Како хороскопските знаци постапуваат кога се лути!

Секој хороскопски знак на различен начин го изразува својот гнев. Еве и како:

Овен - Има краток фитил и брзо збеснува, во зависност од ситуацијата. Тие имаат страст кон животот и лесно се фрустрираат ако нешто им застане на патот.

Бик - Тврдоглави се и независни па сакаат да одат по она што ним им е замислено. Не зборуваат многу што значи дека кога ќе се налутат ќе имаат многу за кажување. Подгответе се добро.

Близнаци - Сепак, ако нешто ги налути тие одма би ви го соопштиле тоа затоа што не сакаат многу да ги држат работите под своја кожа. Не ги сакаат многу луѓето кои се обидуваат да ги контролираат или им кажуваат што да прават.

Рак - Ракот по природа е нежен и сочувствителен. Ако го налутите, не очекувајте дека ќе ви го каже тоа. Ако немате доволно силна интуиција да ја почувствувате неговата лутина, тогаш справувањето со Ракот нема воопшто да биде лесно. 

Лав - Имаат темперамент на дете и затоа не очекувајте да размислуваат на зрел начин. Тие може да направат различни сцени со кои ќе се обидат да го привлечат вашето внимание. Но сепак, нивната лутина не трае долго.

Девица - Потребно им е многу време да ги покажат своите чувства. Ако многу лошо ги повредите знаете дека сте изгубиле добар пријател, затоа што не простуваат лесно.

Вага - Веруваат во правда и веројатно ќе ви дадат шанса ако се обидете да ги повредите или налутите. Вагите се многу чувствителни, но не сакаат другите да го знаат тоа. Не очекувајте дека ќе го направат првиот чекор ако ги налутите.

Скорпија - Кај овој хороскопски знак не би можеле лесно да ја забележите лутината затоа што нивната самопочит не дозволува да го покажат тоа.  Но движењето на нивните тела лесно ќе го покаже тоа.  Ако се налутат, дајте им простор затоа што не сакаат да бидат притискани.

Стрелец - Стрелците не толерираат нелојалност или предавство. Силно избувнуваат и сигурно ќе сакате да побегнете ако успеете да ги налутите. Тој станува саркастичен и тоа е еден до знаците дека е лут. 

Јарец - Не се лутат многу. Тие повеќе уживаат во тоа да останат смирени отколку да ја трошат својата енергија на лутење. Не простуваат лесно затоа што си поставуваат високи стандарди за другите па доколку не ги оправдате нивните очекувања се разочаруваат.

Водолија - Ако ги налутите не очекувајте дека ќе се врткаат наоколу. Подобро би отишле во природа или на долго возење отколку да се занимаваат со своите емоции. Не сакаат да ги покажуваат своите емоции, а доколку врската со вас не им значи многу, никогаш нема да се обидат да ја поправат.

Риби - Не сакаат да се караат и тој момент ќе го избегнат по секоја цена. Се повлекуваат настрана за сами да го извлечат од себе она што го чувствуваат. Ако премногу им значите, секако дека ќе дојдат до вас и ќе разговараат за она што е потребно.

Ги топи килограмите: Рецепт за совршено тело!

Покрај тоа што ќе ги изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се ослободите од отровите во телото.

Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има фантастичен вкус, му дава посебна арома на секое јадење, а како врв на сето тоа е корисен и за здравјето.

Најдобро е да се конзумира свеж, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи своите својства ако се обработи термички.

Свежиот лук може да ви помогне при многу болести, а дури и самите лекари го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, срцевите заболувања и срцевиот удар.

Исто така, тој е многу корисен во ублажување на атеросклерозата и одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително ги намалува килограмите.

Како да го користите лукот за слабеење?

Исецкајте го лукот на што поситни парчиња и оставете го да отстои барем 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го конзумирате на празен желудник, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.

Земете 2 – 3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед.

Конзумирајте ја оваа смеса секој ден. После неколку дена ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а ќе бидете и поздрави. Но, после седум дена, ќе забележите и дека значително сте изгубиле од телесната тежина.

Како изгледаат хороскопските знаци на море!

Секој хороскопски знак има свои особини. Замислете дека сите заедно заминуваат на одмор…Некој „виси“ на „Фејсбук“, друг сака ноќна забава, трет да плива…

По пат:

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата заради мравките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич за некој да не и побара залче, пишува „Црно бело“.

Стрелецот веќе ставил очила за сонце и апостолки, па босите нозе ги подигнал на седиштето пред себе, заради што Ракот се расплакал.

Близнацот веќе променил повеќе статуси на Фејсбук – Тргаме, тргнавме, еве одиме, супер ни е, еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…

Вагата внимава да не си ја истутка облеката и љубезно го моли Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот.

Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види по пат, затоа што е сигурен дека сите гледаат во него.

Јарецот ги пребројува парите и пресметува по колку во просек има за еден ден, додека Водолијата ја пробува маската за нуркање.

Рибата цело време спие.

 

Конечно, стигнавме, пишува Близнакот нов статус на Фејсбук. Водолијата лајка. Овенот веќе е во море.

Скорпијата со торбата го окупирала тоалетот, заради што Вагата стои пред врата и плаче како мора да се пресоблече и да ја среди фризурата за на плажа.

Девицата има нервен слом затоа што во станот веќе е тотален неред, никој не ги распакувал куферите.

Стрелецот веќе отишол да го истражува местото, Бикот лови риба за на скара, Ракот прави јадење бидејќи знае дека сите се гладни.

Јарецот повторно ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот е на терасата и им позира на минувачите.

Рибата штотуку се разбудила и веќе размислува за смислата на животот.

 

Јухууу, еве не на плажа, гласи новиот статус на Близнакот заедно со нова фотка.

На фотографијата Девицата е со шешир на глава со дијаметар од метар и половина, додека во рака држи фактор 50-ка.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови.

Вагата има костим за капење во вредност од половина просечен автомобил.

Лавот ја покажува совршената фигура, Рибата не се гледа од својот апарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата и држат рогови од два прста.

Скорпијата го свртела грбот и им забранила на сите да ја тагнат.

Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот има 3 книги под рака, Бикот лиже сладолед.

Од Овенот нема слика, затоа што веќе е на 200 метри оддалечен во вода.

 

Ноќна журка, објавува Близнакот, без фотка бидејќи сите се веќе поцрвенети од првиот ден на плажа, освен Девицата.

Бикот запалил скара, а Лавот тврди дека тој може многу подобро.

Стрелецот веќе ги поканил сите комшии на забавата, што на Скорпијата не и се допаѓа, па мирно седи во ќоше.

Ракот на сите им сервира чинии, јадење, пијалаци…

Вагата е во свечен фустан и ја наговара Рибата да ја слика во сите можни пози.

Водолијата предлага утредента сите да запишат часови по нуркање или подводен риболов, додека Јарецот пресметува дали е тоа исплатливо.

Овенот оди на ноќно пливање.

Најчитани

Твитови