Леблебија: Здравствените придобивки од секојдневно конзумирање ќе ве зачудат!

Леблебијата потекнува од семејството на мешунки и истата се карактеризира со необичен вкус.

Таа е сестрана и може да се користи за припрема на било какви јадења и може да биде вметната во било која кујна. Освен уникатниот вкус и арома, леблебијата исто така има мноштво здравствени придобивки.

Еве неколку здравствени предности на леблебијата:

Леблебијата е богата со растворливи и нерастворливи влакна. Додека растворливите влакна помагаат во одржување на здравјето на жолчката, нерастворливите влакна го подобруваат варењето и помагаат во одржување на витката линија.

Многу вегетаријанци ги пропуштаат протеините кои лесно можат да се добијат преку храна со животинско потекло. Леблебијата е добар извор на протеини без додатоци на калории и незаситени масти.

Манган е минерал кој му помага на телото во производство на енергија. Една шолја леблебија два до три пати неделно е доволна за да ги наполните батериите за цела недела. Најдобар начин е да ја консумирате како ужина или да ја зготвите со малку сол.

Леблебијата е богата со железо и со тоа е важен природен додаток за жени кои се во менструален период, лактација или се трудни. Децата кои се во раст и развој исто така имаат корист од оваа мешунка.

Растворливите влакна во леблебијата помагаат да се одржи оптималното ниво на шеќер во крвта. Доколку сте отпорни на инсулин или имате дијабетес, леблебијата е добра за организмот бидејќи овозможува постојана енергија.

Нов циклон над Македонија - следуваат денови со пад на температурите

По денешната дестабилизација на времето која ни ја донесе циклонот ФЛОРИЈАН и која на повеќе места услови пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.

 Особено на планините се очекува продор на свеж воздух од север и од североисток кој ќе започне да се спушта уште од оваа ноќ и истиот утре (среда) и во четврток на повеќе места ќе услови засилен ветер од северен правец кој локално на моменти особено долж Повардарието ќе достигнува брзина до околу 60 км/час, пишува метеорологот Славчо Попоски.

Од утре до сабота времето ќе биде сончево со повремено мала до умерена и умерена локална облачност а особено на планинските места но и на оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за сосема краткотраен дожд и услови за ретки грмежи.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвеж ден ќе биде четврток кога максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 21 до 28, 29 степени додека наутро особено ќе биде посвежо кога минималните температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се спуштат до околу 20 степени.

Најсексапилните парови според хороскопот

Што хороскопскиот знак открива за нашите сексуални афинитети?

Припадниците на хороскопскиот знак Лав се палат на жесток секс, Шкорпиите се ненаситни, Близнаците и Овновите се мајстори за секс набрзина, Водолиите и Јарците сакаат секс играчки.

Овен
Сака да покаже доминација и во креветот. Сексуална енергија има на претек и многу е страствен. Ги сака сите пози каде може да го диктира темпото и да го потчини партнерот. Добро се сложува со сите огнени и воздушни знаци.

Бик
Бикот е исклучително сексуален, има способност да почувствува што е тоа што најмногу го возбудува партнерот. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Шкорпија, како и останатите водени знаци.

Близнаци
Близнакот не спаѓа во групата на сексуални знаци, но умее да изненади. Неговото најсилно оружје е уметноста на заведување. Сака да зборува во текот на сексот. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклупува со Стрелецот и Водолијата.

Рак
Ракот е исклучително чувствителен знак кому му е потребно да сака за да може во сексот да ја покаже својата нежност и уметност. Во спротивно, нема да биде баш инспириран. Позите кои ги сака се оние во кои може да има близок контакт со партнерот. Му одговараат земјените знаци.

Лав
Желбата да биде најдобар не го напушта ни во сексот – секогаш е подготвен на сѐ. Сака жесток и активен секс и пози во кои може да надгледува. Му одговараат знаците Овен и Вага.

Девица
Овој знак има потешкотии да се опушти за време на сексот, така што му одговараат класичните пози. Добро се сложува со Јарците и Рибите.

Вага
Ужива во заведувањето и во сексот има многу побарувања. Смета дека го заслужува најдоброто, а партнерот исто така ќе добие потполно уживање. Ги сака позите кои ги откриваат сите способности. Добро се сложува со знаците Овен и Водолија.

Шкорпија
Во врската сексот е најважен за овој знак, па во креветот одлично се покажува. Сака необични пози. Си одговара со Бик, Риби и Рак.

Стрелец
По природа е ладен така што ги сака конзервативните пози и позите во кои партнерот е доминантен. Се сложува со Шкорпиите, Биковите и Раковите.

Јарец
Во креветот е многу слободен и оргинален, но исто така е склон кон чести авантури. Го возбудува сѐ, а особено провокативен изглед. Најмногу ги сака позите во стоечка положба. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.

Водолија
Овој знак во сексот сака сѐ и секогаш е отворен за иновации. Од сето она од што другите можеби се срамат, тој не. Го возбудува шепотењето. Се вклопува со Близнаците и Огнените знаци.

Риби
Во креветот умеат да направат вистинска магија. Особено ги возбудува мазење на стопалата и страстен бакнеж. Најмногу им одговараат Раковите, Шкорпиите и Девиците.

За холивудска насмевка, сипете само една состојка во популарниот напиток!

Додавањето на млеко во чајот е всушност британски културен феномен, додека ние во Македонија го пиеме во поедноставен облик.

Евентуално додаваме мед и лимон.

Сепак, според едно истражување објавено во магазинот International Journal of Dental Hygiene, праксата на додавање на само малку млеко во чајот би можела да ви помогне за да си ги избелите забите.

Некои научници мислат дека токму оваа комбинација е помоќна и од најдобрата паста за избелување на забите или од останатите стоматолошки препарати.

Всушност, главен виновник за ова чудотворно дејство е млечниот протеин казеин. Кога тој ќе се измеша со танините од чајот, се спречува настанувањето на темни дамки кои што се појавуваат на забите.

Најчитани

Твитови