Хормонален дисбаланс: Фактори кои покажуваат дека е време да посетите лекар!

Trеба да ја научите разликата помеѓу нормалните пореметувања на хормоните што се предизвикани од месечен циклус и симптомите што ја следат, и вистинско пореметување на хормоните од сериозни причини. Еве неколку совети како да препознаете кога е вистинско време да посетите лекар и во која состојба може да се манифестира сериозно пореметување на хормоните.

Замор

Исцрпеноста е една од најчестите симптоми што може да се предизвикани од многу причини. „Доколку сте уморни после недела исполнета со завршни испити или останувањето до доцна на работа, веројатно е сè во ред. Но, ако постојано се чувствувте исцрпено и забележите нагло зголемување на килограмите, варијации во апетитот и необично однесување на цревата, тоа може да биде знак за намалување на функцијата на тироидната жлезда“, вели Двек. Нормално, на сите им се случува да се чувствуваат уморно, но ако за тоа нема значајна причина, побарајте совет од лекар.

Промени на кожата

Мозолчињата се појавуваат од различни причини, но големите и чести акни на долната половина од лицето, може да укажуваат на зголемено ниво на тестостерон - предупредува Алиса Двек. Иако ова не е проблем што ви го загрозува животот, промени на кожата од ваков тип можат да се одразат на психата. Зголеменото ниво на тестостерон многу лесно се регулира и кожата ќе се исчисти со правилна медицинска терапија.

Влакна

Станува збор за многу брз раст на темни вакната на градите, грбот и рацете, што се појавуваат неочекувано. Ова може да укажува на појава на тумор што настанува од пореметување на работата на тестостеронот - истакнува Двек. Не паничете веднаш, овој тип на тумор е ретка појава, а често успешно се третира со лекови и операција.

Препотување во текот на ноќта

Освен ако во вашата соба е премногу топло, чувството на преголема топлина и потењето при самото будење, може да бидат резултат на ниско ниво на естроген и ретка овулација, но и состојба пред менопауза. „Сосотојбата пред менопауза може да се појави и 10 години порано. Затоа, доколку сте немале големи проблеми со менструација до пред 40-тата година, можеби сте во рана менопауза“, вели Двек. Таа препорачува да посетите лекар во секој случај, за да бидете сигурни дека не се работи за ништо посериозно.

Нов циклон над Македонија - следуваат денови со пад на температурите

По денешната дестабилизација на времето која ни ја донесе циклонот ФЛОРИЈАН и која на повеќе места услови пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.

 Особено на планините се очекува продор на свеж воздух од север и од североисток кој ќе започне да се спушта уште од оваа ноќ и истиот утре (среда) и во четврток на повеќе места ќе услови засилен ветер од северен правец кој локално на моменти особено долж Повардарието ќе достигнува брзина до околу 60 км/час, пишува метеорологот Славчо Попоски.

Од утре до сабота времето ќе биде сончево со повремено мала до умерена и умерена локална облачност а особено на планинските места но и на оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за сосема краткотраен дожд и услови за ретки грмежи.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвеж ден ќе биде четврток кога максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 21 до 28, 29 степени додека наутро особено ќе биде посвежо кога минималните температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се спуштат до околу 20 степени.

Најсексапилните парови според хороскопот

Што хороскопскиот знак открива за нашите сексуални афинитети?

Припадниците на хороскопскиот знак Лав се палат на жесток секс, Шкорпиите се ненаситни, Близнаците и Овновите се мајстори за секс набрзина, Водолиите и Јарците сакаат секс играчки.

Овен
Сака да покаже доминација и во креветот. Сексуална енергија има на претек и многу е страствен. Ги сака сите пози каде може да го диктира темпото и да го потчини партнерот. Добро се сложува со сите огнени и воздушни знаци.

Бик
Бикот е исклучително сексуален, има способност да почувствува што е тоа што најмногу го возбудува партнерот. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Шкорпија, како и останатите водени знаци.

Близнаци
Близнакот не спаѓа во групата на сексуални знаци, но умее да изненади. Неговото најсилно оружје е уметноста на заведување. Сака да зборува во текот на сексот. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклупува со Стрелецот и Водолијата.

Рак
Ракот е исклучително чувствителен знак кому му е потребно да сака за да може во сексот да ја покаже својата нежност и уметност. Во спротивно, нема да биде баш инспириран. Позите кои ги сака се оние во кои може да има близок контакт со партнерот. Му одговараат земјените знаци.

Лав
Желбата да биде најдобар не го напушта ни во сексот – секогаш е подготвен на сѐ. Сака жесток и активен секс и пози во кои може да надгледува. Му одговараат знаците Овен и Вага.

Девица
Овој знак има потешкотии да се опушти за време на сексот, така што му одговараат класичните пози. Добро се сложува со Јарците и Рибите.

Вага
Ужива во заведувањето и во сексот има многу побарувања. Смета дека го заслужува најдоброто, а партнерот исто така ќе добие потполно уживање. Ги сака позите кои ги откриваат сите способности. Добро се сложува со знаците Овен и Водолија.

Шкорпија
Во врската сексот е најважен за овој знак, па во креветот одлично се покажува. Сака необични пози. Си одговара со Бик, Риби и Рак.

Стрелец
По природа е ладен така што ги сака конзервативните пози и позите во кои партнерот е доминантен. Се сложува со Шкорпиите, Биковите и Раковите.

Јарец
Во креветот е многу слободен и оргинален, но исто така е склон кон чести авантури. Го возбудува сѐ, а особено провокативен изглед. Најмногу ги сака позите во стоечка положба. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.

Водолија
Овој знак во сексот сака сѐ и секогаш е отворен за иновации. Од сето она од што другите можеби се срамат, тој не. Го возбудува шепотењето. Се вклопува со Близнаците и Огнените знаци.

Риби
Во креветот умеат да направат вистинска магија. Особено ги возбудува мазење на стопалата и страстен бакнеж. Најмногу им одговараат Раковите, Шкорпиите и Девиците.

За холивудска насмевка, сипете само една состојка во популарниот напиток!

Додавањето на млеко во чајот е всушност британски културен феномен, додека ние во Македонија го пиеме во поедноставен облик.

Евентуално додаваме мед и лимон.

Сепак, според едно истражување објавено во магазинот International Journal of Dental Hygiene, праксата на додавање на само малку млеко во чајот би можела да ви помогне за да си ги избелите забите.

Некои научници мислат дека токму оваа комбинација е помоќна и од најдобрата паста за избелување на забите или од останатите стоматолошки препарати.

Всушност, главен виновник за ова чудотворно дејство е млечниот протеин казеин. Кога тој ќе се измеша со танините од чајот, се спречува настанувањето на темни дамки кои што се појавуваат на забите.

Најчитани

Твитови