Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?

Сакате долга коса но не помислувате на кратење на истата. Важно е да ја кратите косата редовно ако сакате побрзо да ви порасне. Скратувањето не само што ќе ве ослободи од оштетените и распукани врвови, туку ќе ви помогне и да го одржите здравјето на косата.
Не заборавајте го регенераторот
Постои мит за тоа колку долго треба да го оставите регенераторот да делува, и тој мит е лажен. Спротивно на популарното верување, тој веднаш делува на косата. Покрај тоа ја штити косата од пешкирот додека е влажна. Немојте да мислите дека регенераторот е наменет само за некои видови коса. Потребно е да го користат сите.
Магични состојки
Пиво. Обидете се да го зовриете. Откако ќе зоврие додајте го вашиот шампон во него и измијте ја косата. Можете да го правите ова 2-3 пати неделно. Шампонот со пиво ќе ги отстрани сите нечистотии од косата и е одличен регенератор.
Неделна грижа со масла и маски
Маската или маслото за коса треба да ги користите еднаш неделно. Маслото нанесете го на сува коса и потоа лесно ќе можете да го отстраните со шампон. Можете да користите состојки како мед, лимон, авокадо, маслиново масло и сок од кромид за да направите маска за коса.

Правилно сушење на косата
Жените често ја врзуваат косата во пешкир после миење, но ова ја оштетува. Ако се обидувате да ја пораснете косата, држете се настрана од апаратите за обликување со топлина како фен и пегла. Секој вид топлина ја оштетува косата. Најдобро е да користите фен кога косата е барем 60% сува. Исто така нанесете спреј за заштита од топлина.
Дозволете ѝ на косата да дише
Ако сакате да порасне, немојте да ја врзувате косата. Влечењето предизвикано од врзувањето може да ја оштети. Косата е склона и кон инфекции кои го намалуваат нејзиниот раст. Па, потребно е одвреме-навреме да правите третмани против нив. Друго важно нешто е покривањето на косата. Топлината од сонцето може да ја оштети и вашата коса, не само кожата.

Поретко миење
Вистина е дека чистата коса расте побрзо, но честото миење нема да ви биде од многу помош. Секојдневното миење може да ја исуши косата и да ги отстрани природните масла. Исто така нежно масирајте ја главата додека ја миете или чешлате вашата коса.