си поставивме за цел да создадеме Болница со најдобрите тимови од областа на хирургијата, ортопедијата, трауматологијата, торакалната хирургија, пластичната хирургија и други области во медицината. Тимови на доктори коишто се актуелни и се бренд  и коишто си го оправдуваат самиот ангажман само тие можат да работат во една институција како што е брендот Неуромедика. На ова би ги додал и докторите коишто работат во поликлиничкиот дел, еминентните професори коишто работат во дијагностика во спрега со тимот на професори и примариуси во оперативниот и анестезиолошкиот дел.

- Како се справувате во услови на пандемија од Covid-19?

д-р Емил Угриновски: Морам да напомнам дека од првиот ден кога пандемијата влезе во границите на нашата држава ние многу темелно пристапивме и горди сме што до овој момент останавме чиста болница. Ниту еден од нашите вработени не е заразен од вирусот а некои од пациентите кои се задскриваа навремено ги откривавме и не дозволивме вирусот да не изненади.

Неуромедика работи со целиот свој капацитет, сите оддели функционираат со строго почитување на сите мерки на безбедност. Сите пациенти можат да се прегледаат и сите операции непречено се одвиваат. Ние сме единствената болница која го вгради и го имплементираше тотем системот за дезинфекција, тоа се специјални апарати низ коишто секој пациент мора да помине на дезинфекција пред да стави маска и ракавици. На сите пациенти и вработени им се мери температурата и доколку се установи покачена температура пациентите или вработените не се пропуштаат и не им е дозволен влезот во болницата бидејќи одговорноста е на сите!

Награди со кои се гордееме се:

- На Форумот за Врвен Квалитет и Менаџмент кој се одржа на 07.10.2016 во Кан, Франција, д-р

Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на Годината додека „Неуромедика“ е прогласена за Најдобра Регионална Болница.

- Европско бизнис здружение (Europe Business Assembly) на „Неуромедика“ ја додели наградата за Најдобра Болница.

- Плакета за д-р Емил Угриновски за особен придонес во македонскиот ракомет

- Студентите избраа! Neuromedica #STUBRAND, Грижата за нивното здравје го имаат доверено на најмодерната приватна македонска Болница Неуромедика.

- Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа.

- Сертификат за „Неуромедика“ за деловна успешност во исполнување на највисоките критериуми за достигнувања во 2018 година.

- Награда за Неуромедика за најдобра практика (Best practice) за 2018 година од Европското Здружение за истражување на квалитет!

Забрзајте го метаболизмот со само три состојки додадени во вашето кафе

Вашето дневно кафе можете да го претворите во ефикасен пијалок благодарение на кој ќе согорувате повеќе масти и ќе го забрзате метаболизмот.

Сите љубители на кафе, кои не ги сакаат класичните диети или режими на исхрана, препорачливо е да додадат 2 лажички мед, една цимет и една кокосово масло во шолјата со кафе. Освен што ќе го збогатите вкусот, ќе му помогнете на вашето тело поефикасно да ги согорува масните наслаги.

За најдобри резултати, се препорачува да се пие два пати на ден. Подеднакво е ефикасно ако се изостави медот (за алергичните), но не смее да се додава никаков друг засладувач.

Имала страшна главоболка два дена по што починала: Oбратете внимание на овие симптоми

Некои приказни се едноставно тажни и често туѓите искуства ги прифаќаме како предупредување.

Случајот со Шарлот од Северна Каролина уште од малечка патела од мигрена меѓутоа не посетувала доктор, туку со болката се справувала со таблети.

Така било со години, се додека еден ден мигрената не станала неподнослива, никој не верувал дека може да биде толку опасно.

Ерик се шокирал кога дознал дека неговата сопруга има аневризма во мозокот, и дека сите тие болки биле поради тоа. Аневризма претставува меур кој се создава во мозокот и прави притисок. Тој расте и доаѓа до пукање на крвните садови што доведува до крварење.

Ако на време се открие може да се реши, но Шарлот чекала премногу долго, па два дена по неподносливата болка и откако и откриле дека има меур на мозокот таа починала.

Нејзиниот сопруг ја споделил со сите својата тажна судбина, за да ги предупредеи сите останати, да внимаваат на себе.

Шарлот зад себе оставила сопруг и четири деца.

Ова се симптомоите на Аневризма:

- силна мигрена

- губење на чувство во пределот на лицето

- вртоглавица

- слабост и повраќање

Најчитани

Твитови