Позитивни утрински ритуали за совршен почеток на денот

Како се чувствувате штом ги отворите очите наутро? Дали сте возбудени за почетокот на денот или пак едноставно сакате да се свртите и отидете на спиење? Како ги поминувате утрата, има огромно влијание на целокупниот тек на денот. Ако секогаш брзате, големи се шансите да насоберете стрес за цел ден и да бидете напнати и неефикасни.

Ова се неколку утрински ритуали кои можете да ги промените за да имате убав ден

Станете рано

Станувањето рано има огромни предности. Да, ќе кажете дека тешко се будите и станувате,но треба да знаете дека долгото излежување и повторување на алармот не ви носи ништо добро. Тоа само ви создава поголема нервоза. Започнете го денот рано, уживајќи во работите кои сакате да ги правите. Уживајте во утринската тишина, напијте се кафе или чај и размислете што сакате да постигнете во текот на денот.

Почнете го денот со десна нога

Да, буквално почнете го денот со десна нога. Ова е техника која е промовирана од Габи Бернстеин во нејзината книга „Чуда, сега“. Таа ја посочува Кундалини техниката со која треба да станете од кревет со доминатната нога. Можеби ви звучи чудно, но тоа е техника која ја применуваат многу успешни луѓе.

Поставете цели

Поставете си цели кои сакате да ги остварите. Размислете што е реално да постигнете и поставете си распоред во текот на денот. Ова ќе ви помогне подобро да го организирате денот и да го поминете без многу стрес и дезорганизација.

Истегнете се

Ако немате доволно време за да вежбате наутро, доволно е да се истегнете. Тоа ќе ви помогне да ги раздвижите телото и умот и ќе го подобри вашето расположение. Дишете длабоко и намалете го стресот, истовремено подготвувајќи ги вашето тело и ум за престојниот ден.

Топла вода со лимон

Топлата вода со лимон има многу бенефити. Во неа можете да додадете и мед и/или ѓумбир. Тоа ќе го подобри вашиот имунитет, ќе ја освежи вашата кожа, ќе го освежи вашиот здив и ќе го поттикне варењето. Освен тоа, вашето тело минува цела ноќ без вода, така што ваквиот пијалок ќе го рехидрира телото.

Патите од хронични главоболки: Пробајте ги овие техники и ослободете се од болката за миг!

При главоболки создадени од стрес, болката се појавува поради грчeви на мускулите на вратот и рамењата, поради што се намалкува циркулацијата. Причина за тоа можат да бидат и проблеми со ‘рбетот, предолго седење или стоење во иста положба, долг престој во затворен простор, пушење, алкохол.

Масажа на третото око

Оваа техника помага при главоболка од замор. Опуштете се и длабоко дишете, па со вашиот прст допрете ја точката помеѓу двете очи. Оваа масажа на „третото око“ ќе помогне вашата главоболка полека но сигурно да исчезне.

Исхрана

Постојат главоболки кои можат да се појават и навечер, а можат да бидат проследени со симптом на течење на носот. Меѓутоа лекот за ваков тип на главоболка може да се крие токму во исхраната, па затоа во тие моменти најдобро е да консумирате повеќе вода, јаболка, и бадеми.

Визуелизација

Удобно седнете и затворете ги очите, па визуелизирајте ја главоболката - од каков тип и облик е таа. Потоа нагло визуелизирајте ги промените, во зависност од болката која ја чувствувате. Неколку пати длабоко вдишете и кога издишувате секогаш си замислувајте дека преку вашата уста ја испуштате болката.

Подолга и погуста за само 15 дена: Златни совети!

Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?

Сакате долга коса но не помислувате на кратење на истата. Важно е да ја кратите косата редовно ако сакате побрзо да ви порасне. Скратувањето не само што ќе ве ослободи од оштетените и распукани врвови, туку ќе ви помогне и да го одржите здравјето на косата.

Не заборавајте го регенераторот

Постои мит за тоа колку долго треба да го оставите регенераторот да делува, и тој мит е лажен. Спротивно на популарното верување, тој веднаш делува на косата. Покрај тоа ја штити косата од пешкирот додека е влажна. Немојте да мислите дека регенераторот е наменет само за некои видови коса. Потребно е да го користат сите.

Магични состојки

Пиво. Обидете се да го зовриете. Откако ќе зоврие додајте го вашиот шампон во него и измијте ја косата. Можете да го правите ова 2-3 пати неделно. Шампонот со пиво ќе ги отстрани сите нечистотии од косата и е одличен регенератор.

Неделна грижа со масла и маски

Маската или маслото за коса треба да ги користите еднаш неделно. Маслото нанесете го на сува коса и потоа лесно ќе можете да го отстраните со шампон. Можете да користите состојки како мед, лимон, авокадо, маслиново масло и сок од кромид за да направите маска за коса.

Правилно сушење на косата

Жените често ја врзуваат косата во пешкир после миење, но ова ја оштетува. Ако се обидувате да ја пораснете косата, држете се настрана од апаратите за обликување со топлина како фен и пегла. Секој вид топлина ја оштетува косата. Најдобро е да користите фен кога косата е барем 60% сува. Исто така нанесете спреј за заштита од топлина.

Дозволете ѝ на косата да дише

Ако сакате да порасне, немојте да ја врзувате косата. Влечењето предизвикано од врзувањето може да ја оштети. Косата е склона и кон инфекции кои го намалуваат нејзиниот раст. Па, потребно е одвреме-навреме да правите третмани против нив. Друго важно нешто е покривањето на косата. Топлината од сонцето може да ја оштети и вашата коса, не само кожата.

Поретко миење

Вистина е дека чистата коса расте побрзо, но честото миење нема да ви биде од многу помош. Секојдневното миење може да ја исуши косата и да ги отстрани природните масла. Исто така нежно масирајте ја главата додека ја миете или чешлате вашата коса.

Ги голтате лековите без вода? Последиците по здравјето може да бидат страшни!

Секој лек, било да е во форма на таблетка или капсула, треба да се зема со одредена количина течност. Но и покрај тоа, некои луѓе ги голтаат лековите „на суво“, без да знаат дека тоа може да наштети на нивниот организам.

Голтањето на таблетките може да предизвика низа несакани ефекти и наместо да ви помогнат, дополнително да го загрозат вашето здравје.

Најпрво, можете да го повредите хранопроводот, од ситни гребнатинки до сериозни оштетувања. Некогаш може да почувствувате нагони на повраќање или иритација на хранопроводот, а можно е и капсулата или апчето да се заглават и да предизвикаат непријатна болка додека да се стопат.

Некои лекови може да предизвикаат и иритација и оштетувања на слузокожата во желудникот. Затоа, секогаш читајте го упатството за начин на употреба на лекот и држете се до него.

Најчитани

Твитови