Четврточна доза астрологија (12 Јули, 2018)

Овен

Ако не бидете внимателни можно е да имате проблеми во комуникацијата денес, без разлика дали ќе кажете премногу или премалку, или пак погрешните зборови на погрешни лица. Сакате да откриете некоја голема тајна, но не се баш сигурни. Можеби добивате премногу информации од некој за кого не сте сигурни како да го прашате да престане да ги издава своите тајни.

Бик

Пред вас е многу интересен ден кој ќе биде исполнет со неограничени можности. Бидете слободоумни и ускладете се со природниот тек на енергијата. Слободно прифатете ги поканите на вашите пријатели за некаква забава или дружење. Расположени сте и сакате да комуницирате со другите.

Близнаци

Денес е одличен ден за да експериментирате со вашето однесување и вашиот став кон животот и луѓето. Испробајте се во некои нови активности или запознавајте нови личности. Сето тоа ќе ви помогне подобро да се разберете самите себе и да надминете некои стари и истрошени емоционални шаблони.

Рак

Иако можеби не се согласувате доволно со некој со голем авторитет, вие сте одлични на работа и се однесувате супер со вашите колеги. Земете некој од нив да ви помага за некој голем проект, ќе бидете задоволни од исходот. Вечерва, пак, соберете го вашето друштво и организирајте голема забава. Колку повеќе – толку подобро!

Лав

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

Девица

Денес е убав, забавен и општествено исполнет ден. Ќе бидете постојано во движење и ќе се појавуваат различни можности за напредок. Ако имате некакви ангажмани во групни активности, избегнувајте волонтирање. Не прифаќајте важни сугестии ни во однос на работата ни во приватноста.

Вага

Шефовите, родителите или другите луѓе ќе ви приредат  нешто што не го очекувавте. Бидете со отворен став за различни сугестии и предлози. Како резултат на сето тоа, можно е да го пренасочите животот во сосема друга насока.

Шкорпија

Вашата толеранција е сведена на нула – кажувате точно што мислите. Во исто време, вашата желба за да ги смирите сите оние кои се расправаат е се поголема. Можеби не сте најдобро друштво во моментов, но сите кои ве познаваат знаат точно до каде е нивниот однос со вас.

Стрелец

Денот ќе ви биде доста интересен, ќе се дружите со интересни луѓе. Сепак, не се изненадувајте ако вашето расположение од одлично се преобличи во одбранбена борба. Некои велат дека сте малку напорни, но вие знаете што функционира за вас, а што не. Останете смирени.

Јарец

Со леснотија ќе комуницирате, ќе се дружите и ќе се договарате со саканото лице за сите важни прашања. Ако излезете навечер, ќе запознаете интересни луѓе, а симпатијата на прв поглед ќе биде заемна. Одете на некој концерт, во диско или во кино.

Водолија

Ниту еден денешен план нема цврста основа, па не надевајте се на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и’ е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател.

Риби

Немојте да ги повторувате грешките од минатото, особено не оние љубовните. Доколку порано сте се изгореле, а се однесувате слично, внимавајте бидејќи може да биде многу полошо и поболно. Ова предупредување се однесува и на другите животни полиња. Препорачливо ви е да одвоите малку време од денот и за рекреација.

Внимавајте: Не се заљубувајте во припаднците со овој хороскопски знак!

Не се заљубувајте во Рак затоа што има златно срце, најчисто срце кое некогаш ќе го запознаете. Тие влегуваат во врска без никакви задни намери и не бараат ништо од вас. Тие ќе ве сакаат со цело срце ако им покажете дека го заслужувате тоа. Тие се прекрасни души кои даваат сѐ од себе за другите да бидат среќни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што и покрај тоа што има срце од злато, тие околу себе имаат ѕидови. Морате малку да се потрудите за да им се приближите. Нивната љубов не е едноставна, но знаеме дека најдобрите работи во животот никогаш не се едноставни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што ќе запомнат сѐ што ќе им кажете, дури и ако го кажете тоа со шепот. Тие слушаат повеќе од она што го кажувате и навистина се грижат. Тие ќе запомнат работи кои вие сте заборавиле дека сте ги кажале. И ќе се чувствувате дека ги познавате цел живот.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие премногу се грижат. Се грижат за вашите чувства и секогаш ќе внимаваат да не ве повредат. Тие ќе ви се извинуваат и повеќе отколку што треба, затоа што сакаат да бидете среќни.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие се премногу чувствителни. Тие ќе ве научат поинаку да гледате на животот, да бидете повнимателни… Ќе видете како ќе почнете да се менувате, затоа што ќе се грижите и за себе, но и за сите останати околу вас.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што толку многу се добри, но и срамежливи. Не функционираат најдобро на големи собири, но ако некој ги повлече на страна и започне разговор со нив, тие повторно ќе се претворат во личноста која толку многу ја сакате.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што тие секогаш го следат своето срце. Дури и ако се работи за нерационален и нелогичен избор. Тие се прилично тврдоглави кога се во прашање работите што ги сакаат.

