Што смеете а што не смеете да јадете според вашата крвна група!

Врската помеѓу исхраната и здравјето се базира на тоа дека крвните групи - О, А, Б, или АБ, ја одредуваат способноста на организмот да ги апсорбира хранливите состојки, да се бори против болестите и да се избори со стресот.

Крвна група АБ

Предности - создаден за модерни услови, толерантен имунитет

Слабости - чувствителен дигестивен систем, толерантен имунолошки систем, подложен на вируси

Многу корисно

(Може јагнешко месо, мисирка, зајак, овчо месо до 300 гр. неделно), туна, бакалар, ослич, скуша, штука, пастрмка, лосос, сардела, младо сирење, козјо сирење, козјо млеко, кефир, јогурт – маслиново масло (ладно цедено), костени, ореви, кикири, ситен грав, црвен грав, леќа, соја, просо, овес, ориз, мешани црни лебови без жита, цвекло, брокула, карфиол, целер, зелка, лук, компир, магдонос, краставица, цреши, смокви, грозје, киви, сливи, лимон, капини, ананас, модри сливи, морков, целер, рен, јагоди,  обично кафе

Неутрално

Фазан, гргеч, харунга, лигнји, лосос, сирења и кашкавал, рибино масло, кикири, бадем, фастаци, граф, боранија, леќа, грашок, бело брашно со овес и рж, рен, празмасинки, компир, спанак, домат, јаболка, кајсии, капини, боровинки, праски, круши, мајонез,сенф, пиво, вина

Штетно

Сланина, кокошка, еребица, диво месо, шунка, говедско, свинско, телешко, конзервирани и замрзнати и сувимесни производи—рак, димен лосос, јастог, јагула—матеница, сладолед, путер и маргарин—обични масла, семки од тиква, сусам, сончоглед, корнфлекс, пченкарно брашно, авокадо, пченка, печурки, маслинки, зелена пиперка, ротквици—банана, кокос, портокали, калинка, манго, јаболков оцет, кечап, туршии, алое, кока кола,

Додатоци во исхрана витамин Ц, глог, кверцетин

Исхрана за крвна група А

Многу корисно 

 

Крап, бакалар, скуша, ајкула, пастрмка, лосос, срдина, полжави, сирење од соја и млеко од соја, ленено и маслиново масло, кикирики и семки од тиква, црвен и бел грав, леќа, грашок, леб и пецива од соја, ориз, овес, рж, јачмен, артичок, цвекло, морков, лук, кромид, рен, магдонос, пашканат, зелена салата, зелка, праз, бамија, спанаќ, тиква, кељ, кајсии, капини, боровинки, смокви, сливи, грејпфрут, цреши, лимон, ананас, грозје, сенф, кафе, црвено вино

Неутрално

Кокошка, мисирка, туна, штука, козјо сирење, кравјо сирење, јогурт, кисело млеко

рибино масло, бадем, костен, сусам, лешник, орев, сончоглед, боранија и останата врсти на грав, печурки, карфиол, целер, пченка, краставици, тиквици, ротквици, јаболка, рибизла, диња, калина, малина, лубеница, праски

Штетно

Сите останати видови меса, баракуда, краба, јагула, рак, острига, лосос, кравјо и овчо млеко, кајмак, путер, маргарини, пармезан, останити сирења и кашкавали, обични масла за јадење, фстаци, ситен грав и наут, пченицни цереали, тестенини и пецива од пченица и бело брашно, црн домат, маслинки, црвен домат, шитаке печурки и зелена банана, кокос, манго, портокал и мандарини, црвен пипер, јаболков и вински оцет, кечап и мајонез, пиво, ликер и газирани сокови

Додатоци на исхрана - Витамин Б12, фолна киселина, Витамин Ц и Витамин Е.

Исхрана за крвна група О (нулта)

Многу корисно

( Може говедско, јагнешко, телешко, овчо, до 300 gr. неделно) бакалар, ослич, срдина, скуша, пастрмка, лосос, белвица, харинга, гргеч, козјо сирење, ленено или маслиново масло, орев и семки од тиква, артичок, цикорија, рен, праз, кромид, магдонос, компир, спанаќ, репа, пашканат, тиква, пиперка, свежи и суви смокви, свежи и суви зелени, црвени и црни сливи, цреши, ананас.

Неутрално

Кокошка, патка, мисирка, туна, рак, шкампи, полжав, крап, школки, оризово или сојино млеко, бадем костен, лешник , сусам, црн грав, боранија , грашок, ориз, јачмен, просо, рж, цвекло, ким, морков, целер, зелена салата, печурки, лук, краставици, тиква и домат, јаболка, боровинки, киви, круши, грозје, лубеница, банана, малина, кајсии и праски

Штетно

Сланина, гуска, шунка, прасе, салами, паштети, колбаси, конзерви, пушено или чадено месо, кавијар, икра, харинга, чаден лосос, октопод, млеко (обично и пастеризирано) , кашкавал, сирење, кајмак, павлака, кисело млеко, маргарин, обични масла (од пченка, сончоглед и тиква), кикири и фстаци, леќа и обичен бел грав, леб од пченица, пченкарно брашно, бурек, ѓеврек, тестенини, авокадо, зелка, карфиол, пченка, црни домати, брокула и маслинки, јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини и диња.

