Ладните раце и нозе кажуваат многу за вашето здравје: Не ги занемарувајте овие знаци!

Изреката „ладни раце, топла љубов“ е симпатична, но тоа не е она на што ладните раце можат да укажуваат.

Кога се ниски температурите нормално е да ви се ладни рацете, бидејќи системот на циркулација ја регулира целокупната телесна топлина. Меѓутоа постојат некои симптоми на кои треба да обратите внимание.

Знаци на предупредување

Овие симптоми се знаци на предупредување дека постои некаков проблем со вените и цирклацијата и дека треба да е обратите кај вашиот доктор:

1. Упорно ладни раце и нозе

2.Промена на бојата на кожата

3.Вкочанетост

4.Пецкање

5.Рани и Пликови

6.Затегната кожа

На што укажуваат?

Болести кои обично се поврзуваат со ладни раце се: анемија, бургер болест, дијабетис, заболување на периферните артерии (PAD), Раинаудова болест, и склеродерма. Тоа се сите пореметувања кои можат да ја намалат циркулацијата на крвта во екстремитетите. Докторот може да диагностицира каде е основниот проблем и да предложи соодветен третман. Исто така, постојано ладните раце и нозе може да биде реакција на одредени лекови како што се бета блокатори и лекови за штитната жлезда и мигрената.

Смрзнатини

Смрзнатините се последица на многу ладните раце. Кога телото е изложено на температура под точката на мрзнење подолго време, кожното ткиво може да замрзне и да помодри. Смрзнатините најчесто се јавуваат на рацете, стапалата, носот и ушите. Може да осетите трнење или пецкање, а вашата кожа може да изгледа бела како восок. Во потешките случаеви на кожата можат да се појават пликови. Доколку мислите дека имате смрзнатини, одете на лекар или на итна помош за непосредна евалуација.

Ги топи килограмите: Рецепт за совршено тело!

Покрај тоа што ќе ги изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се ослободите од отровите во телото.

Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има фантастичен вкус, му дава посебна арома на секое јадење, а како врв на сето тоа е корисен и за здравјето.

Најдобро е да се конзумира свеж, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи своите својства ако се обработи термички.

Свежиот лук може да ви помогне при многу болести, а дури и самите лекари го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, срцевите заболувања и срцевиот удар.

Исто така, тој е многу корисен во ублажување на атеросклерозата и одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително ги намалува килограмите.

Како да го користите лукот за слабеење?

Исецкајте го лукот на што поситни парчиња и оставете го да отстои барем 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го конзумирате на празен желудник, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.

Земете 2 – 3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед.

Конзумирајте ја оваа смеса секој ден. После неколку дена ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а ќе бидете и поздрави. Но, после седум дена, ќе забележите и дека значително сте изгубиле од телесната тежина.

Како изгледаат хороскопските знаци на море!

Секој хороскопски знак има свои особини. Замислете дека сите заедно заминуваат на одмор…Некој „виси“ на „Фејсбук“, друг сака ноќна забава, трет да плива…

По пат:

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата заради мравките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич за некој да не и побара залче, пишува „Црно бело“.

Стрелецот веќе ставил очила за сонце и апостолки, па босите нозе ги подигнал на седиштето пред себе, заради што Ракот се расплакал.

Близнацот веќе променил повеќе статуси на Фејсбук – Тргаме, тргнавме, еве одиме, супер ни е, еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…

Вагата внимава да не си ја истутка облеката и љубезно го моли Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот.

Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види по пат, затоа што е сигурен дека сите гледаат во него.

Јарецот ги пребројува парите и пресметува по колку во просек има за еден ден, додека Водолијата ја пробува маската за нуркање.

Рибата цело време спие.

 

Конечно, стигнавме, пишува Близнакот нов статус на Фејсбук. Водолијата лајка. Овенот веќе е во море.

Скорпијата со торбата го окупирала тоалетот, заради што Вагата стои пред врата и плаче како мора да се пресоблече и да ја среди фризурата за на плажа.

Девицата има нервен слом затоа што во станот веќе е тотален неред, никој не ги распакувал куферите.

Стрелецот веќе отишол да го истражува местото, Бикот лови риба за на скара, Ракот прави јадење бидејќи знае дека сите се гладни.

Јарецот повторно ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот е на терасата и им позира на минувачите.

Рибата штотуку се разбудила и веќе размислува за смислата на животот.

 

Јухууу, еве не на плажа, гласи новиот статус на Близнакот заедно со нова фотка.

На фотографијата Девицата е со шешир на глава со дијаметар од метар и половина, додека во рака држи фактор 50-ка.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови.

Вагата има костим за капење во вредност од половина просечен автомобил.

Лавот ја покажува совршената фигура, Рибата не се гледа од својот апарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата и држат рогови од два прста.

Скорпијата го свртела грбот и им забранила на сите да ја тагнат.

Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот има 3 книги под рака, Бикот лиже сладолед.

Од Овенот нема слика, затоа што веќе е на 200 метри оддалечен во вода.

 

Ноќна журка, објавува Близнакот, без фотка бидејќи сите се веќе поцрвенети од првиот ден на плажа, освен Девицата.

Бикот запалил скара, а Лавот тврди дека тој може многу подобро.

Стрелецот веќе ги поканил сите комшии на забавата, што на Скорпијата не и се допаѓа, па мирно седи во ќоше.

Ракот на сите им сервира чинии, јадење, пијалаци…

Вагата е во свечен фустан и ја наговара Рибата да ја слика во сите можни пози.

Водолијата предлага утредента сите да запишат часови по нуркање или подводен риболов, додека Јарецот пресметува дали е тоа исплатливо.

Овенот оди на ноќно пливање.

Најчитани

Твитови