Астрологијата открива: Идеалните кариери за секој хороскопски знак

Како и во многу други полиња на животот, така астрологијата наоѓа примена и во изборот на вашата идна професија. Поради специфичностите на секој хороскопски знак, се вели дека луѓето се раѓаат со посебни дарби и способности кои можат понатаму да ги развиваат и од нив да ја изградат својата кариера. 

Се разбира, секој може да биде она што ќе посака да биде, независно од неговата астролошка предиспозиција. Дури и најсрамежливите знаци можат да бидат најдобрите актери или стенд-ап комичари, а најсамоуверените да се одлучат за посмирена работа како педагози или јога инструктори.

Овен

Овните се силни и одлучни и ги сакаат натпреварите и лидерството. Тие се амбициозни и не се плашат од јавното говорење и големите одговорности.

Најдобри професии: Политичари, претприемачи, извршни директори во медиумски и маркетиншки куќи.

Бик

Биковите се познати по нивната стабилност. Тие се практични, сигурни и одлични стратези, планери и извршувачи.

Најдобри професии: Инженери, компјутерски програмери, техничари, сметководители.

Близнаци

Ова е најсоцијалниот и најкомуникативниот знак во целиот хороскоп. Тие се доста адаптивни и прилагодливи и знаат како да ги пренесат пораките на досетлив и паметен начин.

Најдобри професии: Медиумски координатори, менаџери на социјални мрежи, извршни директори во компаниите за односи со јавност, новинари, забавувачи.

Рак

Лојални, грижливи, интелигентни и емпатични, Раковите можат да го прочитаат сечиј емоционален и психолошки профил. Независно колку заработуваат, тие секогаш ќе сакаат да им помогнат на оние кои имаат потреба од помош и на кои им треба промена во животот.

Најдобри професии: Доктори, психолози, терапевти, професори, социјални или хуманитарни работници.

Лав

Лавовите се родени лидери и иницијатори. Тие самоуверени, харизматични, бестрашни и сакаат да ги држат работите под контрола. Креативни, дарежливи и позитивни, Лавовите лесно ги инспирираат другите околу нив.

Најдобри професии: Адвокати, актери, модни дизајнери, агенти за недвижнини, музичари, режисери, водители.

Девица

Девиците се перфекционисти и обрнуваат внимание дури и на најмалите детали. Тие се организирани, аналитични и прецизни. Тие се добро ситуирани за работи кои бараат силни аналитички способности.

Најдобри професии: Сметководители, истражувачи, уредници, инженери, детективи, графички дизајнери.

Вага

Дипломатски настроени и кооперативни, Вагите можат да бидат одлични медијатори и координатори бидејќи се способни да го донесат совршениот компромис помеѓу две странки. Знаат како да работат со луѓето и се одлични тимски играчи.

Најдобри професии: Дипломати, продавачи, водители, архитекти, консултанти, агенти за патување, репрезентативци во службата за корисници.

Скорпија

Тие се страствени, вредни, информирани и сакаат да решаваат загатки, комплексни мистерии и проблеми. Тие се љубопитни и интуитивни и можат да ја сработат секоја работа што ќе ја почнат.

Најдобри професии: Детективи, адвокати, учители, хирурзи, физичари, археолози.

Стрелец

Стрелците се енергични, авантуристи и успеваат во брзите средини. Ја сакаат промената и не се плашат да ризикуваат. Уживаат во слободата и обожаваат да патуваат и да запознаваат нови луѓе.

Најдобри професии: Продавачи, агенти за недвижнини, учители, водичи за патување, животни тренери.

Јарец

Јарците се одлучни, информирани и секогаш ги забележуваат деталите. Ги сакаат предизвиците и работат прецизно и трпеливо. Тие сакаат да се натпреваруваат и знаат како да организираат големи групи на луѓе, паралелно завршувајќи ги сите останати проекти.

Најдобри професии: Администратори, уредници, банкари, консултанти за информатичка технологија, финансиски советници, нутриционисти.

Водолија

Креативни, досетливи и добри наратори. Водолиите се големи хуманитарци. Неконвенционални и динамични, подобро работат кога се независни и кога имаат мало или никакво надгледување. Нивната работа треба да има поголемо значење или цел.

Најдобри професии: Музичари, писатели, модни дизајнери, хуманитарни или социјални работници, ветеринари.

Риби

Рибите се интуитивни и уметнички настроени. Тие се уникатни, оригинални и иновативни. Рибите се тие кои ги претставуваат новите стратегии и филозофии на работа. Тие се чувствителни, сензитивни кон потребите на другите и знаат секому да дадат сочувство.

