Уште еден спектакл: Утре започнува Д Фестивал, светски ѕвезди доаѓаат во Дојран!

Топло лето, жешка забава и одлична програма на овогодинешниот Д Фестивал. Љубителите на алтернатива со нетрпение го очекуваат одржувањето на популарниот Д Фест, кој ќе започне на шести и ќе трае до осми јули кај Дојранското крајбрежје.

Фестивалот кој прв пат се одржа во 2011 година, и покрај тоа што е релативно нов, секоја година поминува во одлична атмосфера и со многу посетители. Доаѓаат домашни, но и интернационални туристи, а фестивалот и годинава ги постави шаторите на крајбрежјето.

На седмото по ред издание на Д Фестивал, најавени се големи музички имиња од домашната, но и светската музичка сцена.

Во петок, на шести јули настапи ќе имаат Горан Трајковски, Никифор, Гоце Саф, Чваре, Страјк, Who see, Conquering lion, Paul Van Dyk, Conspiracy, Kiklop and the banshee и многу други.

Во сабота, во пет минути до полноќ, на главната сцена концерт ќе одржи легендарната група Архангел, а настапи ќе имаат и Сашо Митревски, Јордан Костов, Fink, Saygon, RGB, Koala Voice, Frenkie и други.

На последниот ден од фестивалот, во недела, помеѓу музичките гости најавени се настапите на Дуке Бојаџиев, Бојан Петков, Man in a suit, KI, My baby, Palindrom и други.

Фестивалските билети веќе се пуштени во продажба. За три дена, без кампување цената изнесува 600 денари, три дена со кампување чини 650 денари, додека пак еднодневен билет без кампување е 350 денари.

Д Фестивал е единствениот летен музички фестивал на отворено во земјава. Покрај музичката програма која се одвива паралелно на четири фестивалски бини, Д Фестивал секоја година подразбира и раскошна разновидност на настани и случувања во дополнителната програма во ПлоштАРТ зоната и Фестивалскиот камп која вклучува филмски проекции, уметнички изложби и инсталации, работилници, дискусии, спортски активности и многу забавни содржини.

Тамара Тодевска го покажа трудничкото стомаче! (ФОТО)

Тамара Тодевска е активна трудница, изгледа одлично, па речиси и не налкикува дека скоро е влезена во седмиот месец од бременоста. Неодамна објави фотографија каде што го покажува своето трудничко стомаче, па слободно можеме да кажеме дека бременоста ѝ прилега доста.

Тајни кои ги кријат личностите родени во знакот Вага!

Вагите се познати по тоа што имаат високо развиени логички способности, па умеат правилно да расудуваат. Меѓутоа, во продолжение откријте некои работи кои се помалку познати за овие личности.

Вагите тежнеат кон долги и значајни врски

Ретко која личност родена во знакот Вага ќе се пронајде во кратките врски без смисла. Тие се спремни да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност.

Тие се особено внимателни

Вагите знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Тие постојано го набљудуваат светот околу себе и си „прават белешки“ во својата глава за сето она што го гледаат.

Вагите умеат да бидат непредвидливи

Кога е во прашање Вагата, не постои секогаш баланс. Како воздушен знак, тие може да бидат непредвидливи. Во еден момент може да помислите дека целосно сте ги сфатиле овие личности, но веќе наредниот Вагата ќе направи нешто што не сте ни помислувале.

Најчитани

Твитови