Додатоци на исхрана – Витамин Б, витамин К, Калциум, Јод, морски алги (омега 3)

Исхрана за крвна група Б

Многу корисно 

Јагнешко месо, дивеч, овчо месо и зајак 300гр неделно, бакалар, гргеч, јесетра, скуша, пастрмка, штука, лосос, сардина, ослич, младо сирење, козјо сирење, керир, јогурт,, козјо млеко, кисело млеко, масло по можност ладно цедено, бадем, костен, обичен, грав, соја вита, ситен грав, лима грав, просо, брашно, пахуљици, трици, оризови производи, леб од просо, овес, р’ж, цвекло, брокула, зелка, пиперки, печурки, магдонос, карфиол, компир, моркови, пашканат, банана, грозје, сливи, ананас, феферончиња ( лути ), рен, ротквици, сенф, мајонез трушии, јајца

Неутрално

Путер, матеница, останати сирења и млека, рибино масло, ленено масло, кикирики, орев,, грав, боранија, мешунка, грашак, лебови од р’ж, ориз, јачмен, краставици, целер, лук, праз, салата, бамња, кромид, спанак, тиквици, јаболка, диња, кајсија, капина, јагода, праска, цреши, круши, смокви, киви, лимон, лубеница, боровница, грозје, малина, оцет јаболков и вински, мајонез, сенф, пиво, вина, кафе, говедско месо, мисирка телешко месо, туна и др.

Штетно

Сланина, кокошка, гуска, шунка, свинско, патка, конзервирани производи, чадени и пушени меса, сладолед, обични масла и масти, сусам, кикирики, фстаци, семки од тиква, таан, сончоглед, црн грав, наут, леќа, јачмен, жито, и житни производи, бурек тестенини, артичок, пченка, маслинки, ротквици, домати, цимет, бибер, кечап, алое, липа, алкохол, кока кола, соди (сода вода, кислеа вода)

Диета - Умерено во се, пилешко месо, млечни производи, овоштие и зеленчук, жита грав и пченица

Ги топи килограмите: Рецепт за совршено тело!

Покрај тоа што ќе ги изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се ослободите од отровите во телото.

Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има фантастичен вкус, му дава посебна арома на секое јадење, а како врв на сето тоа е корисен и за здравјето.

Најдобро е да се конзумира свеж, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи своите својства ако се обработи термички.

Свежиот лук може да ви помогне при многу болести, а дури и самите лекари го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, срцевите заболувања и срцевиот удар.

Исто така, тој е многу корисен во ублажување на атеросклерозата и одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително ги намалува килограмите.

Како да го користите лукот за слабеење?

Исецкајте го лукот на што поситни парчиња и оставете го да отстои барем 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го конзумирате на празен желудник, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.

Земете 2 – 3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед.

Конзумирајте ја оваа смеса секој ден. После неколку дена ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а ќе бидете и поздрави. Но, после седум дена, ќе забележите и дека значително сте изгубиле од телесната тежина.

Како изгледаат хороскопските знаци на море!

Секој хороскопски знак има свои особини. Замислете дека сите заедно заминуваат на одмор…Некој „виси“ на „Фејсбук“, друг сака ноќна забава, трет да плива…

По пат:

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата заради мравките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич за некој да не и побара залче, пишува „Црно бело“.

Стрелецот веќе ставил очила за сонце и апостолки, па босите нозе ги подигнал на седиштето пред себе, заради што Ракот се расплакал.

Близнацот веќе променил повеќе статуси на Фејсбук – Тргаме, тргнавме, еве одиме, супер ни е, еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…

Вагата внимава да не си ја истутка облеката и љубезно го моли Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот.

Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види по пат, затоа што е сигурен дека сите гледаат во него.

Јарецот ги пребројува парите и пресметува по колку во просек има за еден ден, додека Водолијата ја пробува маската за нуркање.

Рибата цело време спие.

 

Конечно, стигнавме, пишува Близнакот нов статус на Фејсбук. Водолијата лајка. Овенот веќе е во море.

Скорпијата со торбата го окупирала тоалетот, заради што Вагата стои пред врата и плаче како мора да се пресоблече и да ја среди фризурата за на плажа.

Девицата има нервен слом затоа што во станот веќе е тотален неред, никој не ги распакувал куферите.

Стрелецот веќе отишол да го истражува местото, Бикот лови риба за на скара, Ракот прави јадење бидејќи знае дека сите се гладни.

Јарецот повторно ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот е на терасата и им позира на минувачите.

Рибата штотуку се разбудила и веќе размислува за смислата на животот.

 

Јухууу, еве не на плажа, гласи новиот статус на Близнакот заедно со нова фотка.

На фотографијата Девицата е со шешир на глава со дијаметар од метар и половина, додека во рака држи фактор 50-ка.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови.

Вагата има костим за капење во вредност од половина просечен автомобил.

Лавот ја покажува совршената фигура, Рибата не се гледа од својот апарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата и држат рогови од два прста.

Скорпијата го свртела грбот и им забранила на сите да ја тагнат.

Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот има 3 книги под рака, Бикот лиже сладолед.

Од Овенот нема слика, затоа што веќе е на 200 метри оддалечен во вода.

 

Ноќна журка, објавува Близнакот, без фотка бидејќи сите се веќе поцрвенети од првиот ден на плажа, освен Девицата.

Бикот запалил скара, а Лавот тврди дека тој може многу подобро.

Стрелецот веќе ги поканил сите комшии на забавата, што на Скорпијата не и се допаѓа, па мирно седи во ќоше.

Ракот на сите им сервира чинии, јадење, пијалаци…

Вагата е во свечен фустан и ја наговара Рибата да ја слика во сите можни пози.

Водолијата предлага утредента сите да запишат часови по нуркање или подводен риболов, додека Јарецот пресметува дали е тоа исплатливо.

Овенот оди на ноќно пливање.

Најчитани

Твитови