Најдобри професии: Артисти, медицински сестри, физички терапевти, филантропи, ветеринари, креативни директори.

Како е да си снаа во Македонија: Ако си слаба, зошто си слаба, а ако си...

Бескрајно духовит, но вистински опис за тоа што значи да бидеш снаа во Македонија, кружи по социјалните мрежи. Тука се пронаоѓаат и снаите и свекрвите. По се изгледа една од “најтешките ” работи во Македоноја е да бидеш снаа, така пишуваат снаите кои се пронајдоа во овој текст.

Вака гласи описот, кој неодамна се појави:

“Еден од најтешки облици на постоење на Земјата е да бидеш снаа. Од една страна свекрвата, од друга золвата, од трета сите роднини. Има снаи кои уште на почеток си ставаат ред и никој не смее да им се меша, а ги има и оние кои на сите им одат по кеф.

Колку и да се трудиш да им се допаднеш, порано или подоцна, ќе ви дојде вода на уста и ќе добиеш желба да се тргнеш далеку од сите. Бидејќи ако си слаба, зошто си слаба, ако си дебела, зошто си дебела, ако не си образована, зошто не си учела, а ако си, тогаш тоа е твоја работа, тие не те терале со зор.

Ако си убава, не е добро, ако си запуштена, пак не е добро. Ако домот ти е среден, значи дека може да биде уште посреден, ако не тие, веднаш да одиш и да се убиеш, не си домаќинка.

Децата обично не ги доиш или храниш како треба, не ги облекуваш доволно и не знаеш да ги воспитуваш. Ако не сакаш да правиш зимница, лоша си, ако сакаш, тогаш не се прави така, не си научила додека си била кај мајка ти.

Ако правиш колачи, можеле да бидат поубави, а ако нарачуваш од слаткарница, треба да се срамиш. Нејзиниот син, и така никој не може да го сака повеќе од неа, па така залудно се натпреваруваш и силиш”…

Вистинска приказна: Скопјанец пие нови експериментални лекови и за неколку дена заработува една просечна плата!

Од колега разбрав дека во Институтот за фармакологија и токсикологија во клиничкиот центар во Скопје, доброволно можеш да се пријавиш како “експериментално глувче“ и добро да заработиш.

Врз триесетгодишниот скопјанец, три години се тестираат разни видови на лекови.

“Вработен сум во една приватан фирма, а во Институтот доаѓам на повик на лекарите. Во клиниката, зависно од лекот кој ми се дава, останувам и по три дена. Во секој случај овие пари ми се добродојден ”, раскажува нашиот соговорник.

Според него, месечно од овој бизнис може да се заработи и една просечна плата, во зависност од лекот.

„Откако ќе го испиете лекот, докторите ви ја следат здравствената состојба, постојано се мери притисокот, телесната температура. Изолирани сте од надворешниот свет, дозволено е дружба со другите луѓе кои исто така се дојдени за тестирање. Обично времето ни поминува играјќи некои друштвени игри. Досега од испитувањата ми се има јавено осип, вртоглавици и повраќање, но тоа е подносливо, објаснува скопјанецот, чиј идентитет согласно Законот нема да го откриеме.

Пред едно лице да биде ставено на оваа листа тој подлежи на ригорозни здравствени контроли. Само исклучиво здрави лица можат да бидат испитаници врз кои се аплицира лекот. За сите генерички лекови се прави студија на биоеквивалентност. Цел свет користи генерички лекови. Ново тестирање на лек врз истиот испитаник, како што објаснуваат докторите, може да се врши само ако поминале два месеци од претходното аплицирање на друг вид лек, велат од Институтот.

Зависно од лекот кој треба да се анализира различна е групата врз која треба да се аплицира истиот. Максимум групата треба да брои 70 испитаници, а долната граница не може да биде помала од 20 луѓе. Тие по давањето на лекот 24 или, пак, 48 часа се под постојан лекарски надзор и престојуваат во Институтот. Постојано се во придружба на медицинско лице дури и кога одат во тоалет. Засега како што тврдат лекарите не се регистрирани фатални нус појави од лекот што се тестира врз луѓето.

Време е за јако кафе и доза астрологија!

Овен 

Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.

Бик

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

Близнаци

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

Рак

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

Лав

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

Девица

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

Вага

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

Скорпија

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

Стрелец

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

Јарец

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

Водолија

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

Риби

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

Најчитани

Твитови