Не се заљубувајте во Рак, затоа што навистина ќе се приврзат за вас, а вие ќе бидете пресреќни што сте запознале личност која толку се грижи за вас. Затоа што светот е место во кое луѓето се плашат да го отворат срцето и ретко го прават тоа. Тие беспрекорно ги читаат луѓето и треба да им верувате на нивната процена.

Дури и ако се заколнете дека нема да се заљубите во нив, ќе сфатите дека се заљубувате. Можете да го негирате тоа и да речете дека тоа нема да функционира. Но, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека ги сакате повеќе отколку што сакате да признаете. И тоа е уште една работа во која се добри – секогаш им докажуваат на луѓето дека не се во право.

Постои причина зошто Бог ни носи одредени луѓе во животот

Често велиме дека не можеме да објасниме зошто се чувствуваме на одреден начин за некоја личност. Зошто со некои луѓе полесно се поврзуваме, а со други поврзувањето е тешко или незначајно.

Понекогаш изгледа како Бог да нѐ спојува со некои луѓе, како тие да ни се потребни во тој момент во нашиот живот. Тоа се луѓе кои нѐ учат на важна лекција за животот и за себеси.

Постои причина зошто Бог го придвижува нашето срце кон некоја конкретна личност и зошто со неа се поврзуваме со таа личност повеќе од другите. Кога ќе погледнеме назад, не постои ниту една личност кон која сме биле приврзани, а која не нѐ научила на нешто или не играла голема улога во нашиот развој и созревање. Иронијата е голема, бидејќи таквите луѓе само привремено биле дел од нашиот живот, а оставиле огромна тага на него.

Многу често, фазата во која сме во животот одредува какви луѓе привлекуваме кон себе. Изгледа како Бог да ни ги праќа вистинските луѓе во вистинско време. Тој ни дава одговори за животот преку овие луѓе. Нѐ просветлува доближувајќи нѐ до луѓето кои го вадат најдоброто од нас. Ни помага со тоа што не доближува до луѓе кои на некаков начин ја вадат силата од нас.

Понекогаш посакуваме тие луѓе да останат засекогаш во нашиот живот, но многу многу често тоа е невозможно. Не ни е судено тие да бидат во нашиот живот засекогаш. Бог ги носи само за одреден период, за да не направи подобри личности за оние кои ќе останат со нас засекогаш.

Често многу патиме и се нервираме бидејќи овие луѓе си заминуваат брзо од нашиот живот и си мислиме дека немаме среќа. Не сфаќаме и не можеме да прифатиме дека тие си заминуваат и дека Бог ни ги одзема од животот, по убавите времиња кои сме ги поминале со нив. Многу често, наместо да се инспирираме од приказната помината со нив, патиме долго по нив. Сепак, вистината е дека сите тие искуства ја носат вистинската живот во нашиот живот и нѐ учат како да се однесуваме со неа и како да ја цениме и почитуваме.

Мораме да имаме верба. Мораме да веруваме дека подобри времиња доаѓаат пред нас, а дека сите тие искуства се важни лекции во нашиот живот. Можеби тие луѓе биле како некакви ангели пратени да нѐ научат на некаква лекција и да не направат подобра личност, а потоа да одлетаат од нас.

Можеби и тие нѐ учат како да не се држиме до нешто или некого по секоја цена, како да бидеме радосни во убавите моменти, а да ја прифатиме вистината кога нив ќе ги снема и луѓето ќе си отидат. И, највеќе од сѐ: да веруваме во тоа дека Бог чува нешто подобро за нас.

Зошто е добро да јадете кисела зелка?

Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу корисна за нашето здравје.

Зелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12), кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.

Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.

Расол

Познато е дека расолот е пијалак кој се препорачува како лек за тегоби поврзани со варењето, како и народен лек за смалување на отоците на зглобовите.

Меѓутоа, малку е познато дека сокот од кисела зелка не е богат само со витамин Ц, туку е и лековит пијалак со широк спектар на дејства. Со експерименти е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лечи чир на желудник и воспаление на дебелото црево. Помешан со сок од морков и репка, расолот е одличен пијалак за оние кои имаат недостаток на калциум. Исто така се препорачува да го пијат жени во средни години за да го спречат процесот на остеопороза.

Лековити својства:

1. Го подобрува расположението

2. Го прави организмот отпорен на стрес

3. Ја активира размената на материи во мозокот

4. Помага при создавањето на црвени крвни зрнца

5. Ја стимулира работата на клетките и подмладува

6. Помага за зајакнување на коските

7. Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвта

8. Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите

9. Придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво

Најчитани

Твитови