Другарите на Саздов: Го следеа Никола цел месец, го нападнаа кукавички додека беше со девојката

Не се смируваат реакциите во јавноста по смртта на Никола Саздовски, кој откако на 29 јуни крвнички беше претепан во скопската населба Автокоманда, вчера им подлегна на повредите.

Но, не престануваат ни прашањата кои биле причините зошто 21 годишно момче бил нападнат од три лица чиј идентитет не се соопштува „за да немало меѓунационални тензии” и за кои се вели дека двајца се во притвор а по третиот се трага.

Прочитај повеќе - Пред Собранието започна мирен собир во чест на Саздовски (галерија)

Од Основното јавно обвинителство вчера зјавија дека се преземаат дејствија во истражна постапка за утврдување на фактите.

Весникот „Независен” денеска пренесува изјава од пријателите на Саздовски од која може да се заклучи дека не се работело за случаен инцидент, или насилство како што првично беше квалификуван случајот.

„Ги знаеме кои се напаѓачите, од Чаир се, заштитени се како бели мечки од државата. Цел месец нѐ следат, ни се закануваат по ‘фејсбуци’ и по СМС-пораки. Пред некоја недела избодеа со нож едно наше дете.

Сега го чекаа Саздо. Го нападнаа кукавички додека беше со девојката. Чекале автобус на станица, застанал ‘мерцедес’, излегле три-четворица и го нападнале со тупаници, боксови, па дури и со нож. Му ги скршиле ребрата, тој паднал на асфалтот, со главата удрил на тротоарот.

Напаѓачите побегнале, а на Саздо дури тогаш му пришле луѓе да му помогнат”, велат неговите пријатели.

Тамара Тодевска го покажа трудничкото стомаче! (ФОТО)

Тамара Тодевска е активна трудница, изгледа одлично, па речиси и не налкикува дека скоро е влезена во седмиот месец од бременоста. Неодамна објави фотографија каде што го покажува своето трудничко стомаче, па слободно можеме да кажеме дека бременоста ѝ прилега доста.

Тајни кои ги кријат личностите родени во знакот Вага!

Вагите се познати по тоа што имаат високо развиени логички способности, па умеат правилно да расудуваат. Меѓутоа, во продолжение откријте некои работи кои се помалку познати за овие личности.

Вагите тежнеат кон долги и значајни врски

Ретко која личност родена во знакот Вага ќе се пронајде во кратките врски без смисла. Тие се спремни да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност.

Тие се особено внимателни

Вагите знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Тие постојано го набљудуваат светот околу себе и си „прават белешки“ во својата глава за сето она што го гледаат.

Вагите умеат да бидат непредвидливи

Кога е во прашање Вагата, не постои секогаш баланс. Како воздушен знак, тие може да бидат непредвидливи. Во еден момент може да помислите дека целосно сте ги сфатиле овие личности, но веќе наредниот Вагата ќе направи нешто што не сте ни помислувале.

Најчитани

Твитови