Колку ли само пари чини овој луксузен мебел за домашни миленичиња (галерија)

„Bitch New York“ е една од компаниите кои се занимаваат со најновите трендови во високата мода за домашни миленичиња. Тие одат во чекор со последната мода за миленичиња барајќи најнови изгледи и најединствени дизајни на аксесоари за миленичиња.

Овде можете да пронајдете луксузни носилки за кучиња, во кои вашиот миленик ќе патува со стил, или луксузни ланчиња за кучиња, кои преку вашето куче ќе го отсликуваат и вашиот стил. Најинтересниот дел од овој тренд кога зборуваме за милениците и лускузот е лускузниот мебел за миленичиња.

Што се однесува до луксузниот кревет за вашиот миленик, тука имате голем избор. Тие варираат по боја, форма, материјали од кои се направени и секако по цена.

Најскапиот кревет кои моментално го имаат во „Prestigious custom dog bed“, тој чини 3.750 долари. Другите се малку поевтини, но и тие ќе ви овозможат да го разгалите вашиот мал влакнест пријател, кој тоа сигурно го заслужува. Сепак, кучето е најдобриот пријател на човекот…

 

Најдобриот наставник во светот: Секој месец платата им ја давал на сиромашните ученици!

Наставникот Питер Табиќи од Кенија, кој својот поголем дел од заработката ја дава на сиромашни ученици, е избран за најдобриот наставник во светот. Неговата награда вредна милион долари, му е доделена во Дубаи.

Питер предава математика и физика, а 80% од неговата плата, тој ја донира за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во ова село, кое се соочува со проблемите од типот на суша и глад, речиси третина од децата се сирачиња или имаат по само еден родител.

Табиќи (36) е избран меѓу 10.000 кандидати, од 179 земји. Водител на церемонијата на која тој ја добил наградата ја водел актерот Хју Џејман, пишува „Асоишејтед прес“.

Наградата ја установила фондацијата „Варки“ во Дубаи.

Со маска од ПАВЛАКА до неверојатен ефект!

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно:

- една лажица павлака,

- една жолчка од јајце,

- една лажица алое.

Алое ќе најдете речиси во сите наши аптеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.

Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

Најчитани

Твитови